Што мислите за овој тренд? Кломпи ? ( Clogs ) Повторно се враќаат во мода, овој пат малку по изменети. Дали би ги носеле? Со што би ги комбинирале ? Кои се вашите омилени модели ? Многу познати личности во Hollywood како Сара Џесика Паркер го промовираат овој тренд, па дали би имале смелост да ги носите тука во Македонија?? Да споделиме мислења Мене лично ми се допаѓаат и би ги носела и комбинирала со „машки“ фармерки, едноставна маица и голема ташна. Па девојки, што мислите??
Вчера пишав, ќе пишам и денес. Незнам на кој му текнува да воскреснува вакви замрени моди. Кломпи И сега одма народов што живее за мода и слепо ја следи ќе се униформира и со нив. Нема врска зашто се грозни.
Бљак. Ми се свиѓаат иновации и се, но ова е претерано. Гледам сега се носат оние кломине со дебела штикла. Ама грозни ми се. Како некоја стара баба со сива коса која се враќа од пазар со потечени нозе.
Имам и јас кломпи.....јеее, модерна сум Моите се бели и си ги носам низ дворче, понекогаш и до маалската продавничка. Дека се удобни се. Прв пат си купив кломпи на денот на свадбата. Знаев дека ем бремена ем уморна нема да издржам цела вечер да денсам па така оп фино- лепо на сред свадба си облеков кломпи. Инаку редовно секое лето си купувам кломпи, ама оние Битпазарските за 500/600 ден., удобни ми се...малку ме потат ама добри се за по дома. А низ град да се шетам по кломпи и со џемпер (како С.Џ.Паркер на сликичкава) нема шанси....Изгледа дизајнериве стварно веќе немаат никакви идеи и се тапа џонсон во поглед на креативност па само нешто воскреснуваат.
Леле нема шанси некогаш да носам вакви чуда! Нозете да ми изгледаат ко копита од коњ,не фала! Т.е не верувам дека некој би ги носел во нашава ни мила државичка.
Majка ми ги обожава, а јас се трудам да најдам нешто убаво во/на нив. Не би ги пикнала нозеве во нив, ма и позлатени да се, и која сака таму Паркер, Лонгорија нека си се луфтира во нив, ама ја не би - мене ми се страшни, хорор.
Мене искрено ми се интересни и би ги носела,иначе мојата професија ќе биде таква што ќе мора да носма кломпи
Мајка ми е значи супер модерна, си купи на одмор кломпи со дебела штикла, ми вика си ги земав на попуст од New Yorker, викам шетај ма, вакви работи не се продаваат таму... Видиш, се продавале. Делам став со Офи, започна со шалвари, па оксфордки, пердуви во косата, сега кломпи... не фала, демоде ми се, смешни и одвратни. Не следам слепо мода, макар биле позлатени, не би го носела и без пари да ми ги даваат. Кломпи? Само оние анатомските што ги носат медицинските сестри за на работа, за да не се вратат со нозе подуени и 2 пара поголеми од бројчето што го носат. Инаку нејзините се многу слични на овие само бојата им е светло кафеава. Бреее, многу е модерна мајка ми, ме шие.
Кога ќе се спомне кломпа прво на памет ми паѓа медицинска сестра со бела кломпа. И тоа е сакс! Очекувам некој убав сончев ден нова мода кога ќе се носат холандскине кломпи низ град и сите ќе тропкаат до пукање на ушно тапанче со дрвена кломпица.
Колку сакале биле модерни нема шанси да ги облечам. Ги гледав во Котон пред некој ден само не видов што пари се. Пред 2,3 години братучед ми и купил на мајка ми од оние белине, па си стојат во купатило. Мислам дека сите ги носевме кога имавме 2,3 години ама сега не. Па и ги носевме летно време ако добро ме држи помнењето, а не со џемпер или пак може со хулахопка и со капут да почнат. Овој моден тренд ќе го избегнам.
Заедно со оксфордките, кломпа ми е изузетно сељачка обувка. Што е следно? Вселенска ципела ала Бонам Картер?