Имаш на Битпазар, јас видов кај што имаат поставено тезги на тротоарот таму кај што е автобуската, близу самиот пазар. А сигурно имаш и на пазарот. Имаш во Стадивариус, Бершка, ама таму се сигурно доста поскапи. Овде беше 50 денари едно.
Низ историјата еве http://puls24.mk/zanimlivosti/zanim...-coker-lancinja-otkako-ke-doznaete-sto-znacat А денес лепат етикети на девојките што носат чокери - тоа било црн појас за пушење... (не цигари). Па подобро да носам убаво златно ланче отколку чокер и да ми се дофрлаат такви глупости. Зборувам за себе секако, ако на други не им смета слободно нека носат.
Мене ми се глупост тие муабети, а еве и зошто... Тоа што ланчињава беа посебно популарни кај девојките со "послободен дух", не значи дека треба да се лепи етикета на сите што ги носат Едит: да не ме сфатиш погрешно, не те напаѓам, туку само се надоврзувам на твоето мислење.
Во погрешен контекст ме разбра ...не е интересно изгледа како од затвор да се сите излезени..ама океј ако некој се осеќа убаво во нешто нека си носи..секој со стилот..никаква осуда
Машките што зборуваат дека чокерите се црн појас за знаете што очигледно премногу слободното време што го имаат го поминуваат пред компјутер и гледаат филмови за возрасни каде актерките носат такви и од таму произлегува таа теорија во науката за машкото вадење муабети. Во деведесетитте беа премногу популарни, тогаш мали бевме, а не знам дали татковците и чичковците тогаш мислеле како овие машките денес дека чокерите биле за тоа ? Од кога ви е важно што машко ќе каже ? Како може според ланче за на врат некој да те дефинира и да ти го опише сексуалниот живот и тоа каква си ти како личност ? @Gosh убава колекција
Шеги и дофрлања за денешните чоукери и нивната поврзаност со промискуитет ми се одраз на лоша смисла за хумор. Многу лоша смисла за хумор. И ептен ми е безвезе ако на некоја девојка ѝ се допаѓа нешто и ѝ се вклопува во стилот што го негува – да не го носи оти е мејнстрим и го носат сите. Уште повеќе па да не го носи само заради можноста некои неизживеани сељаци без трошка култура да ѝ дофрлаат. Немојте девојки, ве молам Инаку, имам пишано во темата за модни трендови – јас лично немам купено и носено бидејќи немам баш идеја со што од тоа што носам би ги комбинирала, а и мислам дека вакво нешто за на врат би ми било неудобно (малце терсене сум ). Ама на девојки што знаат да ги искомбинираат ми изгледа баш кул
Ги имам добри 7-8, ги носам. Ороспија со тапија, што да кажам. Муабетиве по нет само ги читам, во живо не сум видела некој/а да гледа женски со чокер попкеру... освен ако не е со некоја доза завист. Реално, некои стварно изгледаат смешно и не им личи, ама тоа не е причина за глупи муабети. Некои изгледаат стварно јако и моќно, целата комбинација ја прават 10 пати подобра, па сега кому не му стои, фак ит. Исто ко јас за фуфи да ги сметам овие со гол грб пошто имам белези од акни на мојов. Нонсенс. А потресов па дека мажиња ќе ве сметале ороспии. Ох... не со чокер, таквите со волнени, подмочнати гаќи би ебнале нешто од очај, него ај. Ко да ви треба внимание од некој што има такво глупо мислење. Нека дојде во фаца да каже. Како му иде муабетон: - Ејјјј, знаеш што викаат, чокерите се црн појас во пушење, хехехехе... - Море ако те фатам, ќе ти го испушам ја убаво!
Имам само еден чокер и сеуште не сум го носела, а и незнам зошто го купив дали и ќе ми стои. Џабе пари го купив така да не му се секирам многу.
Имам 10+ чокери и многу ми се допаѓаат ги имам купено од битпазар по 30 денари ,гледам феминкиве некој пишале дека купиле и не ги носат ако сакаат може лп да ми пратат слики од чокерите ако ми се допаѓаат па да ми ги продадат.