Дали сте слушнале за couchsurfing? Тоа е платформа која им нуди на патниците да преноќат кај локалци, или домаќините да нагостат патници, и двете страни со заедничка корист: создавање нови пријателства. Услугата е бесплатна, домаќинот не треба да бара пари, ниту патникот да нуди, наместо тоа, може да му зготви ручек, да му донесе мал подарок, да се прошетаат или да посетат некој настан заедно и сл. Престојот не може да биде подолг од 3-4 дена. Одлично за авантуристи, патници кои често патуваат а треба да преноќат за кратко, или пак за луѓе кои сакаат да запознаат пријатели од сите страни на светот. Имате ли вие искуство со couchsurfing? https://www.couchsurfing.com/
Јас не, но еден мој сограѓанин ја користи оваа опција, сигурно нема забелешки штом ја користи. Лично не би користела ваква опција, страв ми е.
Да, пред точно 12 години дознав за овој сајт, запознавајќи се со еден дечко од Португалија кој на тој начин патуваше по светот. Се запознавме случајно во Охрид и се дружевме неколку дена. Останавме во контакт, па после скоро 7 години тој повторно реши да дојде во Мк, јас го угостив во Скопје, секако до ден денес сме во контакт и кај него секогаш ми е вратата отворена.
Пре би да му дадам 20 евра на странец за хостел, отколку да го ставам дома да ми спие. Во идеално општество, супер идеа. Во реалниот свет, најверојатно ќе ти фали нешто сабајлето.
Имавме такво искуство. Ни дојде човек од Перу. Многу кул. Се запознавме, на многу теми се пронајдовме. И ние сега имаме бесплатно место за спиење доколку одлучиме некогаш да одиме во Перу. Не би ја користела оваа опција пречесто,скоро никогаш и со многу пазење,има луѓе што можда нема да те убијат како на филм, ама можеби ќе ти украдат нешто. Второ, мене не ми се легнува секого на кревет. Хигиена, болести.
Ја имам искористено неколку пати платформава да најдам преноќиште во други држави, но повеќе за забава, отколку од економичност. Во сите случаи ми се погодиле фини луѓе. Еднаш се погоди во стан да бидеме 4ца во исто време од различни држави, со домаќинот 5, имаше доста интересни приказни и совети да се слушнат.
Една моја пријателка кога одеше во Франција бараше моментален смештај преку ова и се договори со еден човек и потоа се премисли па му откажа после тоа човекот ја напна зошто не отишла и такви некои муабети. Мене искрено малце ми е чудно кај тотален странец да седам кога веќе имам пари да трошам за во странство ќе дадам и за нормален смештај и да си немам гајле. Интересно е, да, можеш да запознаеш луѓе кои ќе ти останат вечни пријатели и сето тоа ама во некој понормален свет, за во овој и не сум толку сигурна не сум толку оптимиста