Ме зајаде црвот од вашите коментари и морав да истражам малку повеќе. Гледав јутуб видеа, од јутубери како го истражуват darkweb, одвратни работи видов.Попосле ако не заборавам ќе ви го постирам. Имено, онлајн црниот пазар e SilkRoad и на него главно околу 70 посто се продавало дрога, забрането оружје, лажни возачки исправи, украдени кредитни картички.
Оние кои користите bitcoin валута, внимавајте на кои страници и што уплаќате. Според мене, најинтересни се оние сајтови кои содржат тајни документи кои можете слободно да ги прочитате, без притоа да плаќате.
Dark web е само еден обичен мит. Нема таму никакви окултистички работи, онлајн убиства, нарачување убиства и триста глупости коишто ги форсираат некои јутјуб дечишта за повеќе гледаност. На дарк веб одат повеќе педофили, наркомани и некои ситни криминалци коишто работат со платежни картички или хакери.
Па да, јас имам прочитано дека многу млади се буквално заслепени од нетот. Еден младич буквално висел на интернет без да ги извршува секојдневните обврски и набргу починал. Очевидците на настанот велат дека младичот буквално бил зависен од играта кантер и ја играл 24 часа без престан. Потоа се оформирала игра која била толку реална која се одиграла надвор од интернетот и таа дејствувала трагично. Се сеќавате на педофил-убиец кој им велел на девојките дека е во нивната куќа и дека ќе умрат?! Морбидно- доволно да се запрашаш дали и остварливо. Приказната за крајот на светот што се прошири низ интернетот од некој си т.н. мулти милјардер заврши невистинито - прашањето е "каде тргнале со толку пари од продажбата на своите домови?" Дарк веб најлошото нешто што постои на овој свет... П.С. Имам уште примери...
Пред некоја година две копав по deep web-ов за да најдам за Ареа 51, имаше доста документи што не се достапни на јавноста, кои беа шокирачки. Ако некој ептен го интересира тоа може да се најде, а и видеа има на јутуб за како да се дојде до информациите. Не барав, и не налетав на платени убијци, педофили и слично али факт е дека има и дека голем дел служи за тоа. Посебно за ситна дрога, и размена на педофилски и порнографски содржини.
Нели ФБИ го затвори Силк роуд пред две години а основачот е на доживотна без можност за помилување, може е некоја нова инкарнација...
Пред некоевреме слушнав за blue whale играта и бев као :"Чекај малце, што? Кои се вашите мислења во врска со ова?
Еден пријател од Америка ме запозна со Dark Web-от. Ми прати линк за download na Tor пребарувачот, а јас со илјада прашалници зошто мора да симнувам пребарувач кога си имам Google Chrome. Реакцијата дека може дрога од нет да се нарачува ми беше shocking and priceless at the same time, па и уште кога му ја видов кошничката на SilkRoad. Дури и им завидував на Америте што се не можат да си купат од комфортот на нивниот дом. Среќа што го почитував варнингот да не ја менувам резолуцијата на пребарувачот.
Можеш и од овде да нарачуваш што сакаш, секогаш постои начин. Ама ваљда не ти треба па не ти е потребно да знаеш како.
Здраво имам едно прашање за анонимен пристап кон дарквеб освен тор дали има уште нешто што треба да направам пред да се уклучам?