Coslovemetics козметика

Дискусија во 'Лице' започната од mermaid8989, 9 јануари 2024.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    Можеби сум грешка ама баш намерно имав ставено производи во кошничка со цел да ми се спремни за black friday и сумираната цена тогаш и денес со “попустите” ми се совпаѓа, можеби 100-200 денари да е разликата преку сила. Дали намерно ги бустаат цените па со попуст доаѓа регуларната цена или не знам. Има некој приметено нешто вакво?
     
  2. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    3.028
    Веќе ништо не ме чуди, на безобразлукот му нема крај и скоро сите почнаа да ја користат истата финта. Нема реални попусти кај нас...
     
  3. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Не ги бустаат ама овие “попусти” се стални.
    Имаат фиксни цени кои стоат така и попусти на тие цени кои се постојани.
    И така постојано ги најавуваат ексклузивно и драматично.

    Пример тоа бустерот на Medicube веќе 6 месеци е на “попуст” и цената со попуст му е 13.000, а регуларната цена му е 23.000. Демек уау попуст од 50%.
    Од друга страна истиот уред во зегин е со регуларна цена без попуст од 13.000.
     
    На theunforgiven и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  4. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    8.383
    Пол:
    Женски
  5. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    564
    Јас го имам првото, curling cream и баш ништо не направи за мојава коса. На Балеа таа портокаловата крема од 200 денари ми правеше многу повеќе локни од ова. Пробував на разни начини да го нанесам ама мене лично воопшто не ми ги оформи локните.
     
  6. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.882
    Дали доколку идеш на skin test во coslove, мора одма да се купи рутината што ќе ми ја понудат? Сепак не би брзала одма, не се ефтини производите, но би сакала чисто информативно да отидам.
     
  7. ctw

    ctw Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, што всушност се Coslovemetics? Дали работат дерматолози или пак само продаваат производи за нега на кожа?
    Фала ви.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.854
    Допаѓања:
    83.204
    Пол:
    Женски
    Сoslove си продаваат корејска козметика. Рутините ми се чини дека не ги прави дерматолог, барем никаде не спомнале. Мислам дека девојчињата што си работат таму помагаат во изборот на склопување рутина, тоа додека пазариш таму на лице место. Се нуделе да ми дадат помош/совет.
    А кој им ги работи рутините што ги даваат на мејл, не знам.
     
    На ctw му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ctw

    ctw Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    Некој да не има искуство со skin test-oт што го имаат? https://coslovemetics.mk/skintest/
    Што вклучува, како се одвива, цена итн?
     
  10. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Јас бев. Бесплатен е прегледот, не трае повеќе од 10 мин. Девојчето што беше на смена, беше премногу темелна во објаснувањето. Секоја страна ми ја опфати, инаку скин тестот е опфатено се (флеки, брчки, зрачење, акни, текстура…). Ти кажува според твојата возраст дали е во ред, на што да внимаваш. Каков тип на кожа имаш, колку брчки (ако имаш), акни.. итн. На крај според тоа што е покажано, ти покажува кај нив што можеш да користиш но не мора да купиш. Сето тоа го скенираш и можеш да го имаш и за понатаму. Мене Gemini после ми генерираше продукти што можам да користам, но и препораките од девојките беа супер
     
    На ctw и bookslover им се допаѓа ова.