Јас лосионот го користев, ништо посебно ниту спектакуларно. Можеби некоја можност моментално ама on the long run никаква промена.
Јас ја имам шпатулата купено, освен модот за чистење, што дтварно вади црнки, другите не ги користам. праваѓ 2-3 пати неделно, лицето хо чувствувам почисто отпосле. Лифтингот и другите опции не ги користам па не знам дали ќе помогне. Ве молам да датете предлог за ретинол и предлог за некој серум за ексфолијација. Немам конкретна проблематика
Нормална. Имам мали дупчиња од акни(не се длабоки) но после бременост немам ниту една акна. Користам веќе ретинол на ГГ и исто така на тиам го користам ниацинамидот. Сабајле секогаш спф и витамин Ц на ГГ
Да ми препорачате убав витамин ц, сакам од странава да земам? Исто така и некоја анти ејџ крема и анти ејџ серум. Имаат голем избор и стварно не знам што да изберам. Само да не е од Mary&May. Веќе никогаш, ништо нема да земам од брендот. Го купив пептидниот серум и е обична водичка. Буквално нема никаков ефект, од било кој аспект. Ни моментален, за долготраен да не зборуваме. Се покајав за секој денар што го имам дадено за серумов, ми се иде парите назад да си ги барам. Дотолку не го бива. Срамота е вакво нешто да продаваат.
Јас моментално второ шишенце користам од EYENLIP Blemish Vita C Squeeze Ampoule и засега задоволна сум
Ја користела некоја маскава, да каже како мириса? Се работи за колаген маската (Eyenlip). Баш сакам да ја пробам, ама се плашам да не има некој чуден мирис, не дај боже на риба да мириса. Ако некоја го користела ова, нека каже.
Читам доста пофалби за G&G серумот со Вит Ц, меѓутоа мене не ми одговараше. Имам комбинирана кожа и соодветно го чував во фрижидер, но откако почнав да го користам ми се појавија болни акни околу устата и брадата, па прекинав. По 1 месец одлучив да му дадам уште една шанса, но пак истата појава и го фрлив.
Пептидниот серум на Geek&gorgeous го имате пробано? И дали имате пробано од производите за нега на коса?
Тек сега те читам и ми се погоди прашањево,па да ти одговорам Power Peptides е преекрасен пептиден серум со матриксили од пептиди. Има млечна и густа текстура (за разлика од Mary n may 6 peptides и Mizon 500 peptides). Кожата ја прави премека и сјајна. 10/10 препорака. За коса ги имам пробано &Honey и двата шампона - Melty и Creamy. Двата шампона се одлични за давање на хидратација на влакното. Од Cp1 го имам пробано и шампонот и кондиционерот-двата се совршени. Особено шампонот помага и за зајакнување на косата,и за раст на коса. Unove ми се следни за пробување-шампонот изгледа примамливо. Fino маската и масленцето исто ми се на wishlist
Девојки, го има ли некој користено тонеров? Нон стоп ми излегува на тикток дека дава glass skin и добро хидрира, не ги затнува порите и не прави акни, па се мислам да го купам
Кослав имаат многу добри попусти од денес. Него, кослав и оние елокси под исти газда се, а само како различни продавници? гледам цело време имаат скоро исти промоции, или се под исто раководство или елокси имаат многу лош маркетинг тим. Од коа ќе почне некоја промоција во кослав за пола саат ја објавуваат истата и овие другите. Ама скорз исто некреативно ич од нивна страна
Не знаев дека од денес им е акцијата, сум го фатила возот значи, интересно шо баш денес ми текна да нарачувам. Ги зедов ретиналот 0.1 од Geek & Gorgeous, претходно 0.5 го користев. И за спф дека ми е потрошен, си го зедов Beauty of Joseon relief sun rice + probiotics, го неам користено, ама добро ми изгледаше понудата и добри рецензии има за истиот, вајда ќе се погоди.
@CooperD и јас дојдов во темава да споделам за попустот. Си изнакупив сè што ми требаше (и што не ми требаше ), баш ме израдува попустот. Инаку не, немаат врска едно со друго елокси и кослав и не се поврзани, на различни газдарици се двете продавници.
Денес сите сме во борба за чисто и затегнато лице, а се по актуелни се и електричните алатки за нега на кожа. Лично јас од COSLOVEMETICS алатките до сега воопшто не сум задоволна, мое мислење е дека доаѓаат од некој "aliexpress" сајт по некоја ептен ниска цена, а тие само ги брендираат како COSLOVEMETICS. Воопшто нефукционални се покажаа кај мене. Џабе фрлени пари. Дали некој ја има пробано оваа алатка, ме интересира мислење? https://coslovemetics.mk/product/coslove-7-color-beauty-device-for-face-and-neck/
Сакав да ја земам шпатулата зашто таа ми се виде најпрактична од сите уреди што ги имаат, ама исто мислам ко тебе и некако се откажав од намерата.