Се зборува за 5 слугинки секоја со своја приказна. http://watchseries.lt/serie/Devious_Maids овде може да ја гледате без превод... Спојлер Колку што видов нема слична тема доколку има се знае во канта.
Devious Maids Прекрасна серија, која премногу потсетува на домакинките. Ги изгледав сите 13 епизоди во еден ден. Марк секогаш бирал прекрасни жени за главните и споредните ликови, и овде исто, но од гледна точка на актери, разочарана сум. Особено сопругот на Евелин, Ендрју. Спојлер И да, премногу лесно се разрешуваат сите убиства, полицијата како да не постои.
Devious Maids јас се заразив со серијава, не можам да дочекам втората сезона да излезе (мислам во 2014)ќе биде.. Ги заразив и сите мои другарки. Еве ви линк со српски превод да ја гледате http://online.filmovisaprevodom.org/dev ... ds-online/
Devious Maids Класична сапуница, според мене може одлично да ја спакуваат во една сезона и да си ги скратат маките. Многу нереално ми е, сите слугинки скоро се заљубуваат во газдите и обратно и они ги сакаат исто, мене ми е тоа многу нереално. Рози се правеше многу фина ама не е баш така безгрешна, Кармен ми е тотално не јасна, цело време збореше кариера, наеднаш сфати не сакам кариера сакам љубов, го мотка Сам како сака буквално. Крајот со Алехандро е толку клише, поклише амин. Што знам мене не ми оставин посебен впечаток, имаше многу патетични сцени буквално непотребни и досадни. Многу ми е како модерна пепелашка, а јас веќе не верувам у бајки, па и ова ни во најдобра шанса не е ни 2%реално. За тепање време е океј. Лучи им е најдобар погодок, она едино си ја доловува улогата како што треба.
Devious Maids Рози не можам да ја смислам....Премногу глуми невинашица а уствари НЕ Е ахахахаха се нафурав на лик од сапуница Инаку и мене не ми е нишо посебно серијава, баш за тепање време само е ок.
Devious Maids Вторава сезона ми изгледа некако позанимљива сега за сега од првата, поише работи се дешаваат,плус ќе има нова мистерија за откривање Марисол. Ма да без Лучи ништо не праат, дефинитивно ми е најхит во серијава. Евелин и Едријан ми се ту мач, не можам никако да ги смислам нит гледам. А другите се преслаби глумци и глумици, ама па и ваква сапуница поминува и со слаба глума.
Devious Maids И мене втората сезона ми е поинтересна и ми се допаѓа тоа што воведоа нови ликови. Новиот телохранител на Евелин е прекрасен. Кармен ми е легенда, се надевам дека Алехандро нема да умре.
Devious Maids Спојлер Па нели одма умре? Кога го пипнаа веќе немаше пулс. Не е лоша серијава, онака за тепање време. Рози најмногу ме нервира, најодвратна и лигава ми е некако. Марисол ми е најинтересна. И од Scrubs ми се свиѓа Зоила. Кармен ми е преубава. Другото е просек. Спојлер А што стана со семејството Марисол кај што работеше не ми текнува? Нели ја застрелаа таа, не ми текнува како се викаше?
Devious Maids Само што ја пуштив првата епизода од втората сезона, веднаш си помислив дека Марисол е на задача Мислам дека оваа сезона ќе биде многу поинтересна.
Devious Maids Првата сезона ја изгледав на Фокс Лајф, ептен ми беше интересна. Вторава знам сега бргу требаше да излезе ама не можам епизода по епизода да ги чекам, нека излезе целата па наеднаш.
Серијава ептен е заразна,ама ме нервира тоа што неможам да ја гледам кога можат другите мислам кога ја има на тв мора да чекам да ја стават на нет.
Нова епизода излегува во недела вечер, а на интернет ја има веќе во 5-6 часот наутро во понеделник (наше време).