Јас 23 ја користам, досега не сум фатила да ја снема, а обично кога ќе снемаат, брзо набавуваат (освен cosrx хијалуронскиот гел којшто го немаа година дена). Инаку, пишала Мишела, ги има во ДМ, и тоа последно од ДМ кога ја купив беше поевтина за 50тина денари од страната на coslove. Само од кога сменија амбалажа ја немам пробано, уште не ми е отворено новото пакување. Спојлер
Кога ќе ја пробаш, те молам пиши коментар. Ме интересира реална споредба и таман да си планираме со време ако не ја бива и да бараме друга. Се надевам нема да има потреба, зашто навистина би било штета да расипат волку добра бб-крема.
Tsubaki маската за коса ја користам година и пол, предобра е и бавно се троши. Буквално минута и е доволно да стои за да има ефект, што мене многу ми одговара. Не ја сплескува косата и мирисот останува и по миење.
Малку сум офф од темава, не знам кој им ја води страната на инстаграм на Coslovemetics , ама имам една негативна критика. Ги прашувам за еден производ, ретинал што донеле некој нов, прашувам која е разликата помеѓу тој на Geek&gorgeous што го користам. Ме прашуваат дали сум задоволна од ретиналот на ГГ им викам да, ми одговараат мило ни е ама некаде прочитавме дека не ви се допаѓаат нашите рутини, а може сме и грешка мислам, какво е ова однесување? Па и нешто ако не ми се допаѓа не е грев да кажам, а ете никаде не сум пишувала такво нешто. Еднаш ми пишаа зошто сум ги заследувала па отследувала од пријатели на инстаграм. Дали мене ме имаат ставено на пик или со секој вака прават. Срамота, колку пари им имам оставено , со ова однесување веќе не ми се купува од таму.
Кој непрофесионализам. Дали мислиш на Geek and gorgeous 0.2% ретиналот? Дупло поскап, а најслаб. И мене ме интересира што е разликата. Ретиналов е уствари најјак, затоа е и најскап. Се збунив. Има од 0.05%, 0.1% и 0.2%.
Како не е. Со SPF38 / PA+++ фактор е. Сега е ребрендирана како - PURITO Wonder Releaf Centella BB Cream
Одлична е, јас ја користев до пред скоро. Богата формула има кремава, ја користев навечер како ноќна крема. Имам комбинирана кожа и мене ми одговараше ептен. Ако сакаш крем со полесна формула, тогаш земи го другиот од истиов бренд, hydration station.