Common law е прилично нова серија,излезена во 2012.Досега колку што разбрав,има излезено само една сезона (која цела ја изгледав во рок од два-три дена ),а втората се снима.Ја даваат на AXN,а ја има и да се симне на интернет. Значи,двајца детективи,партнери,ќе започнат со посетување на терапија за парови(не по нивна волја) се со цел да се подобри нивниот однос.Тие се приморани на тоа,и со тек на време забележуваат напредок. Цело време,всушност решаваат убиства,ама многу поинтересно е од тоа. Значи,интересна серија е,можеби не ја објаснив баш најдобро,но мене ептен ми се засвиѓа и едвај ја чекам втората сезона. Некој друг ја гледал?Коментари?Критики?Информации за втората сезона,кога излегува?
Многу добра серија јас ја гледав претходното лето ама за жал нема да има втора сезона ја откажаа серијата.
Само да те корегирам во врска со преводот на насловот.Common law-Обичајно право или Непишано право,а не заеднички закон.
На AXN кога гледав,беше преведено Заеднички закон (не дека преводите на ејексен,фокс и фокс лајф им се нешто добри) и си ја завикав Заеднички закон Не знаев дека не е точен,благодарам во секој случај