Па, скоро сите се малку светкави, ама освен неколку, сите може и преку ден да се користат, ако ги искомбинираш добро.
За што точно е кремава, покрива? Инаку сум презадоволна од Дебора кармините во црно пакување, повеќе од одлични се.
Ова е дефинитивно најлишата и најнеквалитетната марка за козметика било кога !!!!!! Добив за поклон цел сет сенки за очи и пудра, сенката за пола час ја нема, пудрата ми направи секакви воспалениа и алергии... Си реков добро ајде уште една шанса... си купив уште едни сенки за очи, и тие ниту се познаваа кога се шминкав, ниту тоа што го нашминкав издржа повеке од пола саат !!!! Морам да кажам дека сум многу изреволтирана, па сепак се и скапи !
Дебора сенки користам цела палета прекрасни сее немам зборови и руж бронзен исто преубав и презадоволна сум
За поправање на расположение пред десет дена и пред затварање на дуканот влегов и без размислување си купив deborah кармин,карамел боја преубав е.
Си купив дебора течна лифтинг пудра send 3бројче но ја утнав работата требаше беш 2 потемна е незнам како сама си ги испомешав бројчињата и се нервирав цел ден.Утрово за на работа си ставив ама не ми е некако покривна.Цената и е 670ден од Космо во Зебра.За друг пат ке се помислам дали ке купам.
пудра што ќе прекрива акни и нема да дава дополнителен сјај? (мрсна кожа склона кон акни,во последно време почна од пудра да ми се прави лиши кај носот и челото- чаре? )
жЕНЧИЊА ВО шатци оваа е на акција 500 ден Дали ја има некоја користено за каква кожа е дајте некоја информација
Јас имам мала палета на Деборах со 6 сенки, 2 руменила, камена пудра и 3 сјајчиња. Пошто не користам многу многу сенки, овие ми се доволни и многу убаво изгледаат и траат. и руменилата и сјајчињата. А сенките се многу убави бои и долго траат. Јас спиев со шминката и утредената ми стоеше сенката
Користев течна пудра на Дебора 4 години и бев многу задоволна, но веќе лицето ми се презасити од неа. Можеби пак некогаш ќе си ја купам.
Јас ја користев пудрата на Дебора ама не бев мн задоволна бидејки имав акни,а таа пудра не е покривна. Инаку сенките се доста квалитетни и имаат прекрасни бои и нијанси
Имам руменило од Дебора кое патем е прекрасно и карминче од кое исто така сум задоволна.Ама палетата онаа големата со повеке сенки и бронзер , камена пудра карминчиња е УЖАСНА ! Не фрлајте џабе 2000 и нешто или колку и да беше. Значи сенките се како прашинка , толку непигментирани и да се утепаш од ставање едвај ќе се познава, да беше некоја просечна марка за просечна цена ќе кажев ајде солидни се ќе завршат работа ептен ако си во тесно , ама вака... Значи лично ја немам ама многу пати сум се нашла во ситација некоја да сака да ја шминкам и да ги извади тие сум им дала шанса и на крај па ќе земам некои други од моите пример и ќе нашминкам.Значи и цимерката и неколку другарки се каат за парите што ги фрлиле , тука таму некое карминче ќе стават, камена пудра или бронзер кои не се толку лоши ама сенките се за никаде.
Да, не е покривна. Мене ми одговараше дека чисто лице имам, а ќе ставев сабајле и цел ден ми траеше, што со другиве пудри не е баш така. А сенките и мене ми се допаѓаат.
И јас ја користам пудрата имам чисто лице па добра ми е но единствена замерка е што после 2-3 часа ми светнува т-зоната.Го имав земено и коректорот но ништо не покриваше за џабе потрошени пари и последно го земав руменилото debby blushcase и ми е најдобро руменило што го имам користено до сега.
Јас ја користев таа што ја пратив, пробај ја предобра е и трае долго. Внимавај само при изборот на нијанса, зошто самата пудра е потемна