Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

David Icke, теорија или вистина?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Keanu_R.Wick, 20 октомври 2019.

  1. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Тоа со соѕвездијата Драко, Сириус, Орион итн, му држи вода. Вика дека оние што нѝ вршат модификации и што манипулираат со светот, злобните, се од Драко, тие од Сириус се "трговци" додека тие од Орион помагаат на сите кои драконците ги поробиле.
    Книгата "вистината ќе ве ослободи" ја прочитав 2013. За многу работи има докази и има право, а најмногу за тоа дека "мачката е отсутна па глувците играат оро", затоа светот не е толку ограничен.
    Ако ја погледнеме втората светска војна, нешто пред и нешто потоа, веднаш станува јасно дека големи игри се во прашање.
     
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со дел од неговите теории, особено со "Infinite Dimensions" и "Saturn-Moon Matrix" поради фактот дека постојат многу логички грешки и тврдења кои се невалидни од научен аспект.

    "Icke believes that the universe is made up of "vibrational" energy, and consists of an infinite number of dimensions that share the same space, just like television and radio frequencies, and that some people can tune their consciousness to other wavelengths."

    Засега се смета дека универзумот се состои од три вида на супстанци: нормална материја, "темна материја“ и "темна енергија“. Нормалната материја се состои од атоми што сочинуваат sвезди, планети, човечки суштества и секој друг видлив предмет содржан во универзумот.

    Од друга страна, што се однесува до "vibrational" energy, истата е дел од "Law of Vibration", која всушност претставува основа за "Law of Attraction".

    И претходно сум коментирала дека концептот врз кој се базира законот за привлекување воопшто не е рационален и манифестира нелогичко поврзување помеѓу двете аспекти - менталниот свет (желбите и потребите на луѓето) и надворешниот свет (фокусирано на универзумот, што нема директна поврзаност со околностите кои настануваат на планетата Земја).

    Со други зборови, претпоставка дека одреден закон кој се дефинира како природен, ги поврзува надворешниот свет со внатрешниот свет, а причината или главната цел на таа поврзаност е привремената благосостојба на менталниот аспект на одредена форма на живот базирана врз јаглерод која се развила на одредена планета за која никој друг не ни знае дека постои во универзумот.

    Универзумот нема апсолутно никаква директна поврзаност со менталниот аспект на одредена форма на живот базирана врз јаглерод која се развила на одредена планета во склоп на универзумот. Единствениот надворешен свет кој може да влијае врз животот на човекот е самата природа на планетата Земја, како што се времето, природните катастрофи и слично.

    "Icke believes that time is an illusion; there is no past, or future, and only the 'infinite now' is real, and that humans are an aspect of consciousness, or infinite awareness, which he describes as 'all that there is, has been, and ever can be'"

    Концептот дека времето е илузија претставува филозофско мислење, односно да бидам попрецизна, модерната филозофска теорија наречена презентизам, каде се верува дека минатото и иднината се човечко-умствени интерпретации на движење наместо вистински делови на времето или димензии кои ко-егзистираат со сегашноста.

    Од личен аспект, не се согласувам со оваа теорија бидејќи го манифестира биопсихолошкото размислување, односно дека човекот не е способен прецизно да го разбере времето како концепт, да постои надвор од планетата Земја, односно во вселената.

    "Icke suggests that the Earth and collective human mind are manipulated from the Moon, a spacecraft and inter-dimensional portal the reptilians control. The Moon Matrix is a broadcast from that spacecraft to the human body–computer, specifically to the left hemisphere of the brain, which gives us our sense of reality."

    И оваа теорија содржи слични елементи како "Law of Attraction/Vibration" кои се обидуваат да пронајдат директна конекција меѓу менталниот свет на луѓето и надворешниот свет со фокус на универзумот, што не е возможно. Со други зборови, станува збор за имагинарна човечка теорија со психолошки пресврт да се толкува како природен само поради претпоставеното присуство на дејствувањето на природни елементи.

    Всушност, овој концепт не е целосно оригинален, туку би го опишала како плагијат со модерни елементи, бидејќи истиот содржи одредени сличности со т.н. lunar effect кој инаку е развиен уште од античката историја. На пример, Аристотел верувал дека полната месечина предизвикала лудило кај подложни лица, верувајќи дека мозокот, кој претежно е вода, мора да биде под влијание на Месечината и неговата моќ над плимата и осеката, меѓутоа гравитацијата на Месечината е премногу мала за да влијае на која било единствена личност на планетава.

    Бидејќи е докажано дека месечината како единствениот природен сателит на планетата Земја содржи недоволно силна гравитација за да има некакво влијание врз човековиот мозок, теоријата на David Icke предложува друга алтернатива, односно дека месечината е вселенско летало.
    Ова верување се коси со сите закони на физиката поврзана за небесните тела, бидејќи постои огромна разлика меѓу вселенско летало и небесно тело. Освен тоа, зарем никој не се запрашал каде и како било создадено такво "вселенско летало" со толкава големина, потоа потребата за енормно количество на гориво итн.

    Потоа, бидејќи според античкото верување дека полната месечина предизвикувала лудило кај луѓето, David Icke на сличен начин го толкува реалниот свет во кој живееме - како лудило. Од таму произлегува концептот на теоријата дека сме "контролирани", односно се обидува да го прилагоди своето верување со универзален ефект, кој не би имало дејство врз него, туку врз сите луѓе на планетата.

    Исто така, мошне лукаво од страна на David Icke кој намерно ја одбрал левата хемисфера на мозокот. Таа е способна да ги извршува "порелевантните" функции кои се бараат во тестовите за интелигенција, како логика, аналитичка мисла, математика, наука итн. Со ова тој всушност прави пропуст така што не е доволна само левата хемисфера, ниту пак внатрешните фактори (човековиот мозок како целина) за да креираме перцепција за реалноста.

    Реалноста се дели на објективна и субјективна. Никој не може да ја перцепира објективната реалност, бидејќи сите го гледаме светот низ призмата на нашата субјективност креирана од нашите когнации.

    Теоријата "Moon Matrix" претставува дел од субјективната реалност/перцепција на David Icke кој тој сака да ја претстави како објективна реалност. Причината за оваа теорија е поради фактот дека David Icke е човек, а човекот претставува социјално суштество кое се чувствува ранливо и отфрлено доколку некој не го поддржува, дури и кога станува збор за ваква абсурдна теорија.

    "The rings of Saturn (which Icke believes were artificially created by reptilian spacecraft) are the ultimate source of the signal, while the Moon functions as an amplifier. He claims that frequencies broadcast from the hexagonal storm on Saturn are amplified through the hollow structure of our artificial moon keeping humanity trapped in a holographic projection."

    Како прво, прстените на Сатурн всушност претставуваат нецелосно конструиран систем од парчиња мраз и карпест материјал кои варираат по големина. Гравитација на Сатурн е она што ги држи овие компоненти во систем од прстени. Нема никаква логика извор на било каков сигнал да бидат парчиња мраз и камен, кои патем се доста одалечени од месечината и нашата планета.

    Второ, потребно е многу долго време за да создадат вакви прстени околу една планета, како што е тоа случајот со Сатурн, што се претпоставува дека датираат од последните 100 милиони години. Знаете што се случувало на планетата Земја пред 100 милиони години? - Првите птици и растенија/цвеќиња се појавиле, што значи дека сеуште не постоеле луѓето за да бидат контролирани in the first place.

    Освен тоа, прстените на Сатурн константно ја губат масата, така што кога би биле извор на сигнал, истиот би станувал се послаб и послаб...

    Свесна сум дека постојат многу луѓе кои веруваат во теориите на David Icke, меѓутоа навистина е препорачливо истите претходно да се едуцираат за тоа како функционира реалниот свет и да можат со сопствен разум да направат споредба со она што го знаат и теориите од ваков карактер, наместо слепо да веруваат во се што ќе слушнат.
     
    Последна измена: 20 октомври 2019
    На Scorpiongirl12, Alisa22, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Ти се восхитувам, висок степен на информираност и речник имаш :inlove:
    Едно не ми е јасно, дали Дејвид Ајк покрај докажани и поткрепени со факти, информации, нуди и дел од неговите теории, со цел да биде продаван или интересен или пак, некои од нас не се согласуваат со тој дел негови теории бидејќи не се доволно докажани?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Или можда ова незнам :?:
    Ти имаш мислење по ова прашање или темава ја отвори општо за дискусија?
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила со мислењето дека неговите теории не се доволно докажани бидејќи проблемот со David Icke лежи во тоа што тој не користи пристап кој е базиран врз валидни, научни докази во своите теории. Односно, повеќето од неговите теории прикажуваат сценарија кои од научен аспект се невозможни и дел од нив ги објаснив во моето претходно мислење.

    Освен тоа, секогаш сум помислувала на веројатноста дека David Icke можеби страда од одредена ментална болест, како на пример шизофренија, но бидејќи не е сместен во психијатриска болница, претпоставувам дека се работи за блага форма во присуство на lucida intervala. Мислам дека дополнително влијае и фактот што живее во земја со голема толеранција во поглед на слобода на говор.

    Според мене, David Icke само ги поткопува напорите на разумните луѓе, кои користат разум и рационалност да ги изнесат своите аргументи.
    Така, неговите книги можат да имаат смисла само за недоволно едуцирани луѓе кои се инспирирани од фактот дека постојат луѓе кои имаат многу поголема моќ од нив, стануваат параноични и во својот ограничен ум си замислуваат свет во кои тие се всушност помоќните ама од умствен аспект, односно дека не можат да бидат "прелажани" кога во реалноста самите себеси се прелажуваат.

    Технички, тој можеби од психолошки аспект е во право кога вели дека реалноста е илузија, со оглед на фактот дека нашата перцепција е субјективна и органичена, особено кога ова се однесува за луѓето со ментални болести, или пак дека група на моќни луѓе вршат огромна контрола во "креирањето" на реалноста, најчесто преку прикривање одредени информации од јавноста, како на пример број на жртви во војна, извршени научни експерименти кои ги кршат човековите права, поткупувања или политички притисоци.

    Меѓутоа, тој со неговите бизарни теории креира една сосема нова, а јас би рекла и погрешна слика за тоа што претставува вистинска conspiracy theory, а со тоа на сите conspiracy теоретичари им дава негативен стереотип дека се луѓе кои целосно ја изгубиле смислата за реалност кои манифестираат психичка болест.

    Вистинска conspiracy theory треба да биде заснована со валидни аргументи, факти и докази, и уште поважно, истата да открие нешто кое било скриено од јавноста поради нехумани, историски, политички, воени или научни мотиви. Бидејќи овие информации се од најголема важност за разбирање на реалноста, ние мора да се потпреме на докази и разум.

    Повеќето луѓе се спречени да ги испитаат доказите затоа што веруваат во авторитет. Повеќето луѓе не можат да се справат со фактот дека клучните институции на власта - владата, медиумите и академијата - не се во право кога станува збор за клучните настани. Сепак, ова не значи дека поединците кои заземаат важни позиции се секогаш вклучени во голем заговор.

    David Icke не се занимава со факти. Тој едноставно поставува идеи што не се втемелени во реалноста. И поради тоа тој креира генерален впечаток на ирационалност врз она кое научници со години се труделе да ни го докажат, но и врз одредени аспекти од реалниот живот како историја, наука или политика кои реално треба да ги преиспитаме за да се осигураме дека јавноста секогаш ќе ја дознава вистината за нашето корумпирано човеково општество.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Сите "страдаме" од ментални "заболувања" поради нашата несовршеност и нерамнотежата во жлездите во мозокот и мозочната структура...
    Еве дел:
    Screenshot_20191020_211035.jpg Screenshot_20191020_211053.jpg Screenshot_20191020_211113.jpg Screenshot_20191020_211128.jpg

    Дејвид за неговото "знаење" вели дека го добил преку медиум кој сакал да помогне на човештвото...
     
    Последна измена: 20 октомври 2019
  7. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не знам многу за него ама го гледав на London Real и ми изгледаше ОК. Ама пак си мислам, ако стварно вадеше на површина некои вистинити информации за елитите, зар немаше досега да му се случи некоја „несреќа“?
     
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Напротив, она што David Icke наводно го "вади на површина" токму им оди во корист на елитата, со самото тоа што кај јавноста се креира заблуда и погрешна слика за тоа што претставува вистинска conspiracy theory, односно она кое елитата навистина се труди да го сокрие - вистински conspiracy theories кои немаат никакви надреални елементи, туку валидни историски, научни, политички или воени мотиви.

    "We live in a society exquisitely dependent on science and technology and yet have cleverly arranged things so that almost no one understands science and technology" - Carl Sagan

    Иако можеби не претставува најсоодветниот цитат, сепак неговата суштина ја отсликува социјалната психологија на универзално ниво. Со други зборови, покажува колку е лесно од психолошки аспект да се пренесе информација која или е целосна или делумна лага врз јавноста, па и врз владата со цел да се влијае врз нивните емоции, мотиви и објективно расудување во корист на опозицијата.

    "Зависноста" се согледува во тенденцијата јавноста да биде информирана за вистината на авторитетот во човековото општество, но истата не може да ги препознае методите или валидноста на информирањето.

    Тенденцијата за доминантност претставува генерална човекова карактеристика и на идентичен начин оваа карактеристика се манифестира на државно ниво. Светските сили поради нивното глобално влијание и моќ можат да си дозволат на субтилен начин да предизвикаат или да зајакнат одредено однесување во нивна корист, а истовремено имаат политичка, економска или воена вредност.
    Овие психолошки манипулации се употребуваат и за време на мир и за време на воен конфликт.
     
    На Keanu_R.Wick и Anon им се допаѓа ова.
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Поголема несреќа од тоа да те игнорираат нема. Дел од нивните медиуми се обидоа да го претстават како тотал крејзи ама не им успеа. Ако го елиминираа тоа елитите, ќе создадеше уште поголем сомнеж. И мене ме чуди сето тоа. Мислам дека има посилни адути у ракав ама ги чува некаде, во случај да му се деси нешто, мислам дека силни докази би испливале. Дали Дејвид или некој друг, дефинитивно ќе создаде анархија. За скоро.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Зошто да му планираат несреќа кога им е еден од главните играчи и дезинфо агент?Нема потреба никој од него да прави лудак кај него важи правилото crazy speaks for itself

    In August 1990, before his visit to Peru, Icke met Deborah Shaw, an English psychic living in Calgary, Alberta, Canada. When he returned from Peru they began a relationship, with the apparent blessing of Icke's wife. In March 1991 Shaw began living with the couple, a short-lived arrangement that the press called the "turquoise triangle". Shaw changed her name to Mari Shawsun, while Icke's wife became Michaela, which she said was an aspect of the Archangel Michael.
    The relationship with Shaw led to the birth of a daughter in December 1991, although she and Icke had stopped seeing each other by then. Icke wrote in 1993 that he decided not to visit his daughter and had seen her only once, at Shaw's request.Icke's wife gave birth to the couple's second son in November 1992
    In March 1991 Icke resigned from the Green Party during a party conference, telling them he was about to be at the centre of "tremendous and increasing controversy", and winning a standing ovation from delegates after the announcement. A week later, Icke and his wife, Linda Atherton, along with their daughter and Deborah Shaw, held a press conference to announce that Icke was a son of the Godhead
     
    Последна измена: 21 октомври 2019
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Совршено се вклопува во NPD(Narcissistic personality disorder) како и многу теористи во конспирациските кругови како и духовни ''гуруа'' во њу ејџ круговите ., дефинитивно delusional и out of touch with reality како и со комплекс на бог и месаја(со мало б) На пример ова
    Umm НЕ.
     
    Последна измена: 21 октомври 2019
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Спојлерот, го видовте?
     
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Да. Не на се. In fact тоа е најголемата лага и дезинформација денес вметната во конспирациските кругови и воопшто зошто постојат вакви профили за ширење лаги и дезинформации и се со цел да те убедат дека си ти многу помалце од она што навистина си а они повеќе додека вистината е тотално поинаква и спротивна . Пошто се во природата/универзумот фунционира слично и по исти принципи да те прашам дали има логика телото да зависи/не може преживее без паразитот или скраја да е паразитот да е клучен за стварањето и функционирањето на телото наместо обратно?Но ако ти сметаш дека тоа е целата поента на твоето постоење затоа што ајки (профил што горе го анализираме)така ти кажал слободно верувај си .
    Look into nature you will undertsand everything better-Einstein
     
    Последна измена: 21 октомври 2019
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Интересен е Ајк. Јас не би рекла дека е луд, дошол до начин доста да спечали и да остане славен и актуелен низ годините. Инаку, општеството нема големо фајде од тоа што го зборува, колку време „освестува“, а светот станува само полош.
    Дека се прават разни експерименти со плебсот е факт, иако тој зачинува со фантастични елементи за да не биде сериозно сфатен, што му е и пропусница за живот.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Морам вака пошто ми истече времето за редактирање само да додадам-нивниот изум е системот во којшто живееме денес кој се обидува да го извлече најлошото од човекот/луѓето (да природата на човекот е добра без разлика што они со сите сили сакат да те убедат во спротивното )но не човекот(нековиот креатор е друг и goal number one им е да го скријат тоа од него )
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Ако те замолам да прочиташ барем петнаесетина дваесет страни од било која книга од него или да изгледаш некое видео од половина час, на пример, некое предавање од Харвард или од некоја од земјите (над 70 земји) каде што бил, би го направила тоа?
     
  17. baklava123

    baklava123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    cisti gluposti, kakvi reptili, anunaki, pa sustestva od orion i koi dr bea
    a toj david ko mrdnat mi izggleda ako veruva vo toa sto pisal, ili ako ne e mrdnat toa go pravi samo so edna cel da zaraboti , jas nikakvi dokazi nevidov..
    covecstvoto lugeto milioni godini nazad si smisluvale prikazni kako sto i denes se pravat ..lesno e da zemes edna misla, slika bilo sto da receme i lesno mozes da ja povrzes so 300 gluposti i stvoris teorija (najprosto kazano)
    se e ova glupost nevidena
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Зошто? За да можеш да спиеш навечер мирно знаејќи дека си преобратил некого што не се сложува со тебе и има поинакви видици за нешто? Побогу на еден од коментарите реплика ти беше ова доле. Само затоа што ајки така кажал? Озбилно? Имаш ти свој ум за размислување/расудување?
    За ова другово-Дејвид за неговото "знаење" вели дека го добил преку медиум кој сакал да помогне на човештвото.
    Знаеш колку вакви ги има денес во њу ејџ круговите? СИТЕ/ илјадници што повеќе познати што помалку.Што е ајки повеќе само затоа што некој го поставил за мејнстрим фигура и poster child за теориите на завера ко да он и само он го држи клучот до вистината од билиони јер побогу он е (самопрогласен) second coming of Христа ние останатите сме само обични смртници создадени него и само него да го слушаме/обожаваме ко бог(пак со мало б) и му се дивиме :rofl:Можда би го знаел ова да се мрднеш од мртва точка и зависиш за вистината само од еден човек,поготово ако тој човек не си самиот ти.
    Не ти реков веќе дека сум запознаена со ''литературата ''на Ајки? Сум го истражувала и него и ''неговите'' теории(не се негови али ајде ) како што сум истражувала и земала во обзир со отворен ум и останатите теории во конспирациските кругови,њу ејџ теориите,сите религии што можам да ги најдам ,науката,природата, филозофии но најбитно сопствениот ум и интуиција за расудување и посматрање на светот околу мене.И знаеш до што заклучок сум дошла? Секаде имаш вистини нo никаде целосната вистина (да дури и науката I mean helouu newton's theory) Што сакаш? Да ме убедиш во тоа што ти го веруваш?Темава е за дискусија во која се дискутира со различни видици/аргументи зошто не можеш да го прифатиш тоа и упорно покушаваш да ја објасниш својата надмоќ и надзнаење на нас сиротите кои не сме доволно упатени и просветлени како тебе да знаеме(без докази) дека единствената цел на нашето постоење е да бидеме робови затоа што некој така кажал/напишал :rofl: Ти тоа го сметаш за врв на просветленост и слобода?
    Како што реков верувај си во што сакаш само немој да покушаваш да ги убедиш сите во тоа и прифати дека не секој има/треба да има исто мислење како тебе or else.
    И да целава теорија само затоа што била запишана на сумериски плочици. Again знаеш колку вакви написи(вклучувајќи и во свети книги на различни религии постојат за настанокот на човештвото еве да ги земеме само (далеку)попознатите во обзир да ги изоставиме останатите илјадници-христијанство,ислам,будизам,хиндуизм,кинеската фолк секој со своја теорија за настанокот на човекот. Што е оваа теорија повеќе од останатите за да и се придаде значај и прифати како единствена вистина? Можеш да ја докажеш повеќе од останативе?
    За крај еве цитат кој укратко објаснува тоа што јас пред неколку постови го напишав
    quote-good-can-exist-without-evil-whereas-evil-cannot-exist-without-good-thomas-aquinas-0-97-15.jpg
     
    Последна измена: 22 октомври 2019
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Да не имаш и ти некој "медиум" штом толку знаеш за мене, знаеш за тоа што мислам и знаеш за тоа што сакам? :)
    Единствениот бенефит што го имам од малкуте прочитани извадоци од Ајк е подлабоко размислување, останатото го земам со резерва.

    Би сакал во иднина да ги коментираме кратките извадоци од неговите книги кои ќе ги ставам во коментари. На пример ова:

    Screenshot_20191022_092148.jpg
     
  20. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Добро, може многумина нема да се согласат дека тоа се баш рептили но, што е со историјата?

    Screenshot_20191025_041625.jpg Screenshot_20191025_041645.jpg Screenshot_20191025_041708.jpg Screenshot_20191025_041726.jpg Screenshot_20191025_041747.jpg Screenshot_20191025_041806.jpg Screenshot_20191025_041832.jpg