Сепак големо НЕ! И си честитам затоа што конечно знам кој е типов кој го зборат. Ај што се мачев да ме заинтригира серискиов - не успеа, него и типов толку ужасно ме иритираше со самата негова појава. Знаете има луѓе кои ве тераат да се фатите себеси во грч затоа што ви се непријатни од некоја причина. Чудни се in a creepy kind of way дури и се плашите да кажете зошто затоа што не дај боже имаат вродена маана за која не се виновни но на вас ви е непријатно да ги гледате. Е овој е баш таков. Кутриот (не дај Боже пу пу) ко со маани ми е, како недораснат, односно како 15годишно дете кое сака да се прави возрасен. Каков шарм, каква харизма? Стокмен ко да поседува приватна штала за лижење. Не знам што има харизматично у тип кој е беспрекорно стокмен па плус и не му стои ама ич. Изгледа, односно сигурно е прашање на вкус, ама сакам мажествени мажи, а не деца што си мислат дека се мажи. Има млади дечки за кои можам да речам, ој срце тој - да имав 10 години помалку ќе го сакав. Кај овој кутриот ни тоа не можам да го кажам.
Не знам шо тоа точно треба да има лик од филм/серија за да биде совршен, искрено. Плус збор "најсовршен", малце... Not. Не може да е нешто НАЈсовршено. Чак си е ок, убаво дете, серијата содржински е длабоко дебилна, но ја гледам ради Блер и Серена и парталчињата. Немам омилен лик, вештачки ми се сите.
А мене пак ми се допаѓа токму несовршеноста на Чак Бас. Неговиот крут карактер, тоа што не искажува чувства, ама овие работи ми се допаѓаат само кај него не кај сите други
Мислам сите што сте ја гледале само првата сезона дека имате погрешен впечаток за него. Гледајте ја третата кога се со Блер во врска подолго време и ќе сватите зошто го сакаме. На сите нејзини барања одговара со ДА. Душичка ))
Во првата сезона ми беше одвратен..Но откако се заљуби во Блер е тогаш се се смени. Едноставно го ОБОЖАВАМ
Добро што ве привлекува кај овој за да го правите совршен? Мене ми е гаден , прво целотот тело му е чудно, низок, кус. Влакна е целиот и ништо не го прави убав. Нејт е многу поубав и позгоден.
Имаш право не викам не, ако забориме за убавина Нејт сигурно победува... Но во дечково едноставно има некој шарм, нешто на кое неможеш да му одолееш...
Колку ми беше само одвратен во првтата сезона кога беше арогантен и не ја сакаше Блер, но окако ни се вљубија некако помил ми стана некако далеку ми од најсовршениот лик.
Прво-еw. Второ-само да се насмевне, пак- Трето-косата- Единствено очите му се убави, и погледот, се разбира. Според мене, толку може да се каже за овој what's his face
http://www.youtube.com/watch?v=KpzbaM1S ... re=related Абе шо фино момче, која мајка нема да го сака за ќерката? Мене надвор од серијата ми е дури попривлечен.
Не е совршен , но сепак има нешто во него, зрачи со харизма и сексипил. Шармер со убав стил на облекување, став, се што сака секоја девојка http://www.youtube.com/watch?v=BarXyN3f ... re=related
Лоши вести за сите обожавателки на Ед... Изгледа се смириле со оваа Џесика Spoiler http://www.hollywoodlife.com/2012/02/15/ed-westwick-jessica-szohr-dating-again/
Навистина не ми се допаѓа насловов на темава. Ќе се појави вака некој нов лик, ќе стане популарен со една серија и ајде сега, бил најсовршен лик на ТВ екраните. Многу е потребно за да станеш вистински актер. Ако темава се однесува на неговиот изглед, повторно сум против, но тогаш треба да се премести во Убавина и мода. Ништо посебно за мене. Можеби има нешто во него што ги привлекува девојките, но сепак...
Ед надвор од серијата ми се допаѓа мноооооогу повеќе, скроз е опуштен и прилично во рок стил, онака како што сакам јас Многу би сакала да го имам за другар, па и за нешто повеќе зошто да не Не е мој тип на момче физички, има мнооооооооогу поубави од него, ама како што веќе кажавте има специфичен шарм и харизма Не е совршен, но сепак е бонбонче
На изглед не ми е нешто посебно, а со оглед на тоа дека не ја следам редовно GG, и од таму ми нема оставено некој посебен впечаток. Дури и во неколкуте епизоди кои ги имам гледано некако ми изгледа многу неприроден и уфилман, е сега можеби таква му е улогата, ама мене не ми се допаѓа. Настрана од GG, немам гледано друг филм со него и не можам да кажам поконкретно мислење. Можеби ќе го поправам впечатокот кој го имам, ама дека е најсовршен лик на ТВ екраните - според мене сепак не!
Совршен? Далеку од совршен. Совршен лик во новиве серии не може да се бара. Прво ептен ми беше на кеф, во последнава серија го упропастија И малце глупо е некој на 20 год...БЕЗ ФАКУЛТЕТ изиграва страшно бизнисмениште со хотели, вложувања на берзи и слично... Тоа само на филм Нејт од друга страна... 1. Паметен 2. Добар 3. Помалку наивен, ама има некоја прикриена итрина во него 4. Знае како да се однесува со девојка 5. Забавен 6. Има супер стајлинг, посебно во последнава сезона, нема женско кое не сака машко во костуми... всушност од старт убаво се облекува 7. Кариерист, учи, се надополнува, има цели и амбиции и сака сам да ги постигне а не преку славата на тато, дедо исл... 8. Знае како да третира девојка и аман нека му најдат некоја како за него, некоја нова... Ниту Серена ниту Лола(Чарли) НОВА ! ај нека почнува новава сезона
Не е тој најсовршениот лик на тв екраните, улогата му е совршено измислена. Инаку, во реалниот живот не верувам дека постои некој таков сличен на него. Што се однесува на серијата, најсовршен (ако можам така да го наречам) ми е во моментите кога е со Блер. Таа го топи неговиот штит, кој тој го има пред другите луѓе. Мислам дека со неа тој е вистинскиот тој.