Спојлер Јас си се изнаплакав прописно. Не сум плачка на филмови, ама ПМС, плус стварно тажно беше, непатетично тажно
Се опседнав со серијава. Во две вечери ја изгледав прва сезона и почнав со втора. Кујзнае од кога ми беше на листа за гледање, ама пошто мислев дека е хорор жанр, одлагав. Не знам од каде таа идеја. Многу интересни ликови и глумци. Многу дешавки. Некад морам да вратам да видам кој е кој, што се случи.. се надевам и втора и трета сезона се интересни.
Почнав да ја гледам, тотален мајнд фак. Со оглед дека е германска, малку потешко ми иде да ја сфатам, со 300 имиња, овој во 86 е оној во 2019, овој на оној од 53 му е син, зет, братучед. Мислам дека мозочен удар доживеав. Ама браво, неочекувано одлична серија и тоа германска продукција. Иако до сега бев пријатно изненадена од французите и шпанците, слободно можам да кажам дека швабите се скроз забегани. Жално е само што темава има 3 страни, а турскине серии по 100.
Конечно ја завршив и можам да кажам дека ме воодушеви. Последната епизода беше низа од емоции. Ми се допаѓа што цела последна сезона те држи во неизвесност, а расплетот на крај беше одличен. Прекрасни дијалози и мисли преовладуваат низ цела серија. Последната епизода дефинитивно ми беше најдобра. И покрај "комплицираноста" на самата серија и начинот на кој се одвива, крајот даде смисла на сите настани и сите коцки се споија. Уште една предобра серија која вреди да се изгледа. Спојлер Јонас и Марта Тажна беше последната сцена, доста ликови ги немаше, друг живот, други приказни. Клаудија, секоја чест, успеа во замислата и разреши се. Тажно беше и кога сите исчезнуваа, еден по еден. Последната епизода беше тон емоции.
И јас ја изгледав скоро. Стварно добра серија, држи во неизвесност и не здосадува во ниеден момент. Ликовите се предобри, скоро сите ги мразев и сакав истовремено. Единствено што ми смета е што премногу доцна почнаа да ја расплетуваат приказната, некако паралелно се откриваше се и се додаваа нови работи, ми се измори мозочето. Генерално се согласувам со се што кажа Специ во нејзиниот спојлер. Ќе додадам само дека на крај некако заборавија на многу ликови во серијата. Некако ги снема. Можеби им требаа плус неколку епизоди за да расплетат се посталожено и да се одминат сите приказни.
Да се дополнам: Спојлер Реџина и Александар ми беа пример за многу убава врска и љубов, еден од поемотивните моменти ми беше кога Александар дозна за ракот и кога се гушнаа. Жал ми е што на крај воопшто не ни постои Александар во нејзиниот живот, а со тоа и син им. И за другите ми е жал што ги нема, ама за нив барем има причина. Синот на Марта и Јонас ми е многу грозен лик, поготово малото до психопатската фаца кога ќе направеше нешто, ич не го(ги) сакав. Јонас ми беше најомилен лик, немаше момент кога не го сакав. Освен како Адам, секако. И Марта како Ева не ја сакав, само Клаудија како стара ми беше при срце и мразев кога ја збореа како лоша, знаев дека на крај таа ќе ги среди работите. Искрено, како серија со толку ликови, настани и пресврти, многу малку пати се осетив дека нешто нема логика, можеби и ич. Само пак ќе кажам, поспоро дејство барем во 3 сезона ќе дојдеше подобро.
Интересна серија,ама дејството е преизмешано.Глава да те заболи пратејќи од кое во кое време рипаат и кој на кој што е. Спојлер Можеа 1-та сезона едниот свет да го прикажат,2-та другиот и во 3-та разрешницата.Поарно ќе беше така.
Колку предобра серија! Ги изгледав прва и втора сезона во 3 дена, главата ме боли верувајте. Очекувам се да добие смисла во 3та сезона бидејќи мозоков моментално ми е како во блендер ставен
Серијава... Уште три епизоди имам од третата сезона. Интересна беше на почетокот, кој со кого и како е поврзан кога се откриваше. Потоа сѐ е повторување. Да, да циклус и сѐ тоа, ама цеееело време истото, истите зборови, фрази, да, пак сѐ е поврзано, ама.... Досадно е. Едвај чекам да ја догледам и откачам.
Мене ми е една од омилените Колку повеќе се испреплетуваше, толку поинтересно ми беше Крајот е феноменален
Знам дека сум во малцинството. Ќе речам само дека крајот ми се допадна и како сè доби смисла. Ама, го отупеа со истото та истото, знаев веќе што ќе речат пред да го речат. Не бев изненадена од многу работи, вистински се изненадив само од крајот, другото ништо посебно.
Ептен ми се допадна серијата. Секој дел беше совршено изигран, без момент да осетам некаково вештачко влијание на сцената или приказната. Јонас и Марта многу интересни ликови, и го засакав Улрих, посебно зашто слуша Креатор. Малце кратка ми се чинеше? Не знам, навикнат сум на долги серии.
Знам, нели. Обично ми се допаѓаат вакви серии, мистериозни, со ваква тмурна атмосфера, doomed love story, ама ете, може дека одеднаш ја изгледав и повторувањето баш многу ми дојде.
Ја започнав серијава и првите впечатоци ми се дека вреди да се гледа. Ми се допаѓа стартот, не многу брз, доволно за да разбереш дур не ја заџвакаш.
Дали некогаш сум пишал дека оваа е една од најдобрите, ако не и најдобрата серија шо сум ја гледал? Ако не, еве пак. По втор пат ја гледам и навистина сметам дека сите треба да ја изгледаат барем уште еднаш за да им се разјаснат некои работи.