Мене ми е многу интересна, за тепање досада добра е, пола сезона ја изгледав за неколку сати Роси ми е најодвратна од слугинките и во понашање и се, не ја варам, Адријан исто. Ме интересира дали Марисол ќе докажи дека син и невин
Јас мислам дека има нешто тука со Бен и сестрата на Пери,и се си мислам дека некој од нив е убиец на Пери, па што ќе биде со комшиите на Зоила има нешто тука матно , ми се допаѓа 4тава сезона во овие неколку епизоди.
Адријан е еден од најинтересните ликови мислам, тој и Евелин со нивната смисла на хумор, макар и чудна ја прават интересна, инаку мислам дека ја докажа.
Ги има и на замунда, јас ги симнувам оттаму само што ќе излезат... Инаку се отепувам од смеење со серијава, таман е за летен период и за опуштање Последно со Евелин значи , не можам да не се смеам ))
Што му се случи на Спенс? Немојте да ми кажете дека беше Името на розата момент со страните од скриптата? А Евелин е шега
Ја отупеа, премногу нафрлени работи, со сестрата на Пери, па менаџерот на Спенс, па Даниела и Џеси.. Абе ај. Првичниот концепт беше добар, ја уништија сосема.Оваа со Адријан, па демек бега па не бега. Кајл ја сака па се согласува со планот на мајка му. Глупости живи.
И ете сега ќе почнеме да разбираме која е поврзаноста со Бен, Кајл и мајка му и култот. Ќе биди интересно во секој случај.
Ја гледаше некој новата епизода? Конечно ми станаа јасни работите Ама Роси не можам да ја поднесам. Ептен лигава ми е.
Спојлер Епа Спенс не му е татко како што испадна, значи татко му е некој важен, останува да видиме. Роузи ептен е антипатична, се полигава, ама битно открива кој е убиецот. Хах. Дани ептен ме нервира некако, тапа лик е. Ај ќе видиме што ќе испадне во последнава епизода.
Јас само на минување сум. Нели и Ева Лонгорија е овде? Има некоја поважна улога или? Загледав на фокс ама инсерти само.