И некои од дуќаниве за техника. Можеби и некои од овие на Индитекс. Значи, речиси сè веќе видено. Џабе зафаќа простор.
Да не спремаат изненадување некое овие бе па шо толку кријат? Само шо не ми се верува искрено. И си стојам на истото, дека скроз непотребен беше, како само некако го угуши и затвори просторот околу, уште ова фалеше, грдо некако изглеа, безвезе. Сеа следен мол, коа, каде, се знае? Малку ни се, нека има у секоја општина минимум по еден.
Мислам дека од следната година ќе имаат нови брендови од Турција... дали утре ќе организираат некакви промоции или подароци?
Како го отвараат вака полупразен? За алишта продавници по понормални цени има само 2/3, воопшто нема избор, во рамстор има повеќе..
Само што го прошетав. Убав е во целина заедно со комплексот. Ми се допаѓа. Допрва тек ќе отворат уште многу други продавници. Локацијата му е супер, баш ми одговара. Не ми пречат молови, колку повеќе ги има толку подобро. Не се сложувам со тоа дека многу сме ги имале, штом ги отвараат значи дека си направиле математика. Само ми е криво што нема нови брендови кои до сега не сме ги имале. Може во иднина ќе се појави некој.
@Meddy Има waikiki, инаку не влегов внатре, а во H&M и немаше баш некој попуст, ако добро заприметив. Има и многу други продавници, но уште не се отворени. Јас би рекла ништо посебно, од тоа што заприметив вака на прв поглед.Потоа, продолжив во Рамстор, и повеќе работи најдов таму отколку во новиов мол.
Се уште не сум го посетил, но вака за сега, ништо особено ново нема од брендови. Малку ми е смешно шо постојано се отвараат нови продавници на истите брендови, исто сра*е - различно паковање. Во однос на кафичи и ресторани, барем за другите два молови, ми се типични tourist traps. Превисоки цени, квалитет на храна и услуга ужасни, особено во однос на цените кои ги имаат.