Го прошетав молот, убав е, неможам да речам дека не е. Потоа прошетав низ Рамстор и што да видам, пола од продавниците ги затвориле за да ги отворат во новиот мол. Еден отвараме, друг затвараме. Го умревме ГТЦ сега изгледа на ред е Рамстор. Колку е само жално ова. Ќе имаме два огромни празни објекти во цетарот.
Толку се форсираше молов што му влегоа на музејот во двор, буквално, го загушија од сите страни па и камењата што беа остатоци од земјотресот никаде ги нема… никаде во свет нема вакво нешто, да нарушиш ајде да кажам наследство, нешто што го потсеќа градот на најголемата катастрофа што ја претрпел… Молот внатре не е лош, лично мене ми е поубав од East gate, е сеа пола и повеќе продавници не се ни отворени пошо градов нема капацитет да има 5 молови, така да не знам до кај ќе тера.
a шо беше поентата со 3 дена Ивкова Слава, ко прв мол да е у државава? Мол ко мол, ги има сите дуќани од Сцм и Ист, WOW. Голема работа. Ама добро е, сеа и Ист и Сцм ќе се олабават уште толку. Три мола со исти продавници. Ама таман, центарци у Дајмонд, Карпошани у СЦМ, другите у Ист а не да не моеш да се разминеш, као порано шо беше у СЦМ за викенд
Све е бизнис и све е околу пари дечки, толку ќе кажам Полемики до утре може да правиме дали бил потребен или не бил и дали тие брендови веќе ги имало.
во ваикики нема никаков попуст, очекував дека ке има, баш ми требаше да купам за поклон нешто ама нема.
Апсолутно, све се врти околу тие пари за жал... Има нешто зашто се отвори баш таму тој мол а не на пр. у Кисела Вода.
Па има очигледно, цели автобуси и колони од возила за викенд доаѓаат од Косово и Албанија. Во останатите градови низ МК, освен Тетово и Штип нема молови, па луѓето да доаѓаат во Ск да купуваат облека.
Не да има. И после народов немал пари. Ахам. Важи. @Mrs.Bass комшика работи во еден друг мол. Турбо работа имаат. Вика - Луѓево имаат пари. Не знам зошто толку врева за нешто веќе видено. Колку што знам, истите бутици се. И робата сигурно е иста.
Cotton kje se otvara na 29.10 ili 01.11 ni tie ne znaea, prasav vo cotton vo ramstor, waikiki vo daimond ima popust na kasa zemav farmerki bea 999 na kasa gi naplatila 749 den.
Во Штип далеку е тоа од мол. Разочарувачки е само со Ваикики и Синсеј. Спорт Вижн и Спорт Ријалити толку. Скопје е пак избор за шопинг и со повеќе избор. Инаку s.Oliver како е со избор и цени?
Вчера бев имаат облека, ташни и шалови нешто, козметика не видов. Инаку на сите Ви препорачувам да почекате некој ден со посета на молов ,секоја втора продавница не е отворена, внатре мириса на цемет- бетон, грлото ме боли од градежната прашина.