Не те разбирам како куповната моќ на еден човек ја одредува куповната моќ на останатите 15 што не можат да си дозволат да го купат продуктот по редовна цена што можеш ти да го купиш. Секој е различен и троши според своите способности. Ако немам пари да купам фармерки од Масимо Дути ќе купам од Зара алтернатива, ако немам од Зара ќе купам од Тера Нова и така натака. Муабетот ми е барем кај нас има избор за секој џеб. Не сме ограничени со 3 продавници па имал немал пари ко ќе ти дојде зор и последните пари да треба да ги дадеш за да не идеш гол или бос. Секој продукт има маржа со која се увезува, не е наше производство конфекција па да се буниме зашто налупале нереална цена. И не само облеката тука е и технологијата. Имаш телевизор од 100.000 денари имаш и од 20.000. И на двата ќе гледаш филм ама на тој од 100.000 сликата ќе биде џам на тој поефтиниот нема. Ама ако немам пари за поскап ќе си викам ќути супер и на овој сликата што ќе ми е Олед или 4к слика. И сигурно нема да речам ете комшијата да не купеше тв од 100.000 сеа сите тв ќе ги ставеа на попуст и ќе го купев и ја тој и ќе гледав 4к филмови. Исто и со колите и со сите задоволства кои не се нужни. Мислам не си ги видел/а редиците у Зара ко се попустите ко небаре без пари даваат облека па затоа збориш дека кај нас луѓето не купуваат на попуст. Па ко ќе ми текне маркетот у Сити Мол ко се отвараше и сите коа трчаа со пакетите тоалетна зашто ја даваа по некоја симболична цена. А тек па блек фајдеј и сличните маркетиншки трикови кога по моловите не се влага зашто сите сите како споулавени пазарат.
Не реков дека еден купувач ја одредува куповната моќ на друг купувач, ама бидејќи примерот од кај шо тргна муабетот беше за Зара и бидејќи имам директни извори од таму, кажав за таму. Во Зара, од речиси сите сетови на една колекција (зборувам за во продавницата во сити мол), се распродаваат речиси сите парчиња на полна цена. Остануваат тек-тук по 1-2 броја(обично најголеми или најмали величини) шо висат на посебно означени закачалки. Кога ќе дојде попуст, тие ги ставаат на најголем попуст, а оние шо не се распродале (најчесто поради висока цена) на некое смешно намаление и тогаш луѓето се лажат и грабаат. Е сега, го спомна black friday. Сѐ шо не се продало преку горе наведените фори, оди на најголем попуст, среќа е ако најдеш нешто зашто сѐ е по еден број, а понова колекција ќе стават на 10-20%. Многу луѓе кога се веќе таму ќе земат и од тие на 10-20% попуст иако воопшто не е евтино, во превод се залажуваат и грабаат. Тоа е смешно намаление. И кога ќе видиш, најголем дел од работите се купени на полна или речиси полна цена. Јас дадов само хипотеза дека доколку би имало промена во принципот на купување, можеби ќе се изнудат поголеми попусти. Можеби грешам. Тоа кој колку може да купува и да си дозволи е индивидуална работа и не го оспорувам.
Одамна ставив голем Х на улиците околу Рамстор. Тука живеев и кога ми го затворија скратениот пат до плоштад се иселив. Џунгла. Цел саат можеш да си чекаш во гужва, касниш секаде, па и блокирани се улиците кои водат до ургентниот центар. Мислам која логика такви зградишта да правиш тука кај што треба да летаат болнички возила. Во изградба, цената за квадрат на становите беше 2500 евра. Кој ли ќе живее тука...
Ve molam za pomosh, se javiv vo diamond za stan mi odgovorija samo na 5 ti kat se ostanati stanovi… me zacude zoshto bash site vo 5ti kat? Ve molam koj se negativnite strani na 5 ti kat bidejki samo na toj kat gi ima seushte?
Дечко ми живее во зграда на 5/9 кат, ама не во Даимонд, и на тие катови што се измеѓу ни горе ни доле т.е ни први ни последни зимно време е многу ладно, тие најдоле имаат најјако парно, тие горе ваљда за да имаат добро парно имаат посебни пумпи, а тие што се на средина нека си трпат, парното е за по јакна да седиш дома цела зима..
Сум живеела на 5тти, освен висината, друга замерка нема. Пак никогаш не би живеела па високи катови, максимум до 3ти
Да не има некаква врска квадратурата и/или распоредот на становите? Инаку искрено зачуден сум шо речиси сите станови во таа зграда се продале… Местоположбата е катастрофална, во тој дел на лето не се диши и фрчат возила нон-стоп, а да напоменам дека и цените по квадрат се ако не се лажам околу 2300€.
Која беше потребата да се гради зградуринава и тоа на локацијава „фантастична“ ? А, да, перење пари и профит секако. Ненаситна урбана мафија, абе едно делче ќоше празно да не се остаи во градов, одма у секунда никнува бетонска грдотија. Се угушивме комплетно. Ќе имаме ние богаташите буџованите по сто молови, до тоа ни дошло само, се е е средено па шопингот и луксузирањето ни преостанаа само. Крај нема ова лудило. Колку ми е згадено и одмилено Скопјево, ич не ми е ќејф што тука живеам.
Да, преслаб им е маркетингов и затоа прашав, си викам можеби јас немам видено објава. Ама по мое, истиве брендови ќе ги има горе-долу како и во city mall и east gate.