Дали некој го има користено Сlean Deeper од Nivea и дали има некаков ефект? Модератор: При пишување на мислењата користете кирилица.
Како прво.. Името си требала да го напишеш на кирилица. Како второ, си требала ова прашање да го поставиш во темата Сакам да прашам..? Дека темава нема да поттикне било каква дискусија. Без љутиш,само ги почитувам правилата на форумот. Поздрав.
Jas go koristam ovoj piling veke dva meseci i uste imam od nego , koga ke go iscistam so nego mi e mnogu mazno liceto . Go koristam 1-2 pati nedelno.
И јас го користам и особено ми се допаѓаат плавките гранули со млечна киселина. Навистина е ефикасен.
Порано го користев навечер , одкако ќе ја извадам шминката .. ама ме мрзи и понекогаш заборавам . Инаку мазно и меко го прави лицето . За задоволна .. можам и други работи да ставам и да имам таков ефект .
Ништо посебно не е, Гарниер Пјур 3 во 1 е многу подобар, иако ми рекоа штетно е секојдневно лицето да се чисти со гел со гранули во него.
Да да така е!Гарниер и јас го користам и ептен сум задоволна!Го има и кај нас?!Јас го земав од Шведска летово и тука го барав псоле тоа ама го немаше...Од кај го набави ако можеш да ми кажеш да знам да си го земам кога ке ми се потроши ова,ма да мн споро се троши,со месеци траер што е исто така многу добро Иначе да се надоврзам на темата баш за Clean deerer od Nivea,се мислев меѓу тоа и меѓу Гарниер и продавачката ми го препорача Гарниер како поубаво бидејќи имало по ситни гранулчиња и демек експертите викале дека е подобро и служи за 1.чистење 2.црнки 3.и служи како маска! П.С.Кај мене во упатството пишува дека пилинг треба да се прави 3 пати неделно и така си правам и јас и супер ми е
Мене првиот пат ми го донесоа од Германија, а потоа земав од Тинекс, ми се чини околу 250-300 денари беше, но квалитетот многу се разликуваше, па оттогаш нарачувам да ми носи кој оди во странство. Мој совет ти е ако можеш од страна да набавиш, ова тука не е тоа тоа.
Еј фала мн што ми кажа.Имам роднини во Шведска и барем они можат да ми донесат Иначе јас од таму го земав 10 евра...
Така е секаде, и за пудрите туку макс факторот е 720, а јас нарачувам и давам по 19 евра. Верувај дека многу повеќе ти се исплати да дадеш повеќе пари за козметика од странство, отколку со овдешната или да го нема тој ефект или да ти се уништи лицето.
И мене исто ми кажа кожен доктор, а моментално го користам пилингов од Нивеа 1/2 неделно и супер е има ефекти
Купив цела колекција од Нивеа..се за младешка кожа и ништо ама ништо посебно не ми направи.. Сега глеам користам повеке производи од Клин енд Клиар и стварно се супер...не сум прееезадоволна али стварно е боље од што беше и од нивеа.. поз
Јас го користам Clean deeper од Nivea и сум многу задоволна затоа што имам мрсно лице и кога си ставам од него лицето ми е нормално не ми е мрсно и многу мазно.
Јас го купив кремот кој се става на лицето навечер, наводно ги сушело бубулиците. Најпрвин добив мал примерок во едно списание и потоа одлучив да го купам кремот. И после една година стои така, освен ако случајно, не ми текне да ставам. Немам навика да ставам од тој крем навечер а некои посебни резултати не сум видела. Но порано кога го користев кремот мачкав на целото лице, и сабајле кожата ми беше навистина мрсна Но пред некое време (не е некое откритие!) ми текна да ставам само на оние места каде имам и каде ми се појавуваат бубулички, и така навистина делуваше (барем малку), сега тие не изчезнаа магично ама сабајле црвенилото малце беше намалено и беа помалку видливи. Не знам. Во секој случај не е нешто посебно. Може на вас би ви помогнало против бубулици, ама мене баш и нешто не ми помогна. И сега така стои во фиока да ми текне некогаш повторно да му дадам шанса А заборавив да кажам и за гелот/пилингот на истата колекција впрочем ги купив во исто време, ама бидејќи го потрошив, целосно заборавив дека го имав... Хаха т.е. заборавив да пишам тука за него. Во однос на гелот, е ок, ја чисти кожата од нечистотиите на лицето, прави благ, дури преблаг пилинг на кожата. Ама повторно подобрување во однос на бубуличките немаше. Некако цела оваа колекција мене воопшто не ми помага.
нивеа клин дипер купив еднаш и никад више. бидејки ни малку не ми ги извади моите проблематични црнки, да се согласувам дека за пилинг е одличен ама па зашто лажат чисти црнки, чисти ова, она а уствари 350ден си ги фрлив за џабе..
Јас ја добив за роденден целата колекција и онака не е wow ама не е па ни толку лоша, мислам ништо посебно. Повеќе е за тинејџерки.