Дали некој ја знае апликацијава и дали ја игра некој Ковет? Јас и сестра ми сме скроз заразени, играм од ноември и ја обожавам апликацијава. Станува збор за дрес ап апликација, имаш задачи и ти кажува за каков настан треба да ја облечеш манекенката. За секој изигран челинџ добиваш награда Ковет кеш (виртуелни пари), а потоа другите играчи ти го гласаат изгледот и добиваш поени и дополнителни награди.
Една година подоцна... Еве и јас сега започнав, но поприлично сум изгубена во играва.Има доста новитети како некои натпревари и слично. Многу ми е забавно комбинирањето и добивање нагаради.
И јас многу ја играв играва лани. Ја избришав некаде во февруари, ми се смачи од неа, како некој зависник осмислував стратегии како до поуспешен аутфит.
Не, верувајте, не знаете какви зависници има. Има луѓе што креираат лажни фб профили за да имаат повеќе пари, односно "ин" фустаните, за да може да добиваат добри оценки. Има групи за т.н. клонови, смислуваат аутфити и сл. Јас играм година ипол активно, 43 ниво сум.
Во принцип колку повеќе играш, толку е полесно. Треба да се зачлениш во некоја фешн хаус за да може да учествуваш во Рели. Кога учествуваш во рели се добиваат многу награди, секако тоа зависи и од куќата во којашто ќе се зачлениш. 1 рели трае 3 дена од прилика, и содржи 12 челинџи од кои 2 флешбека. Има 3 нивоа на рели, различни куќи играат разни нивоа. Од релито се добиваат награди како фустани и накит, или дијаманти и пари. Така ќе играш повеќе, ќе добиваш повеќе награди и ќе креваш нивоа многу почесто. уште една добра работа кога си член на модна куќа е тоа што можеш да позајмуваш од луѓето што се во куќата. Најди на фб групи за Ковет и таму можеш да додаваш луѓе (јас ова го избегнувам од причина што за Коветот ми е врзан мојот фејсбук). Мој совет ти е пред да почнеш рели, неколку дена да ги правиш само дневните и оние челинџи за кои не треба ништо да купуваш, така ќе собереш пари за да можеш да ги изиграш сите челинџи од релито.
Јас ја играм веќе година дена и не да е заразна... болест е. Сега сум 29 ниво, а ќе бев понапред да знаев што правам во првите неколку месеци и да брв во асална Fashion House. Ете така.