1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Diet Culture - Култура на диети

Дискусија во 'Диети' започната од Srckata28, 2 јуни 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Гледај, мене ич не ми е грижа дека Тес е дебела пример. Нејзино е. Не можам да ѝ се восхитувам за глорификација на дебело тело дур тврди дека здраво се храни. Млади и надежни деца ја гледаат. А баш сакам како модел да ја гледам, ептен уба фаца има. Ова не е мајтап апла сериозно го мислам. И Адел ми беше симпатична дебела, и сега слаба е уште уба. Едноставно убавиот ген го имаат. Али ради порака која ја носи со себе и шо се контра Тес на цел свет тврдоглаво, не можам да ја земам сериозно.

    Затоа и се согласувам со ова шо рече, ама веќе имав пратено мислење кога пиша ти па си реков ај за согласување да не пишам ново мислење:

    Мислам дека супер си сумирала тука се. Дека за некој интуитивно е нели, нездраво.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Пример зошто јас во темата македонски јавни фаци и @theowndemon тука го пишавме истото-body positivity стана токсично и премина во fat positivity.





    Не можеш да промовираш дека си здрав и фит, а колената и зглобовите ти умираат на секој направен чекор.
    За жал тие кои се чукаат во гради за body positivity се оние со огромен број вишок и сметаат дека такви се и не треба да менуваат ништо заради притисокот на општеството. Здравиот разум треба да те притиска да не си со замастени внатрешни органи на 30години и потенцијал за стотици болести.
    Најпросто за да ја одржам мојата килажа иста треба да јадам 2300калории со четири пати неделно тренинг.
    За да одржиш килажа од 150кг на мојата висина ќе ми требаат 3400 калории.
    Да изедеш толку и повеќе калории за еден ден не се доволни само нормалните порции храна туку и секојдневно јадење џанк.
    Девојките со 5-20кг вишок се посамокритични и се трудат да створат здрави навики со храна и физичка активност.
    Ешли Грахам на пример за жена со облини, плус сајз модел, сигурно со 20кг плус, која и те како е физички активна и изгледа здраво.
     
    На Nausicaa, Tan4ence, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски

    Уште ова ќе го остам тука, баш од погоре муабетот за Адел ме натера да го побарам. Пак ќе речам, многу ја сакам Мишел и прај ненормално добри поенти.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, моето беше повеќе во смисла дека треба да се чувствуваме ок со своето тело. Дека не треба да се сриеме во пештера додека не исполниме некој стандард кој општеството смета дека треба да го имаме. Модели и генерално не следам, без разлика на слабост/дебелина баш поради тоа што наметнуваат критика/пофалба на телото. Јас стојам на мислење дека телото не треба да се коментира.
     
    На Nausicaa, Srckata28 и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    И јас морам да го цитирам ова.

    Боди позитивити е за луѓе кои се борат со самодоверба, затоа ги опфаќа сите видови на тела. Лизо нема ВРСКА со боди позитивити, освен кога еднаш беше спомнала дека си ги прифаќа цицките што и се спуштени.

    Можеби проблемот е што вие мислите дека секоја дебела личност што дише претставува боди позитивити.

    Лизо пее за сакање на себе си. Постира слики од себе. Не можеш ти да и наметнуваш дека таа промовира боди позитивити кога самата таа вели дека е повеќе од нејзиното тело и сака да е запомнета како добра пејачка, а не што е „храбра“ ради нејзиното тело. Што има храбро или промовирачко на дебелина тоа што таа постира слики од себе и што се сака? Јас како дебела личност сум повеќе од моето тело. Не сум храбра затоа што живеам, затоа што се чувствувам убаво и што постирам слики од мене. Тоа се најнормални активности и нема право никој да НАМЕТНУВА такви коментари.

    Ова е тој аспект што сакав да го кажам за боди поситивити ама не ми се навлегуваше во темата. Ама кога веќе го рече морам. Ако ми најдеш каде Лизо промовира обезност те молам прати ми линкови.

    Ти реков јас на тебе дека ти имаш проблем кога дебели луѓе се сакаат и живеат нормално и не можам да имам почит кон никого кој се согласува со тоа.

    Едит: Не си само ти, не оправдувам ни луѓе што ја сметаат за икона на боди позитивност ради нејзиното тело во позитивна смисла. Таа поддржува self-love (мислам, ало) и пее за тоа во нејзините песни, и од таа страна е супер, ама не е таа крива што луѓето мислат дека е монументално што дебела личност се сака себе си.
     
    Последна измена: 4 јуни 2020
    На Nausicaa, Joi, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Сакање на себе треба да вклучува и грижа за себе.
    А да вежбаш три години и да јадеш ко што треба не може да си пак истиот и пак да е крива само генетиката.
    Или лажеш или имаш некоја ДОБРО скриена состојба. Велам добро зашто ретки се оние болести што водат до морбиден обезитет. Поретки од што се збори.

    Ова три години од ракав зашто некои мислат дека е невозможно да се ослабе и кажуваат како се обидуваат со години и не можат.

    А Тес Холидеј не знам што и како јаде и дали има некоја болест, ама замислете само една мусулна градба на просечен човек и додадете го сето масно ткиво што го носи кај еден обезен човек. Која мака е за зглобовите и кичмата како прво и прво. А кај Тес се применува тоа.
     
    Последна измена: 4 јуни 2020
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Ако не кажала експлицитно дека поддржува body/fat positivity, не значи дека не може да се заклучи по нејзните акции, не треба многу логика и мислење.Ако и е пеењето на прво место, би се фокусира најмногу на тоа.Едноставно е.

    Ама луѓе(ете она е пример, иако сум сретнала и милион други на социјални мрежи) што мора секој ден да си го постираат газот на Инстаграм и да си пишуваат дека се убави, да си го кажуваат тоа себе си, во име на self -love (што е пак поврзано со боди позитивити) немаат самодоверба, фарса е.
    Sugar - coated лаги за внимание.
    Жал ми е што ти го кршам филмот, ама тоа е, вистинската самодоверба не бара постојано одобрување од светот.
    Жал ми е за млади девојчиња кои го гледаат тоа и мислат дека така изгледа сакањето на себе си.

    Пак ќе ја земам за пример Адел која беше предебела ама ниту ја тангираа коментари на хејт ниту имаше потреба секој ден да си го слика стомакот за да му докаже некому дека нејзе не и е гајле и дека е самоуверена.
    Си се посвети на музиката, ствараше успеси врз база на талент и покажа дека има самодоверба да излезе и да се истакне само со гласовни способности,а не со очаен плач за внимание.

    Има огромна разлика од луѓе кои се дебели и живеат нормално, а воедно се познати, до луѓево кои постојат туркаат пропаганда.

    Ако ти не приметуваш како ликовиве желни за 5 минути слава не промовираат обезност, проблемот е во тебе, а не во мене, треба малку да гледаш реално на светот а не низ призмата на розевите наочари кои подмолно ти се нудат.Се што лета не се јаде.
     
    Последна измена: 4 јуни 2020
    На Noemi и Tan4ence им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Мхм, ама кога моделите го прават истото океј е и не е фекј. :D Многу ви е криво кога луѓето си се сакаат себе си. Адел добиваше ненормално многу хејт за нејзината тежина ама исто така и е феноменална пејачка на што ја изгради нејзината кариера. Како што и некои сметаат за Лизо. Тоа што сака да носи секси облека и да се слика така си е нејзино.

    Лизо има постирано како вежба и како си прави ручек од својата домашна градина каде што и расте зеленчук. Во ред, да кажеме дека не е здрава, ама па ете, промовира здрави навики.

    Мислам дека се гледа кој има проблеми со самодоверба ако толку ви е тешко да прифатите дека луѓето можат да бидат самоуверени и badass без разлика на се. :inlove:
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Не знам дали стварно не ја сфаќаш поентата што сакам да ја направам во однос на самодоверба, или се правиш дека не ја разбираш само за да ми ставиш зборови во уста дека мене ми сметаат луѓе што имаат самодоверба.Ок, објаснив на разбирлив начин, твое е дали ќе си продолжиш со филмот или ќе разбереш и нешто друго од сето тоа што ти се пласира и го голташ без мислење.
    А тоа дека ми е криво кога некој се сака, само зашто критикувам нечија порака и јавно однесување. ...jesus, не ни вреди да го коментирам ова твое тврдење.

    Излези малце од инстаграм, погледни го реалниот свет.Не е така црно-бел како активизмов што го учите.
     
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Не е невозможно, ама не е лесно ич за некои. Кај некои луѓе на пример вишокот килограми доаѓаат поради депресија, emotional eating. За да се создадат здрави навики на исхрана на долг рок прво треба да се справат и со психичката состојба, што воопшто не е лесно.

    И после години труд пак да те осудуваат дека си мрзелива или неспособна, ако не слабееш толку и толку килограми, за толку и толку време е баш тоа што е лошо во Diet Culture.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас првпат се запознав со токсичноста на diet culture преку Џамила Џамил и до ден денес ми е омилена личност што зборува аргументирано за body positivity и лом ги прави сите промовирачи на чаеви и глупости.

    Мене морбидниот дел од сево ова ми е фактот што диетите со гладување се екстремно нормализирани. Се сеќавам кога бев мала и братучетките се жалеа како биле прегладнети ама биле на диета, па ќе трпат. А и како што кажа некој, и на форумов има цела категорија за диети и сега кога ќе размислиш ептен е проблематично. Ама не ме чуди, останато е од 2009-та и менталитетот дека жените сè што зборат се диети, врски и шминки.

    Што се однесува до интуитивното јадење, сметам дека е вистински начин да се одржува телото. Јас дефинитивно не внимавам да имам балансирани и здрави оброци постојано, отсекогаш сум јадела онолку колку ми се јаде, а откога знам за себе, тоа е значително помалку отколку што би се очекувало. И покрај тоа, не сум имала проблеми со анорексија, ниту пак крвна слика, и досега фактот што не јадам количински многу не ми претставувал здравствен проблем.

    На сличен начин би претпоставила дека се одвиваат работите и кај луѓе на спротивната страна од спектарот. Едноставно телото толку им бара за нормално да функционира и сметам дека е нелогично секој ден личноста да излегува од комфорот за да се смести во стандард. Секако, од ова ги исклучувам TLC екстремностите што луѓето обожаваат да ги спомнуваат во ваков муабет. Генерално зборам за ,,наши" девојчиња (и момчиња) што пишуваат во темите за диети и што се осеќаат лошо кога јадат пица и кога ќе помислат на летото и на фактот што пак ќе треба три месеци да јадат по два портокали сабајле.

    Сметам дека Срцката е комплетно во право. Не може некој да тврди дека е здрав а да се тресе над јадењето и вината од него. Дури и ако некој има реален здравствен проблем (во најголем дел од случаите нема), за да може да го реши прво треба ментално да се прифати и да не ја гледа храната како непријател.

    И да бидеме реални, луѓево вмешуваат здравје во муабетот само кога некој лично не им изгледа убаво (било ептен дебел или ептен слаб), а инаку баш ги заболе што и како се храните.

    Нејзините акции being: постоење. :D
     
    На crimson, dayla, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Ќе бидам оф-топик, ок?

    Body positivity =/= fat positivity.
    Нешто слично како што од black lives matter настана all lives matter.

    Јас јутјубери не следам, немам инстаграм, јутјуб ми е само за музика. Цурава од My Thoughts Will Probably Offend You што ја спомнувавте е супер. Се досега што изгледав од неа ми се допадна, и планирам да продолжам да ја гледам. Ама и таа кога коментира, користи fat acceptanse/ fat positivity. Зошто body positivity е многу повеќе од тежината. Тука се и високите девојки, крупните девојки, девојките кои немаат екстремитети, девојките што имаат телесни деформитети. Жени жртви на напади со киселина, жртви на бомбардирања, пожари итн. Body positivity е Harnaam Kaur. Впрочем, овој термин прв пат го сретнав кога отворив текст за млади луѓе кои мораат да користат стома и нивното прифаќање на себе си.
     
    На dayla, Ariel, Noemi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Aма јас зборев не е можно три години да јадеш здраво и вежбаш активно а уште да си обезен и да не си мрднал ни грам, не кај луѓе што не стекнале таква навика.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема.
    Она што јас го открив е дека интуитивното јадење ни е пореметено уште од деца. Бидејќи од деца други ни го контролираат и ни го поттиснуваат нашето чувство на ситост со ајде уште едно залче, ајде за мама, ајде за тато, па јадеме повеќе од што сакаме и после тоа го научуваме и ја губиме контролата. Затоа сега ќерка ми има целосна слобода кога станува збор за јадењето и колку и се јаде, ако каже доста е тогаш доста е, макар и две залчиња каснала. Може дента нема потреба од толку храна. Некогаш јаде повеќе, некогаш помалку, зависи како има потреба.
    И јас сакам да можам така, наместо да се наждерам и после да ми е тешко. А гледам повеќе да си го слушам организмот и да не внесувам премногу. Си имам проблем и со прифаќање на себеси, мислам дека сум дебела секогаш, ама секогаш. И слаба да сум се гледам како дебела поради некои работи кои мајка ми ми ги има наметнато и имам сега искривена слика за себе која не можам да ја оправам.
    Ама се откажав од диети, не можам да се подвргнувам на некаков режим, па се обидувам умерено да јадам и не се лишувам од ништо. Знам дека ако не јадам две недели благо, после ќе надокнадам. Се обидувам и тоа да е умерено. Имам вишок килограми пак, ништо страшно, десетина дали се, можеби и не се толку, здрава сум, па решив да не се замарам толку, туку повеќе да јадам за преживување.
     
    На dayla, Ariel, RainbowButterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Може ако внесува премногу калории, иако здраво се храни. Ама веќе ќе навлеземе во друга тема.

    Точно. :clap:
    Затоа јас се залагам да не се коментира за телата. За жал секогаш ќе има игнорантни луѓе склони да критикуваат. Треба да го научат концептот на задржување на мислењето за себе. Така ќе престанат да се создаваат негативни слики за изгледот. Секое тело треба да е прифатено.

    Spot on. Ме опиша мене како мала. Во мојот случај дополнително со лекари, апчиња за апетит. Тврдам дека делувале, сега навистина имам апетит. :D
     
    На RainBow, Nausicaa и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Одлична тема. Да го раскажам моето искуство накратко.

    Како што кажа Реин, моите од секогаш ми давале храна дури и кога не сум сакала, па ајде последно залаче е и сл. наговори. Не пазев воопшто што јадев и колку јадев, па стигнав до 68кг на мои 18 години. Не се сметав дека сум дебела, но добивав забелешки дека сум се поправила. Тоа ме правеше тажна, но признавам дека не бев задоволна од мојата тежина и начинот на кој изгледав. Решив да ослабам. Тргнав шеќери, грицки, масло, благо, леб и тестенини буквално се што е етикетирано како "лошо" дури и ориз и компир не јадев бидејќи биле многу калорични. Броев калории, чувствував вина ако изедев нешто плус. Еднаш бевме со другарки излезени и ајде зедовме да јадеме сладолед, но јас се чувствував ко да го правам најголемиот грев на светот и го пуштив сладоледот долу, а изглумив дека ми паднал (facepalm). Сега сфаќам колку сум била очајна и тажна.

    Како и да е, јас ослабев и стигнав до 54кг за една година. Но постепено решив да си дозволувам од забранетата храна бидејќи доволно бев слаба според мене. Тоа резултираше во binge eating, буквално не можев да се контролирам колку јадам, па после тоа пак чувство на вина, па казна наредниот ден да јадам малку и сл. Сфатив дека се вртам во круг и дека само правам полошо. Решив да ставам крај.

    Сега јадам сè, но контролирано. Не се ограничувам за ништо, не следам диети, практикувам intermittent fasting за да не јадам глупости навечер и вежбам секој ден. Килажата сега ми е 58кг. и сум задоволна и среќна со себе. Не се мерам секој ден да видам дали имам 100гр плус. Тешко ми беше да стигнам до тука искрено. Од некој кој внимаваше на секоја калорија до некој кој не брои калории и јаде сè.

    Мило ми е што навреме ја препознав опасноста во која бев. Треба секој да си ја пронајде тежината, обликот на телото во кој ќе се чувствува среќен. Која е целта ако некој изгледа како што налага општеството, а психички се чувствува многу лошо. Затоа ги поддржувам сите, без разлика како изгледаат. Се додека се среќни и задоволни самите од себе кои сме ние да кажуваме како некој треба да изгледа. Психичкото здравје треба да е на прво место.

    Секој треба да се промени доколку самиот е незадоволен од себе и да се промени толку колку што е потребно за да се чувствува среќен.
     
    На RainbowButterfly, Lella, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    ....мислам, изгледа јас и ти живееме на различна планета ако вака се чудиш што сум кажала. Едно време ја следев и се што гледав, а и сега еве ќе отворам, се слики од себе си со пораки колку е прекрасна и дека сите треба себе си да си викаат дека се најубави...ниту ми е гајле како изгледа и што јаде, но гајле ми е каква порака дава.За девојка од 13 години да речеме, подеднакво е штетно да следи преслаби модели и да сака да се изгладнува за да биде како нив, и да ја следи Лизо и да мисли дека е супер да имаш 200 кг. затоа што она вели дека нема ништо лошо во тоа.
    Впрочем, исто штетно е и да мислиш дека за да имаш самодоверба треба да се убедуваш себе си дека си најнајнај-вметни збор.А сите овие работи за лажна самодоверба се поврзани со боди позитивити и во претходниот пост ги спомнав.
    Како музичарка е топ, секако, ама за секој јавен лик е битно каков идол е.

    Иначе нема такво нешто телото толку им бара, како што си напишала. Никој организам не бара 4000 калории за нормално функционирање, освен ако не си екстремно активен.

    Едит : не знам зашто кога те цитирам не покажува дека ти претходно си ме цитирала мене. :?:
     
    Последна измена: 4 јуни 2020
    На Mantub и Tan4ence им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    @f.girl Не сакам да те етикирам бидејќи само ти си знаеш што и како, ама мислам дека ова ти што го кажа е одличен пример на наоѓање на баланс на своето тело на тој начин што за тебе, за да бидеш постојано 54 кг би значело премалку јадење, а другата тежина пак е само резултат од прејадување ради премалку јадење. А со тоа што си отфрлила било какви рестрикции, не си предизвикана да се прејадуваш и си нашла тежина во која функционораш добро. Ти се восхитувам и тоа ми е целта уствари. Се извинувам ако напишав било што лошо или ако преанализирав.
     
    На RainbowButterfly и f.girl им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Колку треба да си злобен да мислиш дека ова не е во ред?
     
  20. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Не напиша ништо лошо. Баш напротив, мило ми е доколку некој се пронајде во напишаното. Ги достигнав двата екстреми и сега сум успешно на средина. И точно е она правило дека клучот е во умереноста. Не треба да отфрлиме ништо од исхрана, така сме навикнати цел живот, месени работи, јуфки, благо и ништо нема да ми биде ако јадам парче леб или пола тањир јуфки за појадок. Исто е и со благото, зошто да не изедам ред чоколдо ако знам дека кога ќе си дозволам во режимот благо тој ред ќе биде 300гр чоколадо. Секако треба да се изостават тестата и благото доколку некој има интолеранција на глутен или лактоза.

    Друго што сакам да кажам е дека не пијам сокови, не јадам фаст фуд, во живот не сум јадела па нема ни сега. Грицки јадам понекогаш, ете да речиме 2-3 пати месечно и тоа е се што гледам да конзумирам ретко. Благо-ред чоколадо, две парчиња леб конзумирам секојдневно. Посакувам секој да го пронајде својот баланс и да не се измачува со рестрикции.