Па добро, твоето искуство си е твое и не го прави нашето помалку вистинито. Сите споделивме факти, не е дека сме ги намерачиле Кослав па ќе генерализираме или ќе правиме линч. Штом толку луѓе пишале дека во последно време нешто е чудно и не чини, значи можеби треба да си поработат на таа проблематика, а не да се наоѓаат оправдувања само.
Нека не даваат ни елаборирани рутини со производи тогаш ако изворите и подлогата за познавање кожа им е тикток. Тие апаратите и анализите ги изрекламираа мислиш револуционерно инфо ќе добиеш. Никој не оди за да му прочитаат дека пишува мрсна кожа на екран, одиш за врз база на таа анализа да ти кажат прецизно што да употребуваш и нормално да купиш од нив (пошто анализата е бесплатна.) Јас немав супер искуство, не можам да ги фалам.
Тогаш никој нека не прави анализи,ни они,ни Елокси,ни Зегин,ни Јепуда. Сегде е истото. Не сме ние да им кажеме,ако они заработуваат од тоа-тогаш супер. Јас како што знам,и искуство од луѓе кои ги познавам од “анализата” имаат добиено супер рутина Ма да,во денешно време и сам веќе можеш рутина да си направиш. Сепак е апарат,не е медицински или дерматолошки преглед
Здраво на сите, се изначитав на форумов се и сешто многу задоволни корисници на coslovemetics и неколку гласни незадоволни (секако секој си има право на изразување и незадоволство) во глобала гледано дечките си одат напред со брзина на светлината и покрај конкуренцијата се на врвот кај нас. Моето искуство вели дека баш мојот син е презадоволен од рутината што му е дадена од девојките од coslove . Му се врати самодовербата и лицето му се исчисти во рок од два ипол месеци. Така да поедини за жал лоши искуства од личности кои и не знам со какви очекувања влегле во продавниците не може да го сопре растот и напредокот што навистина вреди и помага. За коментариве за дерматолог се оди со упат од матичен, а не во салон за корејска козметика кој и те како има подобри резултати барем во нашиот случај со јаки пубертетски акни (од тројца дерматолози) со рутината на горенаведените лицето почна да се чисти. Поздрав и секое добро.
Јас лично не сум воопшто задоволна од рутината на coslove. Ја користев доста долго време и не видов никаков резултат. Башка што ми дадоа да користам два продукти кои не одговараа еден со друг, не можам да ви опишам колку ужасна реакција беше, се згрутчуваа и се ронеа и изгледав како да имам шуга на лицето. А и имам чувство дека ми препорачаа производи кои само сакаа побрзо да ги распродадат, некои од тие продукти целосно ги тргнаа од продажба од тогаш. За козметикава не можам да кажам ништо лошо, си направив сама некоја рутина и со повеќето производи сум задоволна.
Јас го искажувам моето задоволство исто како вие вашето незадоволство ... ама изгледа вие сте од тие погласни неколку души па реагирате на секој позитивен коментар. Или сте засегнати или имате личен проблем со истите. Чистото лице на мојот син е резултат на нивната услуга .
По вашата логика излева дека и Вие имате личен проблем или сте засегнати штом имате огромна потреба да коментирате на негативните коментари. Убав ако не и најубав ден.
Огромна потреба баш и немав но имам право да си го кажам своето мислење ... не одговорив на негативни коментари .... за сметка на тоа вие ми реплициравте екстремно брзо .. и не гледам потреба за препукување вие го кажавте своето секој си го кажува своето мислење чему потреба да се наметнувате во туѓите коментари. поздравче ❤️ П.с почитувам логички одговори но не и тензични
Ако си го препрочиташ првото мислење, ти самата го започнуваш преку оспорување на нашите “негативни”мислења/критики. Така да… Инаку, иницијалната дискусија воопшто не беше за (не)задоволството од рутините туку, за нивната професионалност пред се во делот продажба, што всушност им е основна/базична дејност. Ако нашите очекувања во однос на тој сегмент се “преголеми” тогаш “господ на помош” нека ни е. Воедно, кога веќе критикуваш и оспоруваш мислења, тоа прави го целосно, а не да коментираш само за тоа што ти одговара. Наместо да спремате офанзива на форуми, искористете ги овие конструктивни критики да се подобрите како тим, односно и ти и твојата колешка со новите профили.
Јас напоменав и во искажувањето на моето мислење дека зборувам за тимот и го споделив моето искуство не знам која е причината што упорно ми реплицирате и докажувате... јас спомнав и дека секој има право на свое мислење, секако ако целосно читате а не како што кажувате тоа што ви одговара... зошто толкава бука ... сметате дека ако вие не сте биле задоволни од услугата не бил никој друг ... јас немам ништо со лугето едноставно пазарам кај нив и секогаш сум супер услужена, а гледам дека не сум единствена... критиките се надевам дека ако читаат ке си ги сфатат оние кои се пронаоѓаат во нив .. јас лично сум задоволна, а тоа не го променува вашето искуство, ниту пак вашето искуство ќе го промени моето.
Исто и јас имав многу лошо искуство со нивната корисничка поддршка. Не само што ми ја згрешија рутината и ми го уништија лицето, наместо да си ја поправат грешката и да читаат што им пишува клиентот тие се однесуваа тотално непрофесионално. Па уште ми бараа докази да виделе дека навистина сум им ја користела рутината. Во моментот кога се случи непосакуваната ситуации се виде нивниот професионализам и како се справуваат со ситуации. А еден бренд го гради лојалноста и односот со клиентите, а не маркетингот.
Од нивната "рутина" лицето ми стана 10 пати полошо, од комбинирана кожа и по некоја акна околу устата, за 2 месеци дојдов до акни и црнки насекаде, дури на образите што никогаш не сум имала. Сите ме забележаа и прашуваа што ми е, а на тие пари што ги фрлив што да им кажам. Намерно да се трудев да си го зезнам лицето немаше ваков резултат да имам . Среќа се потсредив сама, со бременоста лицето ми блесна и немам траги/ флеки од тој период. А исто, на цела комуникација секогаш одговарав на маил, се правеа дека нов маил сум им пишала и не биле во тек со мојот случај. Ми бараа да им препраќам се од ново, а надоле во маилот се си стоеше. И ги баталив од тогаш, кај ме уништија уште да чекам од нив да ме средат, мало сутра.
Исто шо имам забележано кај нив, а и кај Белина, мноогу мала залиха имаат од производите. Прв пат купуваш еден производ, си викаш топ ми одговара сакам да го купам пак, оп го нема! Па чекаш со недели, ако ти се посреќи, да стане повторно достапен. Шо мене ми нема смисла нешто шо ти станало дел од рутина повторно да го менуваш, а со тоа и ефектот не можи да се постигни.
И јас немам баш убаво искуство со персоналот во продавницата во Центар. Често поминувам таму, решив да влезам, да купам еден производ што ме заинтересира. Го немаше на рафт, девојчето ми го донесе од магацин. Се' тоа супер, ама барем да прочиташе што ми донела, дали е тоа што барам. И јас тука имам грешка, оти амбалажата на производот што сакав да го купам е иста за цела линија, и не забележав дека девојчето ми донело маска, а не серум. Ми го наплати и дури тогаш сфатив дека прво цената не се совпаѓа, а потоа и прочитав што е. Им кажав дека не ја сакам маската, ама ќе ја земам, оти се мачеа да сторнираат и оттогаш не сум се вратила таму, и немам намера. Ако сакам нешто од овој тип козметика, попрво ќе одам во Elloxy.