Бидејќи нема ваква тема, убаво би било тука да зборуваме за cruelty free брендови и производи, како и за замена на нашите омилени производи кои за жал не се CF. Накратко, станува збор за козметика која не е тестирана на животни. Во Европа е банирано тестирањето козметика врз животни, и забранета е продажба на производи кои се тестирани врз животни. Ваков бан постои и во Калифорнија. Скоро сите брендови вака гледано се CF затоа што сами не тестираат, ниту пак некој од нив бара, освен оние кои се продаваат во Кина. Кина сѐ уште е земја во која тестирањето врз животни е задолжително, за секој увезен козметички производ, иако во последниве години почнаа да ги менуваат законите полека. Како и да е, најчесто можеме да разграничиме CF бренд врз основа на тоа дали извезува свои производи во Кина или не. Интересен пример е Wet&Wild кои се рекламираа практично со својот CF статус, но беше откриено дека сепак продаваат свои производи и во Кина. Нивното објаснување е дека одредените производи се произведени во Кина, а не се увезени - на тој начин го избегнуваат тестирањето на увезени производи. Но сепак, доколку властите сметаат дека има потреба, можат во секое време да повлечат производ од рафт и да го тестираат. Во таа смисла, во Европа ниту една козметика не се тестира на животни, но во САД доколку се појави на пример некаква реакција алергиска, државите можат да тестираат на животни, освен во Калифорнија. Така што, иако во САД не е задолжително и реално не се користи тестирањето врз животни, не е ни забрането. Друго за напоменување е дека скоро сите состојки кои денес се користат во козметиката некогаш била предмет на испитување врз животни. Коснова (Есенс и Катрис) се многу искрени и отворено имаат напишано на својата страна дека иако тие како компанија не тестираат врз животни, ниту планираат да продаваат во Кина, тоа не значи дека друга компанија нема да ги тестира состојките или дека никогаш во минатото не биле тестирани. Некои компании (Како Лореал) ќе речат дека се круелти фри - освен кога со закон е наложено На тој начин не, не се круелти фри - свесно увезуваат во Кина и плаќаат на кинеските власти за тестирање, но поради тоа што не се тие како фирма тестирачите и не бараат во свое име тестирање, успеаваат реално да искористат дупка во закон и да продаваат во Европа. Од моја гледна точка, се одлучив да користам CF козметика затоа што козметиката просто не е поважна од животите на животинките, и нема потреба ни едно зајче да страда за маскара. Веќе подолго време се трудам да купувам CF, но сепак уште многу имам за учење, потешко е него што очекував, но тоа е што е. Постојат повеќе CF брендови, ќе набројам неколку кои ми текнуваат, но и ќе оставам линкови за детални листи Неколку листи на CF брендови: Ethical Elephant Cruelty Free Kitty Leaping Bunny Logical Harmony Речиси сите европски брендови се CF, посебно оние од екс-ју просторите (Афродита, Аура, Илирија...) Европските брендови не се ни замараат многу со сертифицирање затоа што се подразбира дека се CF, но сепак сертифицирањето е многу важна работа, затоа што било кој европски бренд кој извезува во Кина - не може да се смета за CF. Ќе спомнам неколку, некои се достапни кај нас во дрогериите, други онлајн: Алверде (но не и Балеа) Ardell BH Cosmetics Catrice, Essence Colourpop Dr. Haushcka Elf Cosmetics Formula 10.0.6 Gosh Cosmetics LA Girl Lottie London Lush Revolution Beauty Milani Nip+Fab NYX Cosmetics Physicians Formula Pixi Beauty Real Techniques Sleek Makeup The Ordinary Weleda Winky Lux Yes To Zoeva Од high end брендови Anastasia Beverly Hills Bareminerals Beautyblender Becca Chantecaille Charlotte Tilbury Cover FX Dose Of Colors Fenty Beauty Farsali Hourglass Huda Beauty Illamasqua Inglot Japonesque Jeffree Star Cosmetics Jouer Kat Von D Makeup Geek Mario Badescu Melt Cosmetics Milk Makeup Nabla Cosmetics Natasha Denona Ofra Omorovicza PUR RMS Beauty Smashbox Sol De Janeiro Stila Tarte theBalm Too Faced Urban Decay Youth To The People Препаративната козметика и козметиката за коса се дел од приказнава, за кожа користам креми, лосиони, тоници на Алверде, Др. Хаушка, Афродита... а во план ми е да купам и на Ординери, Марио Бадеску, Пикси... има избор. Но за коса освен Алверде не знам, на Афродита и не ми се омилени, а Briogeo се ужасно скапи. За парфеми ич не ми се прави муабет... Знам дека воведов е огромен, а и сигурна сум дека нешто сум заборавила Во коментар ќе напишам производи кои ми се одлични, а се CF, и производи кои ми се одлични, но не се CF и им барам замена Ве молам само да не биде темава полна со “а за лекови што мислиш а?“ бидејќи немам желба ниту потреба некому да докажувам зошто е ваква или онаква мојата одлука, кои се моите морални појдовни точки, секако може да развиеме дискусија Најмногу би сакала да биде катче каде што ќе можеме да споделуваме мислења за производи, брендови, пофалби, критики, видеа, "dupes" итн.
Јутубери кои се круелти фри и кои ги следам: RawBeautyKristi CarliBybel Andrea Matillano Belle Jorden Nicole Renee Kelly Gooch Stephanie Lange
Браво за темата,би ти пречело ако се прошири и на non-toxic makeup (за овие што се на природна база се претпоставува) но изборот е сеуште мал кај нас на природна /cruelty free и квалитетна декоративна козметика па би било од корист да се информираме за опции ,или може да се отвори друга тема накнадно,се извинувам ако веќе постои слична .
Мене многу ми се допаѓа идејава да не купуваме козметика која е тестирана на животни, но за жал мислам дека никогаш нема комплетно да се отарасиме од нејзе затоа што секогаш ќе постојат продукти кои се тестирани на животни а ние ќе ги користиме без да знаеме за тоа.Освен тоа, многу од брендовите можат да се неискрени па да се излажеме и да не бидеме свесни дека не користиме CF производи. Исто така, друго нешто што мислам дека е малце лицемерно е тоа што не можеме од една страна да конзумираме месо, производи од животинско потекло, да носиме кожа, крзно и сл. а потоа да мислиме дека сме направиле нешто добро со тоа што не купуваме производи тестирани на животни, кога на некој начин сепак придонесуваме за страдање на животните. Исто така, и во бројни експерименти од други истражувачки области се користат животни, на што секако не можеме да влијаеме, затоа што етички не е прифатливо да експериментираме врз луѓе. Поентата ми е дали можеме целосно да ги заштитиме животните?Јас мислам не.
Јас за хигиенски средства, шампони, гел за туширање, сапунчиња, пасти за заби, исто така тоник, крема за лице, лосиони за тело, рол он, користам од urtekram. Знам дека имаат еколошки производи како за хигиена така и некои видови храна. Мислам дека и тие се круелти фри. Оваа ја најдов на нет, зашто немам моментално слики. Друго што сакав да напоменам е дека @Biodevojka има статија за овој бренд на нејзиниот блог, и мислам дека имаше напишано дека има и во мк, мислам и поточни локации. Но не можам сега да ја барам статијата, па ја тагнав можеби таа ќе знае подобро.
Од маркиве, козметика како cruelty free користам најчесто на Apivita , The body shop ,Smashbox, Too faced , NYX , Lush , Fenty Beauty..
@CameliaMiller, одлична тема и вовед. Дали производите на Балеа се CF? На нив стои знакче Vegan, но не и Cruelty-free, а има разлика помеѓу овие две работи. На официјалната листи од Peta ги нема ни како бренд кој тестира, ни како бренд кој не тестира на животни. По интернет генерално секаде пишува дека се CF, но наидов на еден блог, каде што авторката кажува дека Балеа е производ на Нивеа, а Нивеа не се CF. Со исклучок на пената за бричење која ја користам од Балеа, друг призвод кој го користам, а не е CF се бричевите. Не сум забележал кај нас и се надевам дека во скоро време ќе бидат достапни и тука. Кај нас во Логона и Белина сум зимал CF производи. Квалитетот е фин, а цените се релативни.
Urtekram и мене веќе неколку години наназад ми е No.1! Штета што немаат толку голем избор за нега за лице, се надевам дека можеби ќе се смени ова во иднина. Инаку шампоните им се.....врв! Green Matcha Супер за идејата за темава. CF па дури и Vegan производи (доста често едното со другото оди заедно) се веќе станати дел од секојдневието на потрошувачите во Европа, па дури и некако се подразбира. Полека полека и кај нас ќе дојде тој тренд, само треба да помине време. Она што мене лично ме радува, е фактот што скоро секој пат кога ќе дојдам во МК, има по некој новитет околу природната и органска козметика! Се поголем дел завземаат овие производи на полиците во продавниците, што е одличен тренд! @CameliaMiller Доколку при твојата потрага сакаш да бидеш 100% сигурна дека брендот е Cruelty Free, барај сертифицирана козметика, дали од Cosmos стандардот или Natrue, сеедно, стандардите им се горе-доле исти.
Колку што знам Natrue не гарантира КФ статус? Секако дека доколку сакате да споделите и за веган/чиста козметика може, мене лично не ми е од големо значење, но темава нека ни биде поопшта Околу моралните инстанци - секој има свои, а и не гледам зошто да се мериме кој е подобар Јас лично не купувам кожа веќе некое време, крзно не сум ни купила никогаш, не јадам месо но не сум ни вегетеријанец. Така што некој може скроз поинаку од мене да мисли, но не е тоа целта на темата @Ketchup колку што знам од дм брендовите само Алверде е КФ. Да споделам некои од омилените мои КФ производи 1. Дневна крема од роза на др. Хаушка - ја користам само зимно време затоа што е доста мрсна, а зимно време имам многу сува кожа и навистина помага. Летно време повеќе ја користам дневната крема од роза на Алверде. Исто зимно време денски ја користам и на Афродита кремата од камилица. Навечер секогаш ноќна Алверде од роза, спреј Алверде од роза и масло Алверде од роза 2. Не поседувам не-круелти фри сенки за очи, па од мојава колекција можам да издвојам Soph X Revolution Extra Spice, ABH Sultry и Fenty Morrocan Spice 3. Кармини Soph X Revolution - Cake, лабело Алверде, остава нежна розева боја 4. Setting пудра Есенс All about matt, руменилата на Есенс се општо предобри, исто и маскарите, ајлајнерите... Есенс ми е омилен дрогериски бренд, не купувам баш сенки, ама моливи, сјаеви, кармини, руменила... одличен квалитет и цени 5. Аура трепки... Miau Miau ми се омилени 6. Подобар ајлајнер од KVD Tattoo немам користено... го начекав на попуст и љубов ми е Производи кои не се КФ и за кои (очајно) барам замена: - MAC Studio Fix Fluid - Bourjois Healthy Mix - Maybelline Age Rewind коректор
Сите Европски сертификатори гарантираат КФ статус. Тоа е така, бидејќи пред да ги наметнат сопствените критериуми како приватен сертификатор, мора да бараат да се исполнуваат критериумите поставени од Европската Комисија. All EU cosmetic products must comply first and foremost with the essential EU cosmetics regulatory requirements (e.g. composition, safety, efficacy, labelling and the animal testing ban) irrespective of the formulation. The EU Cosmetic Regulation is a Europe-wide legal requirement for all cosmetics and does not discriminate or exclude a natural cosmetic product certified to a private standard (e.g. NATRUE). NATRUE considers that the strict provisions of the European Cosmetics Regulation concerning animal testing set an example that should be mirrored globally. Дополнително, освен сертификатите како Ecocert, Natrue, BDIH и сл., најчесто производителите своите производи кои се вегански ги сертифицираат и како такви (најзастапен сертификат е Vegan Society), кој пак сам по себе наметнува критериум за контрола, дека ниту состојките од кои е составен производот, ниту пак самиот финален производ, не смее да биде тестиран на било кој начин врз животни. Така што, кога ќе видиш производ со лого на Европски сертификатор, плус лого на Vegan Society, имаш дури и тројна контрола врз производот, дека истиот е по КФ стандарди. Посигурно од тоа, амин.
Пред некој месец решив да направам темелна чистка на не-круелти фри козметиката што ја поседувам и си отворив голема работа. Реално, ние немаме никакви кф достапни брендови. За декоративна козметика, проблемот е лесно решлив, ама за се останато... Од шминка, не ги фрлив работите што веќе ги поседувам ама нема да ги купам повторно. Тоа ce производите на Revlon, Loreal, Mac, Maybelline, Este Lauder/Clinique... Тешко ми е да најдам алтернатива на неколку производи - во главно пудри и креми за лице. Не држам до тоа козметиката да е природна ама сакам да е кф. Revolution се добар достапен круелти фри бренд штo го користам, исто и Essence, Catrice, Elf, Colourpop, Gosh, The Ordinary, LA Girl итн. Lush се супер бренд особено шампоните за коса во цврста форма и чистачите за лице. Dove ми е број еден за дезодорант, иако продава во кина па не е 100% кф. The Body Shop за креми за тело, гелови за туширање и пилинг за тело. Но што со пастата за заби, течност за плакнење уста, креми со заштитен фактор, фарби за коса? Немаме никаква опција на квалитетен, а кф производ во оваа дупка Ќе ми биде мило повеќемина да споделат што користат од кф козметика како би пробала некои нови производи.
А на што ги тестираат овие кф козметички производи и имаат ли истите доказ дека се тестирани пред да ги пуштат во продажба ?
Би сакала повеќе да користам КФ козметика, ама сега за сега употребувам само Lush и Make up revolution, плус ги користам производите на L'oreal,кои за жал не се КФ.. Бренд кој е КФ и веган и би го користела е Honest на Џесика Алба. Се жалеше таа дека успеале да направат се, освен пудра за лице. Многу било тешко да се најде вистинската формула и го одложувала правењето на пудра, која е КФ и веган, со години.. За жал имаат достава само во Америка.
@Noemi паста за заби и течност за плакнење на уста имаат и Lush , ама во вид на желе и таблети , не знам дали си ги пробала фарби за коса имаат Logona
Пасти за заби и средства за плакнење имаш од Lush (Сити Мол), Urtekram (Bellina и Cosmo), Lavera (Cosmo), Natura Siberica (Cosmo). Креми со заштитен фактор имаш на Eco Cosmetics во продавницата на Logona во Центар. Фарби за коса имаш во истата продавница, од брендот Logona. Генерално се наоѓа од сите видови на КФ козметика по нешто. Нема којзнае колкав избор, но сепак.
Ефектот што ми го дава Лакалут (паста и течност) не можам да го постигнат таблетите на Lush за жал,за другите ќе побарам да пробам. Кната е добро да се спомне овде за оние кои можат да се фарбаат со неа, за жал е ограничена во избор на бои. Всушност побарувачката ја креира понудата, па останува да се надеваме дека допира нешто до големите брендови и ќе го зголемат изборот и ќе се крене свеста кај поголемата маса.
Има една страна ecco verde , јас од таму порачувам понекогаш козметика , сите брендови што ги има на нивната страна се кф, во главно порачувам шминка на Dr.Hauschka , So bio etic , Puro bio (особено последниве имаат прекрасни производи за масна кожа и се мн евтини) Само поштарината е прескапа За нега на тело користам The body shop и Lush ,барем тие ми се лесно пристапни ако не за друго.
Епа со ова баш ќе решат многу дилеми за некои од нас. Мене на пример многу ми се допаѓа декоративната козметика на Авон, сите моливи за очи ми се од таму, лајнери, лакови, па и дел од препаративата. Баш убава вест.