Може ли линк да порачам нешто. И да прашам за козметика Malena или Golden Rose... Сакам на нивеа да порачам онаа пудрата компктна па незнам дали вреди?
Салицилната Geek&Gorgeous е одлична. Мене сите работи од овој бренд ми се покажаа како супер избор за мојата кожа. Нема нивен серум што не ми се допаднал. За одржување на чисти пори ми е супер.
Не знам какво ти било искуството,но јас во Центар кога одам секогаш ме услужуваат преубаво. Девојчињата се секогаш многу информирани и услужливи,префини. Девојчињата од рекламите особено се секогаш добро информирани.
Односот треба да си го поправат и на социјалните мрежи. Многу се дрски. Се надевам некој од форумот дека ќе им пренесе.
Епа ете толкму такво какво што го опишав ми било искуството. Секој со своето нели, сигурно нема да земам да лажам на форумов за вакви глупости. А како што гледаш, многумина го имаат истото искуство
Јас лично, на ниту една локација не сум бил добро услужен. Дали дека машко, па гледаат што побрзо да се откачат од мене... И дај нека ги прекинат тие поените, сега почнаа и од интернет нарачки да не ги додаваат! Ептен се искурназија, ама тоа е популарноста удира во глава и веднаш паѓа квалитет, типична македонска работа.
Za kolku vreme otp pravat dostava? Prv pat naracuvam od niv online i imase problem so kartickata i kaj nacin na plakanje stisnav vo gotovo.. ima nekoj taka naracano?
Тотално се непрепознатливи во последно време, ко некоја секта се однесуваат, клан. Има некои работи што само кај нив ги има и баш ми одговараат (на пример TIAM лепенките за акни, Altruist spf) ама имам одбивност кога треба да влезам да купам нешто од таму. За мажите да, гледаат да отфикарат набрзина - маж ми кога го праќам, стално се жали дека се однесуваат ко да зборат со некој по грешка влезен во дуќанот. Онлајн исто, веќе некое време немам направено нарачка и не знам дали ќе направам. Не се само тие, има и други продавници за корејска козметика, па сега тоа е.
Можеби не фрлам илјадници денари како некои, но неколку производи шо ги користам ми се од таму и еве неколку години со ред, без прескок, ги купувам од таму. Така да можам да кажам дефинитвно дека нивото на услуга им се намалува од месец во месец! Онлајн нарачки ретко правам оти мразам да си имам работа за карго компании… Инаку, едвај чекам да ги донесат, надежно , тие производи шо ги користам во ДМ и да не треба да им стапнам во продавница веќе. Иако, знам дека тие се ексклузивни застапници за МК на нивните производи. Евентуално, да си ги нарачувам преку YesStyle и ај упм.
Немам добро искуство. Бев и на таа анализата со апаратот, освен што незаинтересирано ми прочитаа истото што го пишуваше на екран, ништо не добив од корисна информација т.е. ништо што веќе не го знаев. Ниту рутина не знам каква, само еден обичен цика крем кој е веќе некаков универзален производ во корејска козметика. И да, најбезобразно не додаваат поени од купувања, а се погоди последните неколку пати да купувам во продавница наместо онлајн. Гледам во акаунтот последна нарачка пред еден куп време, а во меѓувреме сигурно 3-4 пати имав купувано и ништо не ставиле. И тоа изричито САМА морам да им речам меил не ви треба? Да да кажете. И пак ништо не додале.
Јас купувам секогаш во продавница, порано ме прашуваа сами дали имам акаунт за поени а сега ако не спомнам сама да ми стават ни поени ни бутур а сепак ако направиш некоја сума ти мења (не сум се уклучила да видам дали ми ги ставиле). И ова сум приметила бидејќи во последно време купувам во дуќанот во центар, како што пишавте погоре само чекаат да те откачат додека во сити мол биле доста пољубезни.
Козлавметикс не се дерматолози за да ти дадат корисни информации,па и дерматолози да беа немало ништо специјално да ти кажат. Три пати имам правено анализа кај нив,и да,информативен карактер им е анализата. Нешто што и јас знаев,брчки,пори,сензитивност,текстура,тоа ми прочитаа. Нема сигурно топла вода да измислуваат. За поени,пазарам кај нив(месечно 2-3 пати до душа),имаа нагласено дека имаат системски проблем. Ми кажаа да им пишам мејл на тој што им е од Центар,и веднаш ми вратија повратен мејл со кој ги регулираа поените. Јас немам лошо искуство со нив.
Не би се согласила со ваков коментар. Секогаш кога сум имала контакт со нив, односот бил културен, професионален и љубезен. Тимот остава впечаток на добро организирани и посветени луѓе кои си ја сакаат работата, па мислам дека ваквите генерализации не се фер кон нив
Доколку не се дерматолози, тогаш воопшто нека не рекламираат и даваат совети и рутини за нега на лице! Проблемот со поените не е дека имаат проблем со системот па накнадно се внесуваат, туку воопшто не прашуваат за податоци за внесување поени, а должни се! Наместо да се прифати конструктивна критика и да има подобрување, вработените профили направија за одбрана.
Обожавам вака кога ќе се најде некој да пише обратно мислење со одбрана од новонаправен профил Наместо да се прифати конструктивна критика и да има подобрување, вработените профили направија за одбрана.[/QUOTE]
Колку најдолго ви има траено испорака? Обично ако денес нарачам, утре ми стига. Сега нарачав од Понеделникот и ми стој статус: "Подготвена за преземање". Чудно ми падна, ваљда утрезадутре ќе стигни.
Барем да го "разработевте" профилов пред да напишете мислење во темава. Вака очигледно е кој се крие за ников.