Игротеката е преубава навистина, има неколку дела. Во секој дел има место за седење и кафе. Пола час е 250 ден, еден час е 350 ден. Плус се плаќа картичка 60 ден
Само кај најмалите нема маси за седење. И набљудуваш од шанк. Внатре преградени ѕидови,воопшто не е прегледно. Аниматорките не ги пазат туку шетаат со списоци во рака на кое дете му изминало времето да го извадат. Родител не смее да влегува. Можеле барем монитори со камери да стават бидејќи не се гледа каде ти е детето. Игротеката е убава,ама има доста пропусти.
Да да многу има пропусти и убаво кажа, гледаат само по список на кое дете времето му истекло. Сега слушнав ги намалиле цените, оти реално беше скапо за наш стандард.
Ние во саботата бевме. Пола час е 200ден,еден час 350ден. Не знам дали фативме намалени или покачени цени,ама реално скапо е
Вака беа цените од првиот ден, ние бевме утредента откако се отвори, скапо е стварно. Моево дете барем ни за саат не можеш да го извадиш, а замисли имаш 2, 3 деца. Too much, се надевам поевтиниле вистина.
Ние за проба прво 30мин уплативме. Демек ај да видиме да не не му се допадне. Детево беше превозбудено, го прашавме сакаше уште 30мин. Па така си плативме 400ден за еден час
Mnogu e prazen nekako molov , na prazen mislam nema ic narod..izminatiov vikend slabo narod epten, otidov do city moll tamu redici za parking, prepolno bese..
Сега па и со паркингот што се плаќа ,има да има многу јака гужва Многу се преценија,па ни 30 ни 60мин гратис
Нека биде празен и онака ништо нема, никаков избор, а тоа што го има е за елитата, нели дајмонд е.. Сити мол по мене најубав мол е, каков Гејт каков Дајмонд.
Уште 10 молови да отворат, никогаш нема да бидат подобри од Сити мол, или да му "срушат рејтинг". Никогаш!
дали некој славел роденден во игротеката? како се со пакети, не се јавува никој на телефон, знам храна не смеело од надвор, имаат пакет по дете