Hемам до сега ништо користено од Kлиник,па затоа ме интересира какви се кремите,шминките? Mене ми требаше крем за флеки и лузни и си реков ај ке видам колку пари се? Kремов беше 92$,а колку беше мал и јас ваква останав Bредат ли за парите?Aј споделете искуство и кои производи сте ги користеле
И мене исто ме интересира дали некој ги користел производите на Clinique и дали и колку сте задоволни? Гледам дека имаат нов производ, NEW Even Better Concealer, а баш таков производ сакам да купам, потребен ми е - така да ова ми дојде како порачано. Бев спремна да го купам кремот за очи на Орифлејм, но мислам дека коректорот на Clinique би бил многу поефикасен од него. Добри се производите на Clinique или .. ?
Јас до сега сум ја користела маскарата на Клиник и имав тробојни кафеави сенки. Прекрасни се производите , но цените им се соленки..
Имав еден тестер за пудра и поубаво нешто немам ставено на лице. Ама соленка е цената, над 2000 денари е, одамна велам дека кога ќе бидам при пари ќе ја купам ама кога имам пари тешко ми се даваат
Фала ви за одговорите. Претпоставував дека им се солени цените, а и не знам дали во мојов град ќе ги најдам. Како и да е, подобро нешто квалитетно и ефикасно да земам, без разлика дали е скапо, отколку крем од 300 денари кој нема да има никаков ефект. Коректоров кој сакам да го земам во Америка е 19.50 долари. Така да, ако кај нас ги покачуваат цените дупло, тогаш по некоја логика би требало да е 1910 денари. Ќе почекам да видам дали ќе ја кажат цената во Cosmo Tinex, бидејќи видов на фејсбук прашувале за цена повеќе жени - ако ми одговара ќе го земам наредната недела кога ќе одам во Скопје, ако не, ќе си почекам додека отидам во Америка, па оттаму ќе го земам по поисплатлива цена.
Јас имам користено крем за лице (дневен), течна пудра, тоник за лице, сапун, кармини и сл. и навистина сум презадоволна, ама за жал, кај нас навистина се прескапи (иако не се евтини ни во странство). Овие ги имам користено И еден од омилените парфеми За квалитет нема промашување, цените се друга работа
Квалитетни се,но ете јас еднаш користев течна пудра и беше сува за мојата кожа,односно ми ја сушеше кожата уште повеќе! А останатите производи како тоник за лице, одстранувач на шминка, гел за подочници, сјај за усни, од се сум задоволна. Изгледа само течната пудра не сум ја погодила
Го имам овој scrub creme многу е добар по првото миење се чувствува разлика како 100 тони губре да ти пага од лицето хехе само се многу скапи јас оваа го купив од белгија овде незнам дали го има и беше 20 евра...
Соленки им се цените малку, ама мечка страв, мене не страв, отидов и купив. Пробав се. Од Нивеа до органска козметика која беше уште поскапа од Клиник и ништо не ми делуваше. За среќа лосионот се погоди. Ја имам користено anti blemish soluiton кремата. Таа чини 20 евра и не ми помогна. Ни малку не промени нешто на добро. Лосионото (2ката) исто е тука некаде со цената. Мене 2 месеци ме трае.
Мнг е добро ова за чистење на лице сетов, второво ги вади сите мртви клетки од кожата. Перфекција се! Туку дојдов јас тука нешто др да споделам... Нема ништо поефикасно од овој коректор за подочнаци ! Значи врв е .... Ги избелува црните кругови, со разладувачко дејство е и е како третман против нив не само за моментално прикиривање. 10 +
се сеќавам феминка имаше ставено слика од ефект од маскарава , дали мимс89 беше, не се сеќавам баш па сакам да прашам за издолжување или волумен е маскарава? и која цена е во космо? при крај ми е маскарава од Бенефит , па сакам да пробам некоја од Клиник
^ Оваа е за издолжување, додека Clinique High Impact ти е и за волумен и за должина. Моментално е на некоја акција во Космо, ама не самостојно туку во комплет. Ефектот би бил овој
Koristaki High Lenghts ти е повеќе за издолжување, не дека не дава и волумен ама сепак јас би рекла дека повеќе издолжува одколку што дава густина, што мене повеќе ми одговара јас ја земав околу 1600. Сега планирам да ја пробам оваа што ја постираше членката над мене, обожавам маскари со такви влакненца.
Имам користено пудра и парфем. Подобра пудра во живот неам сретнато,ама многу пари се тоа за козметика
Оваа маскара е 30 евра кај нас , баш сега гледам на нивната страна , а таа со тенката четкичка е 23. Инаку сега на сите производи има 35% попуст па потоа ќе/наминам да видам
Не , зборувам за продавницата сефора , не живеам во мк инаку еве оваа/маскара ја земав , ја имаше и таа fighter што ја постирала погоре но ми рекоа дека есамо за волумен,додека оваа/што ја земав е и за издолжување и волумен. Таа чинеше 19 евра а јас оваа што ја земав 15 Ќе ја испробам деновиве па ќе пишам
јас пудрата за лице од аеродромски free shop низ Европа, ја купував за 25 до 30 евра, а парфемите беа 70 до 100 евра, зависи колку милилитри и слично Пред малце бев до Еликсир во ГТЦ и ја гледам пудрата 2300 денари, ама на попуст 2100... Е што е многу многу е....и кој знае од која година им се.
Сакам да го порачам овој сет на Clinique Досега не сум пробала ништо од нивните артикли, па доколку некој има искуство со некој производ од овој сет, нека сподели... Спојлер Travel Set: 1x Liquid Facial Soap Mild (Dry Combination) 30ml/1oz 1x Clarifying Lotion #2 (Dry Combination) 60ml/2oz 1x Dramatically Different Moisturizing Lotion + (Very Dry to Dry Combination) 30ml/1oz 1x Moisture Surge Extended Thirst Relief 15ml/0.5oz 1x Turnaround Concentrate Extra 7ml/0.24oz 1x Almost Lipstick #Flirty Honey 1x Bag Цената е 30 евра, без провизија...