И јас така правам си ги сакам маските, ми заменуваат миење ем уживам бар 15мин лежејќи со маска на лице јас немам време за до продавница, онлајн на среќа си нарачувам, среќа па се погодило до сега И јас сум повеќе за таа комбинација дај боже само да ни се погоди
@Mishela бидна нарачката? Јас нарачав некако многу ми беа 2 чистачи, веќе имам дома, па што само да ги собирам си нарачав исто од Skin1004 ама плавото серумче, маска обавезно и уште нешто доставив
Јас ги нарачав маслото и чистачот Skin 1004. Додадов во кошничката стикери за акни TIAM и лист-маска. Нека се најдат. Чекам коментари ако нешто се погоди и е вредно за пофалба. Ќе пишам и јас за овие, со душа чекам да стигнат.
Ако некоја ја купи пудрава, нека каже каква е. Мене перничето не ми е ништо посебно, преубаво покрива и немам замерки за тоа секако, ама формулата ми е малку чудна. Не знам како да опишам. Ме интересира дали и течнава верзија е иста. Ако не друго, барем би била полесна за нанесување. Не сум фан на продукти што се аплицираат на лице со сунѓерчиња.
Сакам и јас да ја пробам. И не е скапа како за проба ама си реков ај прво да побарам тестери да видам која нијанса би ми одговарала...и видов дека тестерите ги наплаќаат - 3 тестери за 190ден. И така малку се разочрав од кослав. Никогаш не правеле вакви ниски работи, напротив и подароци доделуваа и тестери праќаа
Многу безвезе, видов и јас на сајтот додека листав низ пудрите. Мене којзнае од кога ми немаат пратено никакви тестери, само нарачаните работи. Не дека болна легнав по тестерите, меѓутоа знаеше да се протне нешто што на пример никогаш не би ми текнало да го ѕирнам самоиницијативно, ама ете ќе го пробам, ќе ми фати око и ќе си го купам фул сајз. Само од тој аспект ми фалат.
Мене баш пред некој ден кога ми стигна последната пратка тоа си викам, зошто не пратиле некое тестерче... После си враќам филм дека кој знае од кога немаат пратено, небитно тоа, туку тоа што велиш ти, нешто ќе ти фати око, ќе ти легне убаво па ќе си порачаш фул сајз. Така ептен ми се погоди Dear, Klairs midnight кремот инаку еве во последно, стандард, тоа што си користам веќе проверено тоа и порачувам, ништо ново, немам идеа За ТирТир немам пробано ниедна од пудрите, но пред некое време кога имаа некоја акција не се сеќавам со кој производ, го добив фиксаторот. Обично не користам фиксатор, па не би можела да го споредам со некој друг, но на овие температури супер се покажа
Ај што не праќаат е едно, ама да продаваш тестери ми е едно скроз друго ниво на low. Лош маркетинг си прават, ете што велите сте пробале нешто сте купиле непланирано, тоа за нив е плус. И вака за тестер за пудра, кој би купил нијанса на невидено ако не пробаме...
Да, да, баш така @sia.bella. Јас вака се заљубив во маслениот чистач Пурито. Во дуќанот ми се виде ко многу густо во шишето, си реков ова ќе биде претешко и нема да ми одговара, но со тестерот сфатив дека многу ми се допаѓа и го купив. И рефилот си го купував, како поисплатлива верзија. Имам и некои поени, сакам да ги искористам па ќе видам дали ќе ја земам пудрата или нешто друго. Ако ја купам, ќе кажам каква е, многу сум љубопитна за пудрава.
Да ви се надоврзам на муабетот за тестерите. Јас со тестер ја открив бб кремата на пурито. И од тогаш ги купувам. Да не пуштеа тестер може ќе знаев дека постојат кремите (од форуми, од инстаграм и сл.) ама ако не ги пробав дека ќе ги купев тешко. Исто, приметив дека веќе не пуштаат тестери. За споредба, Елокси цел кармин од eyenlip (не тестер) ми имаат пратено, и следна нарачка неколку маски за лице. Едино кај нив има повисока сума за бесплатна достава и помал е изборот во споредба со кослав.
И јас сум љубопитна, не ни знаев дека дошла кај нас, и баш отворив на coslo ама како за мене нијанса нема...јас од црвената сум 21N, од оваа нема 21 има 22, а мене и 21 ми оксидираше, а 17 ќе ми е пресветла...а иам и 5 пудри дома, ќе почекам некој месец ама знам дека ќе ме копка хахах
Не е проблем и да продаваат тестери, но да биде на пример како што е на Белина, по некоја симболична цена, а не вака да прават профит и од тестери
Па мене не ми е океј ниту да ги продаваат по симболична цена оти 99% сум сигурна дека они не ги купуват. Сигурно ги добиваат од добавувачот. На одредена нарачана количина се добива одреден број на тестери. Барем така е со сите европски и америнаски брендови. Не би требало корејциве да се порезлични по ова прашање