До каде со овие ограничени размислувања... На толку развиена технологија очајно било да бараш партнер онлајн. Океј, одете по дискотеки и барајте партнери и нека ви играат и нека ви се лепат напалени манијаци. Факт е дека секаде ги има таквите, ама јас знам доста луѓе што се имаат запознаено на Тиндер и функционираат супер. Секаде во странство се користат овие апликации и е сосема нормално. Секој со различна цел е дојден на таква апликација и за секого има по нешто, ама најверојатно нема после едно 'Здраво' да излезете, без притоа да направите некој муабет.
Јао, па сајтовите за дејтање се побезбедни од тоа да пишуваш од личен профил на платформа со сосема друга намена. Ама чекај, очајот секој го мери преку својот мерник на очајност. На мене поголем очај од персони со извештачени фаци и напрчени усни нема.
Токму така ...манијаци и на форумот има ,ајде сега сите да го напуштиме. Имав јас еднаш порано профил не памтам кај беше.. ама сите странци беа и ништо хаха.
Што е битно дали е date.mk или фејсбук или инстаграм? Секаде има манијаци. Колку бракови и врски се сллучија од запознавање на фб, не знам што има потреба од волкава галама за сајт што е наменет баш за дејтање. Фино директно си пишиш дали сакаш врска или не.
Јас сум едната изгледа у милионот. Си фатив дечко од тиндер. И другарка исто. И нејзина другарка. Нема толку народ во земјава да бидеме секоја една у милионот Премногу озбилно си ги сфаќате работиве. Се е забава, и никој никого не може да натера на ништо. Доколку ти изгледа некој чуден, манијак или каков и да е, одмачнуваш, дилит и толку е контактот со личноста. Не ти оди разговорот, исто, бришеш чао пријатно. И како леле немојте да одите таму само за секс се мажите, ко божем жените нејќат секс Апликацијава ја немам пробано, ако ми е досадно некогаш може да ја инсталирам. Тиндер барем имаше за време на карантиниве бесплатна опција да смениш локација, си манијачев мажи од цел свет. Норвежаните не беа како што ги замислував
Јас еднаш порано ја инсталирав тиндер од досада. И запознав еден кој испадна дека е пилот на WizzAir, сеуште ми е пријателче на инстаграм. После ја избришав и не сум се вратила назад.
Maнијаци и на Фемина има, мене секој втор ден ми пишуваат некои со 0 мислења, зачленети тука да замараат во лп, па пак сите дремеме тука. И на фб, кога ќе одам message requests, редовно наидувам на манијаци. Инста не, дека ми е private.. И не само јас, сигурна сум дека на сите до една тука истиве работи и се случуваат. Јас на пазар3 пишав оглас, па 2 месеци ме замараше еден по телефон, манијак за во Бардовци беше тој. Секаде има манијаци. А ги има и саглам. Не се знае на кого ќе налетате.
Ма секаде си има манијаци, на ФБ поготово врие со некои постари типови. Јас лично немам спуштено никогаш досега ваков некој сајт за дејтинг, но низ Европа и Америка и тоа како е популарно. А што знам јас, кај нас Тиндер за шалење го користат, со лажни профили.
Забрането е лични пораки да се постираат на форумов. А како би ги 'испозалепила' сите ваквите... мх-мх... Фросе стил
Ама жена може да види манијак во некој во кој пак некоја друга гледа соулмејт. Све е ствар на перцепција. Кај нас еволутивниот процес си тапка у место. Овде сексот го сматраат за нешто лошо, ко средство за поткусурување а не ко взаемно задоволство. Но, боље да се напраи драма од нешто одколку да се одмолчи и да се продужи даље со животецот
Манијак е манијак, за секоја и не зависи од перцепцијата туку од тоа дали тој ќе се понаша манијачки. Не е драма ако не сакаш да ти пишуваат манијаци по пораки, тоа не значи дека сексот го сматраш за нешто лошо туку дека манијаците ги сматраш за нешто лошо.
Читав различни коментари и 50% се супер мислења, останатите 50% се навреди и обвинувања. Не сме вределе како род
Реално повеќето се манијаци на ваквите апликации.. Но немора да значи дека сите се. Бидете паметни, ако нешто ви замириса тргајте се.
Немам користено такви апликации. Тука на Феминче се случува да има некои манијаци ама на крајот завршуваат кај Камелија или "пријави".