А зашто да посетувам место каде се продава бело робје, органи, дрога, каде е најразвиена педофилската мережа и каде си разменуваат видеа од силување деца, или пак revenge porn, каде се продава оружје, се најмува убијци и такви ми ти си работи? И сево ова сите надлежни го знаат, али никој не може да ги ,, лоцира ,, дотичниве особи... Yeah, right. Не дека они се главни таму, па заработуваат на црно... Али која сум јас да моралишем...
Дали сериозно имате отворено на dark web? Јас што имам читано и гледано, фул е таму со убиства, секташки ритуали и слично. Ти излегувале кловнови без ништо да притиснеш. Ми имаат страв набиено јутјуберине. А исто така ми имаат кажано дека со самото влегување таму одма те лоцираат. Што знам, не би испробувал.
Моментот кога не знаеш зелено пазарче да го најдеш а сите и до црниот стасале. Во кој свет живеам јас .
Васко Ефтов имаше цела емисија за ова. Тогаш првпат слушнав дека вакво нешто воопшто постои. Наводно, можеш да си нарачаш убиство преку тој сајт и дека никој нема да знае дека ти си нарачал, па дури ни тој кој ќе го изврши. Исто се збореше дека снимките од ,,бомбите,, на Заев се нарачани преку овој сајт и дека се платени дебело пари. Многу ме исплаши снимка од разговор со двајца млади дечки (со изменет глас) кои раскажуваа дека за малу пари преку овој сајт си купуваат некаква дрога/опијати во вид на габи и дека пратката си ја подигаат од пошта и дека најчесто е скриена во хигиенски влошки.
Ххахаа ја гледав емисијата. А тие дечките двајца што зборуваа како Васко ги пронајде? Нели никој не може да ги најде. Точно е дека може се да се нарача се и сешто но тоа со двајцата дечки смислена сцена е, и ептен воочливо беше.
Во право си, ама можеби познаници му се кои и му дале идеа за емисија. Друго објаснување-немам. Ама ме фати страв. Испадна дека за пари СЕ е можно. ..или јас живеам во некој мирен свет...
Може доброволно сакале да си го искажат искуството... Дечки јас првпат слушам за вакво нешто... Кажете како да се вклучам
@danichap Дани, count me in Во длабокото не сум одела, мама ми рече грчеви имало, па ми е страв да не ме фати некој Јас на моменти на Гугл впишувам Гугл за пребарување, а не па до ова да стигнам Сестра ми обично се зеза дека едино би барала нови нозе на црниот пазар
А од кај знаеш може не се 4 туку 16. Тor не е пребарувач, ниту прелистувач, p2p VPN darknet е, а се прелистувачот Firefox се поврзува со него како proxy сервер. Доаѓа како plugin во Tor + Firefox bundle за да биде полесен за користење.
Е да бе, сега јас ќе нарачувам дрога од овде и да ја чекам пратката сто години, овде дилери на секој чекор никнуваат, идеш фино лепо за пола саат си завршуваш работа. Шала на страна, имам слушнато за странава од еден другар пред некое време, и ми кажуваше дека можеш да си најмиш убиец, реакцијата ми беше ваква . А пакетите што стигнувале личеле како пратките од Али Експрес пример, и на нив пишувало дека се подарок, веројатно да не се посомневаат. Ама не ми е јасно, зарем не се случило некогаш да ги отворат праткиве и да видат што има во нив, па после проблем?