Ајде интересна тема.. женски во која енергија спаѓате или се надоградувате за да бидете? Жената во Dark Feminine energy нејзиниот спирит е дрзок, саможивост, интелигенција, манипулација, креативност, своеглавост, некогаш агресивност.. а Divine energy е нежна, сака заштитик од маж или татко, сака светли бои, не сака мрачни работи, сака да има многу деца, сака домаќински работи итн...
Зошто Dark Feminine Energy тип на жена, со карактеристики: дрскост, манипулација, своеглавост и агресивност, би се сметало за нешто позитивно и примамливо за некоја да се надогради во тие аспекти?
Не е, во мое село вака ги делиме (и важи и за жени и мажи), јер поштуEме феминизам. #equality Спојлер: . А во потесен круг на луѓе и будали ги делиме, да се знае разлика. И после чудете се од каде ерата на нарцисите, ете од каде, кјут е да си будала, нарцис и психо денес и ствар личног избора. A да и вистинската интелигенција им припаѓа на првите.
Многу поделби се прават во последно време, веќе нема смисла. Секоја личност е индивидуална со свој сет карактеристики, затоа сите сме уникатни. Постојат безброј карактеристики на личност, и математички гледано - кога правиш варијации и комбинации од безброј карактеристики, добиваш безброј типови на личности. Со давање вакви дефиниции потсвесно се ограничуваме себе си, а треба да бидеме она што сакаме. Може некоја да е нежна, да сака деца и готвење, зарем според дефиницијава треба да се рачуна за неинтелигентна, некреативна? Место да почнеме сите да се гледаме како уникатни, а со тоа и еднакви со другите поради својата уникатност (нели сите сме посебни на свој начин, а тоа би ни било заедничко), ние гледаме како да се поделиме на вакви и онакви, па вечна борба да биде што е подобро. Јас не сум ни дарк ни дивајн... јас сум јас
А што ако не е манипулаторка туку е нежна, а нема потреба од маж заштитник и деца?? Не ми се јасни поделбите во ново време -или тоа-или другото.
Затоа што луѓето свесно или не секогаш им е попримамливо да завземат зли тенденции наместо добри. Ако се работи за маж ќе му биде прототип да се идентификува со "мачо" карактеристики а жена обично сака да се идентификува со "dark feminine" или "femme fatale'' Ваквите класификации се само показател дека луѓето генерално избираат лошо наместо добро. А вистината е дека избираш лош или добар пат не постои средина како што многумина си се опишаја себеси овде ако свесно човек прифаќа негативни карактеристики тогаш значи во суштина не е ни добар човек.
Иначе да не бидам party poo*er ама сесриња понастрана од овие с*ања. Што е најтрагично денес и деца имаат пристап до ова. https://www.goodreads.com/en/book/show/37827785-lilith
Уште од 12-14 години се информирав која е или што е Лилит, во пре-интернет/google ерата Сакам да кажам, не ми смета да имаат пристап, нека имаат ама до ШТО? Нека прочитаат целосни и точни податоци, нека истражат малку пред да прифатат нешто, а не само да следат некој тренд што не го разбираат. Е да, ама ќе треба да посветат повеќе од 30 секунди внимание, колку што треба да изгледаш еден тик-ток.