Death note (2006-2007)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од dan4eeee, 12 септември 2014.

  1. dan4eeee

    dan4eeee Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Да ве потсетам на едно аниме што мислам дека го освои целиот свет.
    Death note (Тетратка на Смртта) нешто што никогаш не се заборава... Приказната за Лајт Јагами кој наоѓа една тетратка и така го запознава Риок кој е бог на смртта или шингами. Секако Лајт можеби на некој начин е себичен, но сепак со неговиот брилијантен ум успева да го порази Л, а подоцна и самиот Лајт станува Л. Лајт станува Кира, кој убива криминалци запишувајќи го нивното име во death note. Но, секако со помош на неговата девојка Миса која ги има шингами очите и нејзиниот шингами Рем успеват да постигнат голема популарност и паника во целиот свет. Кира сепак на крајот е поразен од Неар. Вакво ремек дело ретко се гледа :)


    [​IMG]

    [​IMG]
     
  2. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Death note

    Колку сезони има? Оти имам многу слушано за анимево и се токмам да почнам да го гледам.. :)
     
  3. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    мислам дека имаше околу 37 епизоди
     
  4. dan4eeee

    dan4eeee Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Има и 2 филма поврзани со анимето :)
     
    На Deadhalf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Едно од најдобрите хорор аниме што ги имам гледано. Одлична анимација, приказна и интересни ликови. Прилично голем впечаток остава моралната трансформација на главниот лик Лајт Јагами по пронаоѓањето на тетратката. Тој е интелигентен, убав, од пристојно и просперитетно семејсво - стандард за популарно момче (во аниме), меѓутоа таквиот едноставен и пријатен живот му е монотон, но откако ќе ја согледа моќта на тетратката на смртта, се става себе си во улога на Господ убивајќи голем број на луѓе се со цел да создаде Утопија. Иронично е тоа што во обидот да ја реализира својата намера, односно да создаде свет без криминал, тој самиот станува криминалец, поточно убиец, кој во процесот убива доста невини лица.
    Според мене ова е навистина многу добро аниме кое со секоја епизода ќе го остави гледачот во неизвесност, на работ на возбудата.
     
  6. Falkon007

    Falkon007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ова е моето омилено аниме, го имам изгледано неколку пати и сеуште ми е интересно. Омилени лик ми е L, ми беше интересен со тие тортите и слатките.. :D Дури и златната рипка си ја крстив по него Ryuzaki :inlove:. И Misa Amane ми е симпатична, се направи за Light, а тој рецка не и мавна.. :( Light ми е антипатичен лик, и покрај тоа што е паметен и размислува тактички. Постојано навивав за L се додека..
    не го убија ;(;( Толку се разочарав што за малку немаше да продолжам со гледање. :( N и М не ми се допаднаа баш.. На крајот сакав Kira да победи, но и тоа не се случи. :| Не разбрав како заврши Misa, но прочитав дека се самоубила ;(
    Многу интересни случки и пресврти, навистина вреди да се изгледа.
     
    На Читател и AutumnRain им се допаѓа ова.
  7. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Машки
    Штотуку го изгледав .. и впечатокот е топ, прејако аниме.

    Меѓутоа иако ќе напоменам нема Light ми беше омилен и сакав на крај да победи, Но тоа е тоа. Претпоставувам сите кои го гледале си имаат свој омилен лик па најчесто не сакаме да умре и кога тоа ќе се случи се соживуваме со тоа. Многу интересен момент е тоа што ние се чувствуваме лошо откако ќе се случи нешто што е спротивно од нашите верувања, тоа е сепак добар тренинг за контрола на емоциите.

    Но еве еден заклучок од целото аниме ...

    Most people here are getting it wrong. Death note is actually made to make us realize that the judgment should not be made by one. There are rules for everything. Meddling with them will always give a negative result. Plus, being over confident, making judgement, thinking of himself as a god, etc(whatever light did) makes the individual suffer a lot. Anyway. Technically, both the Kira supporters and the L supporters have won. Kira beat L and L's subordinates beat Kira.



    ПозЗ3³ ®

    Light's supporter 8)