Многу се блиску еден до друг. Ист, Рамстор, ГТЦ, уште овај фалеше. Со отворањето на овај ќе пропаднат Рамстор и ГТЦ. Општо никаков урбанистички план нема Скопје, само никнува нешто преку ноќ. Е сега ние како обични смртници знаеме дека се многу и дека локацијата не е соодветна, ама тој шо треба да знае, не знае.
во право си..нас овде кој не` врти.Место во парк да се лулаат деца, дома на стол ќе се клацкаат.. Ептен е грдо станато, да сакаш да се прошеташ нема каде веќе И таму кај што има дрвца или зеленила се прави зграда, бетон..
Тотално беспотребно. Градот е пренатурпан, воздух нема и уште најдуваат место, па уште еден трговски да никне. Хорор ми е искрено кога морам Ск да одам за обврска некоја. Другите поголеми градови во Мк тотално заборавени, запоставени, никаква инвестиција, ни работа, ни ништо. Жално. Не за џабе соседите не викаат Скопје, а не Македонија.
Скроз непотребно. Ај веќе кога ќе отвараат, барем нека донесат нови брендови. И Ист Гејт ми е скроз глупост, исти продавници од сити мол, а го најавуваа ко мислиш којзнае што ќе биде. Да не бидам песимист, ама не верувам дека ќе донесат нешто ново овие, ама ајде да видиме.
Што ли мислат луѓево што инвестираат во толкави проекти, дека во државава живеат Елон, Бил Гејтс....како им се исплати не знам. Доволно молови имаме.
Јас ова го викав и за Ист Гејт ко се отвори, си мислев нема народов пари ама сум се излажала. Ене го трговскиот си работи ко прв трговски да е во Скопје отворен. Просто да се чудиш.
Е што лошо реков? Од кај ќе знаеме што ќе се продава, премногу молови за толку малку популација премногу конкуренција, другите молови полу празни ќе бидат.
Па не е баш така, дека немаме прескапи брендови, тие што ги имаме дел од луѓето со повисоки примања можат да си ги дозволат, а и не се многу, а останатиот дел од продавниците што ги имаме се прикладни. Сити мол и Ист гејт фул се и народот купува, така што или грешна е перцепцијата дека сме сиромашни или си дозволуваме повеќе од што можеме. А пак Рамстор е празен и продавници се затворија. Ќе видиме што ќе има овде.
И мене ме чуди ова. Воопшто народов, барем според мене, нема навика да купува на попуст. Не дека попустиве кај нас се нешто, но можеби ако поретко се купува на полна цена ќе има поголеми попусти за да се привлече внимание. Исто така и аутлети нема, тој еден ко ниеден. Од директни извори, во Зара ептен малку производи им остануваат или пак воопшто за на попуст, повеќето се распродадени на полна цена. Од друга страна и цените на облеката се рипнати, за жени не знам, ама за мажи една дуксерка е минимум 1800ден., а платите исти.
Не треба нов.Се гушиме од сите страни. А, и имево Дајмонд асоцира на нешто изгор скапо, прескапо. Поарно да се направи нешто со постоечките молови, особено ГТЦ. ГТЦ е значајно обележје на градот, а го оставаат да пропаѓа.И Рамстор Мол е на тој пат. Ист Гејт веќе е вишок.Истите продавници и едвај неколку нови. И им штети на другиве. Наместо неговата изградба можеа да одлучат тие неколку нови продавници да ги сместат во постоечките молови. Ама, упорно се бираат пари пред здравје.
Тие што можат да си дозволат скап бренд нема од тука да го купуваат си одат они во странство на шопинг тури.
Се согласувам за ГТЦ. Ама требаше да го реновираат, односно да го затворат , зошто во зима дува од сите страни па ретко кој би се одлучил да оди да шета таму.
На гтц му треба подабар менаџмент не затварање. Тој е симбол на Скопје и е предвиден да е отворен и слободен како спој меѓу Жена парк и плоштад. А овие новиве се класични пералници на пари. Колку посиромашна земја толку повеќе молови. Се помалку сакам да шетам низ било кој затворен мол, не нудат ништо различно еден од друг. Сосем сеедно во кој ќе влезеш. Скромни парталчиња и поскапи партали. Тоа е се што има внатре.
Не се сложувам дека нема навика да купува на попуст ама реално попустите кога ке почнат сите знаеме што се случува. Или нема број или се партали што не се купуваат со години па чекаат да ги увалат ако упали. Ќе тргнам од себе. Не чекам попуст за нешто што многу ми се свиѓа. Ако знам дека ќе ме усреќи ќе го платам полна цена а не да кукам ако некој пред нос ми го земе кога ќе биде на попуст. Од друга страна не памтам кога на попуст сум земала нешто корисно. Повеќе ме лажат цените во кошничка од типот 500-600 денари (Зара) и ќе налупам работи што не ми требаат само ради психолошки ефект дека е на попуст. На крајот од денот секој си ја знае куповната моќ и мислам дека кај нас има доволно продавници со избор за секој џеб. Е сеа ние сакаме ем "марка" ем без пари да е. Тоа нема нигде. Во врска со молов и ја мислам дека е сувишен. Ист Гејт е доволен и опремен за сечиј вкус така не знам што ново би понудил овој мол.
Викаш не се сложуваш, а потоа се демантираш дека не чекаш попуст за нешто шо ти се свиѓа. Колку е тоа нешто? 1,2,3… 5 нешта? Има разлика 1 и 5 нешта. Пример, лупам теоретски на секој 1 шо можи да си дозволи се и сешто 10-15(?), не можат да си дозволат? За распродавањето, една теорија кажав во претходниот пост, се соглсувам дека кога е на попуст брзо се продава ама и се прати за да начекаш… ама кој ќе чека сега, кој ќе се турка во гужви, ќе ми го земе некој пред мене… изговори. Сепак како шо кажа, секој со сопствената куповна моќ: европски цени, македонски плати. Патем за кои “марки” зборуваме? За Zara, Bershka, Pull&Bear? Немате претстава како се штанцаат пари за овие брендови под капа на Inditex, речиси идентични парчиња облека во Бершка и Зара се продаваат со 2х-3х разлики во цената. Баш “марка” се плаќа.