Форумџика на годината 2020

Chris Brown (Крис Браун)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Trendafilka, 23 март 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Девојки, колкумина сте обожавателки на ова ултра талентирано момче?
    Дали епитетот woman beater го смени вашето мислење за него?

    Со 4 издадени албуми досега и петтиот во тек
    Chris Brown (2005)
    Exclusive (2007)
    Graffiti (2009)
    F.A.M.E. (2011)
    Fortune (2011)

    Крис Браун е еден од најквалитетните млади РнБ изведувачи во светот.

    Јас лично многу го почитувам и нападот врз Ријана апсолутно не го смени моето мислење за него како изведувач.
    Ми се допаѓаат песните, стилот, кореографиите и играњето, момчето е страшно талентирано.
    А не е ниту лош глумец.

    Дали кариерата му е во опаѓање или е попопуларен than ever?
    http://www.youtube.com/watch?v=w6QGe-pXgdI
    http://www.youtube.com/watch?v=kta9If-s ... ure=relmfu
    http://www.youtube.com/watch?v=3yl-5FOZ ... re=related

    А тука најубаво може да се види неговиот талент и посветеност кон работата.
    http://www.youtube.com/watch?v=Uvo2JU9yX-c
     
    На Осамената09, TheKiketoo, BeYourself и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Chris Brown [Крис Браун]

    Крис Браун повторно насилен, скршил прозорец по интервју

    Крис Браун експлодирал од лутина и бес, скршил прозорец и ја искинал својата маица по интервју во емисијата „Good Morning America“.
    21-годишниот пејач избувнал откако му беа поставени неколку прашања во врска со инцидентот со Ријана.
    Крис Браун полугол излегол од згрдата кадешто било одржано интервјуто
    За време на интервјуто кое било пренесувано во живо, водителката Робин Робертс започна да го испрашува Браун за Ријана и забраната за приближување. Познатиот рапер неколку пати се обиде да го пренасочи вниманието од Ријана кон својот нов албум и да ги избегне прашањата, но не успеа.
    Иако водителката потврди дека Крис одобрил да биде интервјуиран за ситуацијата со Ријана, добро се гледаше дека е вознемирен поради тоа.
    По завршувањето на емисијата, Крис со стол скршил прозорец, ја искинал својата маица и излегол од зградата.
    превземано од Фемина

    Јас него го сметам за насилен маж, маж кој не ја почитува жената, маж кој треба да оди на часови по контролирање на гневот дефинитивно.
    Не го ценам ниту како човек (туку ми се гади од него, иако не ја обожавам Ријана), ниту како музичар.

    Кратко време по инцидентот, Браун напишал на Twitter дека му е преку глава од тоа луѓето да го спомнуваат неговото минато.

    Еве го и краткото интервју:
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
    Chris Brown [Крис Браун]

    Да не се повторвам, се согласувам со се што има напишано Trendafilka, еве нешто од него.

    http://www.youtube.com/watch?v=3mC2ixOAivA
     
    На HeartlySmile му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    6.200
    Chris Brown [Крис Браун]

    На прв поглед,навистина изгледа како нежно момче,со голем талент,но кога почна ова со Ријана ,сите го осудија...
    Сите славни имале испади,можеби е под стрес,а тоа што реагирал за неговото минато,значи дека пробува да се смени,но сепак тоа што му ги спомнуваат минатото не му дозволува.Можеби треба поголемо трпение да има ,но тоа е тоа...
    На крај краева,дур има убави песни,и прави добро шоу,на никој нема да му смета каков е во приватниот живот...И за тие што викаат дека им смета,дека смениле мислење за него,сигурна сум дека сепак го слушаат :)
    Мое мислење,супер е дечкото,иако нервите му се сецнати :lol: :)

    http://www.youtube.com/watch?v=5sMKX22B ... re=related
     
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    2.849
    Пол:
    Женски
    Chris Brown [Крис Браун]

    Јас лично го обожавам. Еден е од ретките кој што успеал да го задржи моето внимание еден подолг период. Неговите песни не ми се од оние кои ги слушаш 2 дена интензивно,нон стоп,а после ти здосадуваат и скроз ги забораваш,него баш напротив. Неспорно е дека дечкото има огромен талент за музика,одлично игра,одлични песни има,се проба и како актер и таму доживеа по некој успех и тоа е тоа што мене ме засега,а би требало и вас.
    Тоа што има неколку испади по ред,не е воопшто мерило за тоа што го прави,тоа си е негов приватен живот. Па побогу,набројте ми една јавна ултра популарна личност која што нема испад од било каков тип.
    Не треба светот да суди по една негова погрешна постапка,важното е дека Ријана му прости,не треба сега ние да се правиме паметни и да го осудуваме. :x

    Инаку,моја омилена песна од него е With you! Малку е постара,ама стварно вреди и не верувам дека постои човек кој не ја знае. :)
    Тадам линкот:

    http://www.youtube.com/watch?v=nmjdaBaZe8Y

    :inlove:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Chris Brown [Крис Браун]

    Трендиии цело време ми ги погодуваш омилените пејачи :* :* :* Уффф ГО САКАМ КРИС БРАУН!!! :inlove: 4EVER IN LOVE WITH HIM :) Ја обожавам неговата музика, неговото секси гласче :inlove: Р&Б ми е омилена музика, а Крис ( Како и Ни Јо ;) ) го слушам постојано, преку ден, кога одмарам, кога сум тажна, кога сум среќна, пред легнување.. Има баладички што ги слушаш кога си нерасположен, има песни што ги слушаш кога си заљубен, има и такви што те терат да станеш и да играш до бесвест, едноставно секој може да се пронајде во неговата музика, има песни за секакви ситуации и расположенија. Мислам дека имаше 17 год кога се појави со првиот албум и од тогаш па до сега сум негова обожавателка и ништо нема да ми го смени мислењето за него. Кога се случи инцидентот со Ријана, во ниеден момент не престанав да го сакам или да го осудувам, не викам дека е добро тоа што го направил, ама сите прават грешки. Како слушател не е мое да го осудувам неговиот приватен живот, туку да го ценам според музиката што ја прави. А од тоа што го слушам од него сум презадоволна и со сигурност можам да кажам дека е еден од најталентираните изведувачи што постојат моментално на светската сцена. И двајцата имаме ист омилен пејач - Мајкл Џексон :) Тоа е човекот на кој Крис Браун највеќе му се восхитува.
    Сега излезе новиот албум FAME го преслушав целиот има прекрасни песни, баш вчера прочитав дека се наоѓа на прво место на Itunes во Америка, што значи фановите го сакаат и не им е битно што зборуваат медиумите за него. А што се однесува до интервјуто во Good morning America од пред некој ден, го гледав и стварно беше нервозно тоа што водителката упорно го прашуваше за Ријана, а не за новиот албум.
    Не знам кои песни да ги постирам, затоа што сите ми се омилени :)
    Loyal Chris Brown's fan! :l:
    http://www.youtube.com/watch?v=XPHIr9gG ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=rhBwt9mw7Sk

    http://www.youtube.com/watch?v=tlnMVb2XVVk

    http://www.youtube.com/watch?v=kzukKX4fuHI
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Chris Brown [Крис Браун]

    Kiddo со огромен талент за играње. Како танчер е неверојатно добар и ме остава без здив :bow:
    И тука завршува кај мене :?:

    Мислам дека како музичар е дел од толпата од која ми е во последно време искрено преку глава. Нитуедна песна не ме возбудила ниту оставила трага кај мене до толку што би ја запамтила, за жал :(
    А најголемо промашување, барем лично според мене, му е оној Lil Wayne во скоро секоја негова песна, ужасно ме нервира неговиот глас :wasntme:

    Не знам, едноставно мислам дека на музички план доколку не би постоел, музиката немаше да биде екстремно многу посиромашна.

    А како глумец - за жал го имам видено само во серискиот O.C. и таму ми беше исто просечен.

    Не знам дали е до мене или до нешто друго, но општо на музички план премногу ме разочаруваат овие ѕвездулиња кои никнуваат од никаде и прават буквално музика по нарачка, така да не оставаат некоја голема трага зад себе. Сепак Крис соработува со продуценти кои творат големи хитови.
    А голема е веројатноста да е до мене, ма едноставно сум љубител на стариот хип хоп и на музичари како Принс, така да овој понекогаш електронизиран R&B за мене не е тоа вистинското.

    Можеби или поточно, несомнено е дека е талентиран, не е дека е без ич. Можеби допрвин ќе направи нешто што ќе ми го одземе здивот, не дека нема да му дадам шанса - но сега засега сакам да го гледам само како игра и тоа ми е доволно :)
     
  9. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.280
    Пол:
    Женски
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
  11. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    Chris Brown [Крис Браун]

    нас не треба да не интересира приватниот живот на Kрис,он за нас е пејач,не ни е ни другар и ријана не ни е другарка или сестра и со ништо нас не не погодува фактот дека ја претепал ријана.човекот има стварно добри песни,ја обожавам неговата музика и апсолутно не променив мислење после скандалот со ријана.

    http://www.youtube.com/watch?v=-MXOspWx7ic
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Chris Brown [Крис Браун]

    Ми се допага филмот-Stomp the Yard
    таму ми се крис и не-уо
    инаку, најомилени
    Run it
    Say Goodbye
    Superhuman (ft. Keri Hilson)
    No air (ft. Jordin Sparks)
    Look at me Now (ft. Busta Rhymes & Lil Wayne)
    Wet the Bed (ft. Ludacris)
    I wanna be
    Deuces (ft. Tygga)
    Holla at Me itn itn itn :l:
     
  13. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Chris Brown [Крис Браун]

    Јас неговите песни не ги слушав а додуша знаев само дека постои некој Крис Браун, дека е пеач и тоа. Саламската слушнав за него по инцидентот со Ријана, кој што створи негативно мислење спрема него.

    Имав прилика да го запознаам лично, и човекот е многу фин и многу мил. Од тогаш мислењето ми се смени но сепак не го оправдувам неговото агресивно однесување. Но никој навистина не знае што се случило тогаш со Ријана, освен тие двајца. Знаете како велат, паричката има две страни. :)

    Омилени песни од него:
    Look At Me Now - ft. Lil Wayne and Busta Rhymes (морам да се пофалам, ја знам песнава цела на памет :$ )
    With You
    Yeah x3
    Wet the Bed
    Next to You ft. Justin Bieber
    итн..
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Уште еден мултиталент во плејадата вакви. |(

    Ако земам се во обзир, каде влегол што направил и како, најмногу ми се допаѓа како танчер.
    Гласовните способности мислам не се особено добри. Не дека нема други со таков глас.
    Во приватниот живот не навлагам, ниту мислам да го судам. Прво горе гледам forum.femina.mk ‹ Забава ‹ Музика ‹ Групи и изведувач, второ затоа што не би знаела што му се случува/ло и како.

    So cold ми е омилена песна од него.
    Ми помогна во тежок период од животот.
     
  15. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Фан сум, loud & proud! ..И покрај ова
    [​IMG]
    - не ми смени ништо. Секогаш има две страни на приказната, не? Музиката му е се уште иста, ама угледот и те како му се влоши.
    Како и да е, тоа што го направи не го намали неговиот талент.
    Го сакам поради тоа што е - спој од одличен пејач и уште подобар танчер. Ма го обожавам!

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 6QGe-pXgdI

    Team Breezy! :rock:
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    He's so cute :l:

    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=7V2GzYcRK9E&ob=av2e

    THIS VIDEO IS DECICATED TO THE ONE AND ONLY KING Michael Jackson!
    Песната е преубава.
    Ја обожавам неговата музика, премногу ми се допаѓа тоа што секоја можна прилика ја користи за да ја покаже својата неизмерна љубов и благодарност кон Мајкл Џексон, не само сега по неговата смрт, туку уште додека беше жив.
    Во 2010 на BET Awards Крис настапи со Tribute performance за Мајкл Џексон и на сред песна се расплака :( многу емотивен настап
    http://www.youtube.com/watch?v=2AruGSRxqc4

    Ова е настап од 2007 MTV VMA, каде што Крис повторно во својот настап внесува песна од Мајкл Џексон
    http://www.youtube.com/watch?v=ptXtT0ZeMZQ

    Ова е перформанс од 2006, Крис ја изведува Трилер од МЈ.
    http://www.youtube.com/watch?v=2sUAtcjX ... re=related

    Во сите негови интервјуа, истакнува дека најголема инспирација за играње и создавање музика, му е единствениот и неповторлив Мајкл Џексон.
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
  18. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
  19. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  20. MissBreezy

    MissBreezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Вервај дека има :lol:

    Сериозно, никаков инцидент не би можел да ми го промени мислењето за него. Team Breezy`05 - present.
    Неговите вистински фанови останаа покрај него и го направија посилен кога успехот му висеше на конец. Тој си ја отслужи казната пред законот и доби стручна помош за да се справи со агресивноста. Сепак е човечко суштество, ако оној кој требало му простил, а и тој сам себе си, кои сме ние да солиме памет? Само мака ми е кога на радио ќе чучам песни како "S&M", "Rude boy" итн., а неговите од типот "Beautiful people", "Yeah 3x" кои шират позитива се запоставени. Тоа е резултат на денешното општество, тие што го осудуваат нека застанат за миг и да се прашаат што добиваат од тоа и дали ќе ги направи нив подобри личности.
    Не сакам да навлегувам во проклето неправедната работа, па ќе си зборам единствено за него. :)
    За мене нема ден без него и неговата музика. Секогаш сум во тек со најновите информации, внимавам кога излегуваат последните видео спотови и општо новата музика.
    А и многу ми е сладок, мајке ми :wasntme:
    Мило ми е што порасна да биде таква одговорна личност како што е. Уште подобро, сето тоа го пренесува на фановите, инспирира и поттикнува да направиш нешто повеќе од себе. Мајка му е срцка, голем верник во Господ, исто како него и баш се радувам што после толку тешки периоди од нивниот живот како семејство успеваат да веруваат дека ќе го остварат она што го наумиле.
    Има љубов за своите верни фанови како никој друг. Постојано се појавуваше на ustream со видеа во живо додека се дружи со најблиските, промовираше, го наслови последниот албум Fans Are My Everything/ Forgiving All My Enemies (F.A.M.E.), нас како фанови не назначи за ко-продуценти на истиот албум, постојано вади музика слободна за спуштање и има успешни светски турнеи и концерти целосно распродадени. Кога светот му го сврте грбот фановите беа единствените со кои можеше да разговара се додека не ја поврати довербата кај другите луѓе и ја доби заслужената прошка. Остана лојален и ние му останавме лојални нему и во најтешките денови. Многу ми е мило што се оттргна малку од твитер, бидејќи местото е измислено за луѓе кои немаат што да прават во животот и потценуваат славни личности.
    Крис е просто кажано мулти-талент. Покрај пеење и играње, тој глуми, црта, свири на гитара, црта тетоважи, игра кошарка, може и да рапува, поседува се што му треба на еден модел..
    А карактерот.. секогаш насмеан, откачен и позитивен.
    Одвај ги чекам Греми наградите бидејќи е номиниран 3 пати и мислам дека конечно заслужува да земе барем една награда. 2011 беше негова година, а и следнава ќе биде нешто слична, полна со успеси да се надеваме.
    А, и продуцент е на видео спотот на Wale и Big Sean наречен Slight work. Баш сакам да видам како испаднал :) ..песната е топ! Се заразив уште пред да дознаам дека Крис ќе го снима спотот.
    И албумот Fortune ќе излезе во март, па моментално е при крај со подготовки, фотосесија за албумот и последни едитувања на песните. Веќе откри дека ќе експериментира нешто, па имал и некоја дабстеп песна во план.
    Ако некој бара причина зошто го обожавам човеков и покрај се е затоа што дава се од себе и го вложува сиот свој труд и останува верен на тоа.
     
    На Fallin-ForHisSmile, Breezy и plavata212 им се допаѓа ова.