Јас го имам пробано тоникот (clariying lotion - лилјаковото шишенце) и тоа баш тој тип 2 за сува кожа и можам да кажам дека подобар немам користено. Вади буквално се од лицето, нема да ти се верува кога ќе видиш црнила на памукчето. И тоа можам да го споредам со тоникот на Диор и на Ланком би рекла дека овој на Клиник е незаменлив, кога ќе го пробаш нема да помислиш да го замениш освен ако немаш пари Кај нас е околу 2000 денари 400 мл има и од 250мл ама не ми текнува баш која цена е мислам околу 1600 денари. Како мало тестерче од 10мл го имам флуидот (dramatically diferent moisturizing lotion - жолтата тубичка) добар е, хидратантен, многу брзо се упива во кожата е не е онака мрсен и тежок. Кремата Moisture Surge исто ја имам пробано, совршена е за сува кожа. Лесно впивлива текстура има и многу е хидратантна, лицето е свежо по цел ден. Тоа имам пробано од сетов, туку дај кажи ми ти од кај да си го нарачам и јас Супер цена има, и милилитражите се ок.
Ти благодарам за одговорот, Мимс. Сетот ќе го порачувам од strawberrynet.com. Шведска он лајн продавница, имаат многу брз шипинг. Еве го линкот - http://eu.strawberrynet.com/skincare/cl ... 73/#DETAIL, има плус едно евро за доставата што се доплаќа. А провизија досега за производи до 30 евра сум плаќала од 300 до 400ден. со достава до врата.
Баш тоа и мене ме спречува кај нас да купувам Clinique. Цените се повисоки од Грција (слични се со Србија и Хрватска), а мислам дека нема баш промет за залихите на време да се трошат.
Цените се толкави заради високите царини при увозот, не е само Клиник, и сите парфеми и брендови се многу поскапи кај нас. А фри шоп си е фри шоп, нема што да се споредува не се вика за џабе фри шоп.
Што имаш друго порачувано? Јас знам дека ако порачаш парфем мора и царина да платиш. Ова вака изгледа примамливо. И ова е со достава во МК? Преку пошта?
Овие три работи ги имам нарачано од таа страна http://eu.strawberrynet.com/perfume/ben ... 09/#DETAIL *провизија - 330 ден.* http://eu.strawberrynet.com/makeup/bare ... 91/#DETAIL *провизија - 310 ден* и http://eu.strawberrynet.com/perfume/rob ... 46/#DETAIL *провизија - 385 ден.* Во Македонија стигаат за 10дена, ама јас имав проблем со испораката од Скопје до Битола. После 10 маилови, две писма и не знам колку разговори по телефон, конечно ми ги доставија до дома и провизијата ја плаќав кај поштарот.
Тој со број еден знам дека е за многу сува кожа, па според тоа 3 и 4 треба да се за мрсна. Околу 2000 се за голема милилитража 500мл мислам. Ама многу брзо се трошат Ти пишав во другата тема за нивната ефикасност.
За мрсна кожа го имам користено овој сет, сите три се за мрсна, не добри-СОВРШЕНИ! Јас целиот сет го имав порачано за некои 60тина евра, ми го донесоа пред повеќе години од Германија, кога кај нас уште ги немаше Клиник. Тогаш имав доста проблеми со лицето, преосетливо ми беше, aлергија ме фати од некоја синтетика, ужасна ми беше кожата, имав и повеќе акни, ама пубертетот си го прави своето. Ми ги смири акните и црвенилото како ништо. Не ми текнува колку време ги трошев, ама знам дека нема подобри од нив за мрсна кожа.
дали имате испорбено некој производ за пори што е, имам сува кожа, а слушнав дека на клиник имале производ против пори за сува кожа
Женски да не ја има користено некој clinique superdefense spf 20 кремата, гледам имат акција во Шатци https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/ ... 1498_n.jpg И колку е редовната цена?
Сите производи што ги имам испробано на Clinique се преквалитетни, сум користела маскара, моливче за очи, крема, make up remover и сите производи биле супер. Вреди за цената.
Дали некоја ги пробала овие производи на Клиник- гелот jelly за лице (третиот) и концетративе? Гелот - тој во средина го имам купено и ми се допаѓаше, а сега сум заинтересирана за гелот десно. Од концетратите сакам да го пробам тој синиот (наменет за порите). @danichap @Queen8 вас ве тагнувам , кој знае и некој друг нека пише
Јас ги користам моментално Поточно ова на сликата, jelly верзијата со портокаловиот концентрат. И сум многу задоволна! Во почетокот некако не ми се допаѓаше баш, ама уствари треба малку повеќе стисоци за да излезе концетратот во боја па за да продуктот биде комплетен и нормално време за да видите резултат. Од кога почнаа да се мешаат концетратот и џелито веќе имав баш резултат, и сега си го користам нонстоп. Пред шминка, после миење лице, плус и за жештиниви, и за мојава мрсна кожа ми е рај значи. Дека и гел формула (мене најмногу ми одговара таа) воопшто не ни светнувам , значи немам никаква забелешка до сега. Ми изедначува и тен убаво, свежина ми дава на лицето, енергија Конкретно портокаловиот концентрат е и за таа намена. Да даде енергија на уморната кожа, да освежи, да изедначи и осветли флеки и дамки. Содржи таурин инаку Добра работа е што можете истиот концентрат да го користите со било кој од базите (лосион, гел и џели) по потреба. Зимно време, лосион пример, летно време гел или џели, а концентратот ист. Мене ова многу ми се допадна и олеснува при избор на соодветна крема за лице. Забелешка (која мене не ми смета, но да напоменам за тие што сакаат да го купат) : Од кога концетратот ќе се истроши (ако ви се истроши побрзо од базата, а има голема веројатност од тоа) продолжувате да го користите само гелот внатре што останува доколку сакате нели, и секако можете нов концентрат да купите после трошење на иститот. Концентратот самостојно немојте да го користете никако. Може негативен ефект да даде. Не е серум! Мора да оди во комбинација со џели, гел или лосион, односно база. Не знам дали нешто заборавив, прашувајте ако имате нешто. Многу добра иновација од Клиник, има производ буквално за секој тип на кожа и за секаква намена од новиве производи, и секој може да си комбинира како сака, дури и за промена на сезона Браво.
@Beauchamp фала ти за исцрпниот одговор од Македонија ли ги имаш земено ? Јас пред некое време во Грција кога прашував ,со попуст ми рекоа џели од 115мл чини 30,11 евра , а концентратите 11 евра. Јас за синиот се интересирам , здравје да ја потрошам кремава сега што ја користам , ќе ги земам следно производиве баш лесно и супер за мрсна кожа ми се гледа ова џели
Нема проблем Во секое време И јас се мислев многу за синиот. па и за белиот па и за сите на крај Сите горе доле ми одговараа во потребите на лицево освен виолетовото. Иначе да, од Македонија (Космо) само не ми текнува ич цената, купував повеќе производи одеднаш со него и не знам колку беше...ама мислам нешто околу 50 евра базата заедно со се концетратот ме фати ... може и поефтино Јас го имам од 115мл. Имаше и поголемо и помало, цените испарени ми се
Дали некој го има користено синото jelly за пори? Дали има ефект? Планирам да го купам зашто од други производи на Clinique сум многу задоволна меѓутоа цената е доста височка па ме интересира дали вреди?