Многу форумџики ја гледаат серијата "Gossip Girl", иако за жал кај нас не ја емитуваат, се снаоѓаме некако. Јас го обожавам Chuck Bass! Како лик од ТВ серија ми е совршен, ми претставува поим за совршено машко (секако само да го тргнеме однесувањето на почетокот од првата сезона и повремените глупирања кога е повреден ), почнувајќи од стилот до тоа како се однесуваше кон Blair во трета сезона. Знае да ги прикрие чувствата, не се дава лесно, но кога го имаш способен е се да направи за таа која ја сака. Што се однесува до стилот, елегантен, секогаш среден, кошулче, машна, косата во стилот на стар Холивудски гламур. Совршенство! А да не заборавиме дека има и манири кон сите што заслужуваат почит. Ed Westwick е друга приказна, тој само го толкува ликот на Chuck Bass, но да не заборавиме дека го доловува одлично ! Што мислите вие за Chuck Bass? Spoiler Нели е совршен? Ајде доволно слики беа. Иначе морам да кажам дека сум забележала машки кои се облекуваат како него тука во Македонија. Тоа значи две работи: 1. Гледаат Gossip Girl. 2. Го почитуваат Chuck и неговиот стил.
Јас денес почнав да ја гледам серијава и изгледав 5 епизоди, до вечер можеби и 6та ќе изгледам , ако постигнам . И ми остави многу лош впечаток, ме иритира, па можеби понатаму ќе сменам мислење затоа што често ми се случува . А за стилот, елегантност да, ама не по мој вкус.. мислам не знам .
I don't want Prince charming I want Chuck Bass too! А и да и дадеш на девојка Принц Шармантен ќе го исцеди и ќе и здосади. А вакви мотатори, муватори, шалабајзери и слични женообработуватели - никогаш доста. Не дека е човекот, уау лепотан, баш напротив, тие потезите со устиштето радо би ги премотала и радо усните на друг дел од телово би ги преместила. И веќоподигнувањето sucks! Дотерувањето... хммм, мора доброто утро големо да биде, нали? Во врска со однесувањето... епа совршено безобразен е. Не е безобразен со женската, а умира по неа истовреме / безобразен е, само од потреба. Не е како нам познативе дечкофани, безобразен само колку да те тера да го почитуваш. А дека се заљубил и се правел за љубената - е тоа ти е, живо суштество, секој може да се збуни.
ЦЕЛОСНО истиот впечаток го имав за него кога почнав да ја гледам серијата. Најпрвин воопшто не го сакав, како ме нервираше, ауу, појма немаш. Ќе видиш накај 8-9та епизода колку поинтересен и поубав ќе ти станува. Едноставно е зараза. Да не ти откривам премногу, уживај во серијата. Ќе ја обожаваш, а и него!
Сакам да ми е дечко Не е убав ама ИЧ, али пука од харизма. Знае да сака, знае да изневерува, ама пак ја сака и тогаш бе Интриги, игри, иронија, инат, љубов и пак љубов се има кај него, во врска да си со Чак Бас никогаш нема да ти е здодевно. Само ќе ти обеле косата од нервози Aли кога ќе се сетам со која оди во приватниот живот ми доаѓа бокс да му мавнам. Ќе го нокаутирам бре. Во спојлер ќе ставам за да не ги гледам секогаш кога ќе ја отворам темава Spoiler КУЧКА! дополнителна причина што ја мразам Ах да и одлично глуми, ептен ме бендисува, супер лик. Да го немаше него во оговарачкиве ќе беше досадна серијава. Кога ќе споредам кој глупчо е другарму Нејт, Чак е за него Бог.
Браво за описов. Воопшто не ја сакам и јас Jessica Szohr. Не му стои некако. А читав некаде дека кога имале повремено раскинато, дека било тоа заради што таа го изневерила со неговиот најдобар другар. Кој го изневерува Ed Westwick?! Како не го имам јас, нема да го испуштам од пред очи. И да, Нејт е некако изгубен, особено таков му беше претставен ликот во прва и втора сезона, сите го шуткаа како сакаа.
Како лик во серијата е многу добар,фраер е нема што,има стил и се,ама јас не сум од тие што паѓаат во несвест по него,ич не е мој тип на мажи јас сакам по спонтани он ми е некако многу формален и комплициран,шознам.А и тие фаците веќее... четири сезони одвратен ми стана добро е што во последниве епизоди не е баш во центар на внимание
I don't need Prince Charming on a white horse, I need Chuck Bass in a black limo! Што да се каже за ваков лик ?! Се е веќе кажано во првите коментари (да не се повторувам) ... колку би сакала еден ваков па макар и без коса да останам Си го гледам во серијата и си воздивнувам понекогаш .... оххххх....
За убав, не е посебно убав, особено во првите две сезони, сега е веќе постар па друго е. Ама како што некој спомена, има човекот харизма, привлечен е, ама сепак и улогата му е таква-моќен е, на 20 години демек бизнисмен, опкружен со жени.Мислам дека и Нејт да ја имаше неговата улога, ќе паѓаа девојчиња на колена по него. Како и да е, на ниедна не би и бил на одмет
ми се чини или јас сум единственото Femin4e шо не го има гледано филмов????? толку ли е добар филмот? ама да почнувам сеа од почеток касно е сериски филм па и во неколку сезони не се гледа за 2 саати..
Многу добро оформен лик беше на почетокот од ГГ. Баш оригинален, негативец што не можеш да не го сакаш. Сега е целосна спротивност, го упропастија во последните сезони. Мене ми е убав бе, и како Ед ми е убав, иако има баш смешно тело Spoiler Облечи си костум.
Да да недепилиран е тоталка. А многу сака да си ги покажува влакнестите груди Spoiler Човече те молам не ги носи овие маички Мене да ми го покажат Ед ќе речам еее просечен дечко, речиси неубав. Ама Чак Бас ме фасцинира Колку се палам на мужи у костими тоа е чудо Најсекси облека за маж ми е костум, оделце, боже колку се само привлечни тогаш
Абе дали е до мене, ама ич не ми свиѓа, има нешто антипатично во него, може погрешно ќе се изразам, ама како геј ми е хаха
Како што напиша rossonerka, сака да си ги покажува влакнестите гради, типичен Британец. Па уште кога зборува со британски акцент, ааааахх, совршенство. Иначе, Diamond, никогаш не е доцна да почнеш да ја гледаш серијата. Брзо ќе ги изгледаш сите 4 сезони, бидејќи како зараза е, не можеш да прекинеш да гледаш. Иначе до каде сте со епизодите? Јас ја завршив 4та сезона и сега се чека на есен 5ката.
Уф, ја би го плеснала Chuck Bass. И тоа како. Неколку пати. Ок си е типот, ама не мора да го издигнуваме до границата на БОГ. Инаку, си зборува со британски акцент у приватен живот и е уште посекси и пофин.
Ако зборуваме за ликот на Чак Бас, јас би го фатила, Spoiler би го е*ела хард кор два дена и би избркала од дома. А вака у приватен живот каков е, не ме привлекува.
Совршен ми е !! И убав ми е и во серијата и надвор од неа, секако во серијата ми е поубав. Е да знајте што му мислам Лепотан !!