Даааа Има Авон некои навистина одлични производи, веќе една година за жал ништо не купував, ете сега пак можност има
На нивната официјална страна ова го има. Значи CF се од септември. Јас користам само авон...Друго ништо. Инаку, Нивеа CF се? Едит.Авон не се CF. Постот важел само за Канада и САД. За нас,не пошто сме под Avon Worldwide во кое спаѓа и Кина...
Авон некое време тврдеа дека се CF но не беа, сега конечно ПЕТА ги стави на листа За жал, Нивеа не е CF. Огромен дел од дрогериските брендови (Nivea, Dove, Garnier...) не се CF. Јас дезодоранси се' уште купувам на Нивеа, шампони... оти CF не знам кои се... Инаку New Avon (америчка верзија) и Avon се различни фирми, колку што знам Avon (овој кај нас) е тој на листата на ПЕТА
Тоа со продажбата во Кина некако како Wet&Wild ќе дојде. Пошто одредени производи (non special use) ако се произведени во Кина, не се тестираат, тоа сега го прават за да останат КФ. Сега... како што пишав во првиот пост, ако некој купувач пријави проблем, можно е тогаш да се тестира, ама истото важи и во САД пример, освен Калифорнија. Испаѓа дека само ЕУ и Калифорнија не тестираат козметика врз животни...
Здраво На страната на Bellina пишува дека производите се КФ и повеќето вегански. Дали навистина се сите производи КФ? Исто така за производите на Revuele прочитав дека се КФ. Како проверувате фали информациите се точни т.е. дали се навистина КФ како што тврдат?
Во принцип ако козметиката е сертифицирана по Cosmos стандардот или преку Natrue, тогаш сигурно е CF, затоа што тој сегмент е еден од предусловите да се добие таков сертификат. Ако немаат таков сертификат, тогаш можеби имаат само сертификат за CF козметика, а ако го немаат ни тоа, тогаш треба повеќе да се истражи за да се дознае. Сертифицирана природна/органска козметика, независно од каде ја купуваш, мора да е CF, секогаш и без исклучок.
Не бев сигурна дали е за овде прашањево па ако не е слободно избришете го . Си порачав машинче за правење маски. (Слично на тоа од сликата) Е сега барав од оние колагенските таблети вегански/кф ама има и многу хемиски термини во состојките што и преку гуглање не ги разбрав баш. Дали знаете дали се кф/вегетаријански/вегански, или пак дали знаете некоја алтернатива за нив доколку не се ? Јас гледав во зегин вегански колагенски таблети но не знам дали воопшто би дејствувале, дали го имаат истиот ефект, бидејќи сум прилично нова во веганска и кф козметика.
Не си фрлај пари за колаген за ставање на кожа, докажано е дека нема никаков ефект и е само маркетинг трик. Отвори на youtube на Dr. Dray има видеа на оваа тематика.
Не ми е толку за затегнување и сл. Туку за самата маска кога ќе ја направам мора нешто да се стави за да се здрви да дојде како желе