1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cindy Crawford вежби

Дискусија во 'Фитнес' започната од peperutka20, 3 март 2012.

  1. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Не забележав ваква тема па затоа решив да отворам. Јас иначе имам едно 15кг вишок за симнување. Почнав со диета пред неколку дена и добро ми оди сега за сега. Иначе ги правам вежбите на Cindy Crawford што ги најдов на јутјуб ама не се баш нај нај. Поделени се на неколку клипови по 10 мин. Дали некој знае каде можам да ја најдам цела програма ( бесплатно :D ) и дали некој ги прави овие вежби и дали е задоволен од резултатите?

    Поздрав феминки
     
  2. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Побарај ја преку торенти, ја има на повеќето страни. Пред година дена ги практикував вежбите дома, супер ми беа, на почеток напорни ама ако го фатиш редот немаш гајле, убаво ќе те запотат, три дена после тоа ќе те боли секое мускулче од телото :D Едно време коленото почна да ми испушта звуци за рѓосана квака па ме фати страв и под итно ги прекинав :tmi:
    Не се само овие вежби, правила исхрана, пешачење, спорт и без проблем ќе намалиш, само треба силна воља ништо друго :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не се баш нај нај :o Можно е, ако сакаш лесни вежби.
    Инаку има два дела од вежбиве, вториот дел е потежок и е за оние што добро го испраксирале првиот. Вежбите буквално се за цело тело и без болки во мускулите првите неколку вежбања, не поминувате :D
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас од Замунда ги симнав околу 2 гб сите делови беа.
    И мене ми беа супер, баш се добри вежбите.
    Сите мускулчиња ги вежбаш, првите денови ни да се смееш неможеш :D
    Имаш од 1992ра година тие трае 75 минути, а од 1993та трае 100 минути.
    И ново од 2000 тоа трае 72 минути, го немам симнато тоа.

    Мене ми беа интересни на почеток, вежбав околу месец до два 3-4 пати неделно, ама ми здосадни. Почнав со 4 пати неделно завршив со еднаш неделно.
    Дома вежбањето е тешко, се пентариш, те мрзи, немаш друштво, зјапаш у компјутер само и немаш стимул некако. Обично ваквите вежбања дома кратко траат. За разлика од пилатес, фитнес, аеробик друго е искачаш од дома вежбаш со луѓе, тренер подруго е.

    Ми се допаѓа кај снимкиве мислам беше во вториот дел покажува 10-15 видови на стомачни. Закон се.
    За долни, горни, странични топ вежби, откако почна да ме мрзи да вежбам си продолжив со стомачниве и има резултати и тоа одлични, треба да си ги почнам пак ;)
     
    На peperutka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Jас веќе ги вежбам овие вежби скоро неколку месеци да речам 4-5 месеци. Да во почетокот имаш болки но после поминуваат. Ама некако пушти еден клип па друг и безвезе ми е.Сега сакав новите да ги најдам или да ја почнам програмата П90Х. Иначе морам дома да вежбам пошто не живеам во Македонија живеам во голем град и многу губење време ми е да одам па да се вратам а и еве досеа не се жалам што дома ги вежбам ЧД Иначе вежбите се супер.Јас ослабнав само со вежбање три четири кила без режим на исхрана. А сега сум на режим и сакав така поозбилно да си ја сфатам работава. И да вежбите за стомачни и се супер стварно секое мускулче на тој дел го вежбаш.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    една другарка ми кажуваше за овие вежби
    јас ги правам оние што ги вежбавме на пилатес во комбиција со некои што ги знам од порано-да се потстопли времево пак мислам да почнам со трчање и брзо одење на кеј како лани, а пешањето на Водно 2 пати неделно останува :D
     
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Сакам да ги почнам вежбве, гледав на Youtube кратки делчиња и ми изгледаат интересни.

    Ќе може некој да ги постира торентите за да спуштам?
    Не се снаоѓам баш лесно со барањето торенти, затоа .. :tmi:
     
  8. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    На peperutka20 и L-enna им се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    на мене овие баш не ми се допајгаат...
     
  10. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
  12. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Одлични се, на почетокот душа искача, ама после се влегува во шема, добро осмислени, со добро водство, супер за вежбање во домашни услови.
     
  13. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Прекрасни вежби! :clap: Не само што помагаат во намалување на килограмите, а пред се' обемот, одлични се и за правилно држење на телото. Со помош на нив се извишив неколку сантиметри и добив супер дефиниција на телото, без пренагласени мускули, кои воопшто не прилегаат на женското тело.
    Сепак, за да има забележливи резултати потребно е секојдневно вежбање минимум 3 месеци, а комплиментите нема да изостанат, со тоа и задоволството од вложениот труд. ;)