1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Dark (2017)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од IM.TMKQ, 11 август 2019.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Да, последна е. :)

    Ја почнувам и јас денес 3та сезона, дури се вклопам мислам цела ќе ја изгледам. :rofl:
    Шала на страна, очекувам добар завршеток. (fingers)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    Сигурно има рикеп на минатите сезони.
    Повеќето заборавив што се случуваше.
    Ептен е испреплеткана.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    10.786
    Пол:
    Женски
    Ја догледав цела сезона.
    Мене ми се допадна крајот.
    На моменти ми беше збунувачко, кој од кој свет е, кој е помлад, кој е постар, ама последните неколку епизоди ми се разјасни.
     
    На 1209, Kitten и annii им се допаѓа ова.
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.330
    Допаѓања:
    5.845
    Прва епизода од 3та сезона изгледана. Ептен ми се измешаа, многу луѓе нови ми се појавија ама успеав да пофатам кој од каде е. Се надевам со другите епизоди ќе се разјаснува, нема да ми се меша.

    Освен на Нетфликс, ја има ли некаде цела ставено?
     
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ја има на the pirate bay. Ќе ставам линк после, ако уште ти треба. :)
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    37.495
    Серијава почнав да ја гледам и у првата епизода бев као шо се деси, дај пак да ја изгледам.

    И пак ја изгледав, и нешо као ми стана јасно, али почна втората епизода, и пак се отиде у курац, и ја баталив.

    Али сеа сум слободна три дена за викенд, ваљда ќе ми се разјасни. Па уште и на немачки ќе ја глеам, лол.
     
    На 1209 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.401
    Допаѓања:
    37.753
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав серија, ама баш се чудам како не сум ја нашла претходно.
    Уште сум на почеток и топ ми е, баш е my cup of tea.
    Само што немам време да седнам наеднаш да изгледам цела сезона, па малку ја влечам.
    И освежување ми е да слушам германски, доста беше од англиски.
     
    На Kitten и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  9. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Утрово ја довршив последната епизода, значи... кое серииште. Малку ми изгоре мозокот третава сезона во првите епизоди, ептен беше нејасно кој каде е и што е, ама последните епизоди се од лич ни.

    Мене ми е убедливо омилена серија. И кинематографијата што те транспортира во посебен свет, и приказната, и глумата. Алал да им е. *смајли што се поклонува*
     
    На Larichka8, Emilija97mk, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    До втора сезона сум и уште се бунам кој лик е ист и стар и млад. Па си стопирам за да си повторам, иако ликовите на Клаудија и Шарлот ме збунија скроз
    Во однос на тематиката е топ, ми се допаѓа се осмислено.
    За трета сезона се изнаслушав само позитивни критики, се надевам ќе успеам да ја разјаснам мистеријата со Ноел
     
  11. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Јас веќе заборавив што се случуваше во 1 и 2 сезона. Ќе ја почнам 3та сезона па се надевам ќе ми се разјасни и ќе се сетам.
     
  12. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав,јас па мислев не е завршена..некако тапа ми заврши. :^)
    Нема 4та сезона крај е така?
     
  13. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.521
    Пол:
    Женски
    По нет што барав нема да има 4 сезона, завршува со 3.

    Инаку јас и претходните 2 сезони цела бев со прашања, сега бетер.:D

    Сега Адам-Јонас и Марта се на две различни страни или?
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    На две различни страни се и и двајцата имаат спротивна замисла, за тоа како да го решат проблемот со луповите.
    Едниот смета дека треба да се чува отворен порталот, другиот, дека треба да се уништи.

    Муабетот е за љубовта и што се' сме спремни да жртвуваме за да бидеме со своите сакани.

    Многу искомплицирано, без потреба.
    Ама додека има гледачи, ќе снимаат сезони.
     
    На Bella* и CareTee им се допаѓа ова.
  15. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    3.521
    Пол:
    Женски
    Убаво објаснето, кратко јасно, фала ти.

    Во глобала сите се за да се реши проблемот, но кој со какви ресурси и какви последици врз светот-луѓето. Јас така го разбирам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    И сфаќањата.
    Она што јас мислам дека е правилен пристап за решавање на конкретен проблем, не мислат сите дека е правилен пристап.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.401
    Допаѓања:
    37.753
    Пол:
    Женски
    На различни страни се затоа што секој од нив сака да си го спаси својот свет и ги преземаат сите дејства за секоја рабоа да се одвива онака како што е предодредено да биде.А спасување на едниот би значело уништување на другиот.Ама нели се вмешува Клаудија и сѐ добива поинаков тек...
    Мене ми се свиѓаше како заврши и не може да има 4та сезона затоа што двата света каде што се одвиваше цело дејството се избришаа од реалноста.
     
    На senjorita-v и CareTee им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.822
    Мене ми се допадна како целина, ама ги гледав сите сезони наеднаш, инаку тешко да се вклопев пак со пауза :) Сметам дека е добро што завршија со три сезони, а не да се прават сезони до недоглед. Генералниот концепт ми се допадна, општо и квалитетот на серијата сметам дека беше добар, а најдобро од се мислам кастингот дека е изработен, со оглед на тоа дека имаш тројца актери кои треба да бидат истата личност, сосема добро сработено.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Па и сите премногу ми личат еден на друг, ко вистински да остареле а всушност се различни глумци. Потполно скинување на гестови, мимики, покрети.
    Браво, браво!
     
    На Larichka8, Hellobeautiful, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Океј, официјално ми отидоа и последните мозочни клетки на серијава. :D
    Уште одамна ми ја имаат препорачувано споредувајќи ја со Stranger Things, и не верував дека ќе го кажам ова оти многу ја сакам Стрејнџр, ама испадна уште доста подобра. Глумците и сличноста меѓу помладите и возрасните верзии, ефектите, саундтракот, симболизмот, сѐ комплет генијално.

    Нилсен најтрагични стории и сцени имаа цело семејство, посебно Катарина со насилството и на крај убиството од мајка ѝ, можда и најодвратен лик ми беше мајкава. Па и морбидната паралела со приказната за lady of the lake со сцената со Марта, и Улрих кога ја чекаше во психијатриската болница да го земе... :u:
    Исто и со Елизабет беше премногу брутална траумата со напаѓачот и нејзината трансформација.

    За Јонас и Марта пуштив некоја солза искрено, епска љубовна приказна и поетски трагичен крај for the greater good. Ептен беше чудно и празно со толку малку ликови на маса на крајот, а останатите како и да не постоеле, но сепак сите беа толку несреќни што подобро е така.
    Најмило ми е за Катарина дека во оригиналниот свет го избегнува сето тоа што ѝ се случи, и Регина секако, скроз pure лик што ништо лошо не заслужуваше.

    Клаудија какво жениште, мозок, мајка... алал. Далеку од совршена мајка била во минатото, но цели два света и векови преврте буквално за да се искупи, само за ќерка ѝ да преживее и тоа здрава. Омилен лик и the real MVP дефинитивно. :bow:
     
    Последна измена: 25 јули 2020
    На senjorita-v, Larichka8, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.