1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Chiαrα Ferrαgni

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Rose96, 20 март 2011.

  1. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Вишок пари што најверојатно и пречат в џеб :D Јак стајлинг , сличен како мојот , прв пат ја глеам а мене тешко да ме импресионира нешо од прв пат па ептен е добра ! 8)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За мене не е стил да одиш и да купиш Џузепе Заноти чевли, фустан од D&G и Hermes чанта, да ги ставиш на себе и луѓето да паднат на гз од твојот добар стил. Затоа што стартото правило гласи: Стил со пари не се купува. Нормално, ако имаш пари, ќе си дозволиш подобри парчиња, ќе ги комбинираш со уште поскапи парчиња и ќе навлезеш во шаблонот, се да е брендирано, а небитно како комбинирано.

    Е ова го кажувам заради девојкава. Има среќа да е родена во добро ситуирано семејство, од фул тајм манекенка се претвори во глобално позната блогерка, и праќаат парчиња само да ги носи и промовира, ја викаат на отварање на продавници низ цел свет.... баш сон на секоја девојка.
    И го пратам блогот многу долго, со тоа што вече два месеца немам желба да и ги видам комбинациите.
    Се на неа е толку брзврска облечено, но нели вреди стотици и илјадници долари, а изгледа баш plain. Да не кажам дека постојано варира со „стилот„ од лејди-лајк до гранџ, од Шанел брошеви до костурски глави на памучни маички, од кежуал варијации на стрит стајл до висока мода на Милано fashion week. Значи нема константа, како другиве блогерки, или подобро кажано, нема стил. Она ми е како Ким Кардашијан во виртуелен свет, во однос на модата секако.

    Мистерија ми е како стана толку популарна, кога локалниве блогерки имаат ппоубави, посмели, поживи, покреативни комбинации и подобар сенс за комбинирање.

    Е баш за вакви глупи комбинации зборувам.
    Па и да не сум некој релевантен фактор во модата, можам да заклучам дека ова не е стил....
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Подобро би било да се држи до ова
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Hipster и Edie.S им се допаѓа ова.
  3. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    Одвреме на време ја пратам Кјара и има огромен гардеробер и многу брендирана гардероба, но сметам дека го има постигнато успехот благодарение на богатите пријатели, дечко и најмногу на нејзиниот прекрасен изглед. Има убаво тело, прекрасен лик убава коса и многу е фотогенична. Инаку комбинациите не и се нешто премногу иновативни.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Toлку е досадна да ми станува антипатична.
    Уште одамна имам кажано дека нема креативност.
    Нејзиното блогерство се сведува на ПАРИ.
    Имаш пари, имаш облека, имаш блог.
    Па таа секоја недела е во некој светски град, со 3 куфери дизајнерски подарени парчиња и се облекува УНИФОРМИРАНО.
    Мајка и е писателка и има блог за патувања.
    Сестра и исто ја има чат пат на блогерството.
    Дечко и е богато момче кое си го промовира.
    Мене нејзиното семејство ко да ми пати за 5 минути слава. Ама они си знаат.

    Абе искрено ја боли таквото што ние какаме дека обично се облекува кога секој ден милиони девојки ја гледаат, сакаат да го носат тоа што таа го носи, а тоа и носи и неа и на дизајнерите пари.
    А пари најчесто носи нешто искомерцијализирано.
    А креативните блогерки со навистина уникатни стилови за жал никогаш нема вака да просперираат и да дојдат до нивото на оваа "плава салата" зашто не се униформирани и не сите би го носеле тоа што тие го носат.

    Шуќур вчерашната комбинација од Бурбери ивентот и е супер. Обично се прозевам на нејзините комбинации.
    [​IMG]
     
    На Edie.S и Rose96 им се допаѓа ова.