1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Diet Culture - Култура на диети

Дискусија во 'Диети' започната од Srckata28, 2 јуни 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    ^Не , бе тука само со убаво.:D
    Еве имаш и тема за морална поддршка, активна е и мотивирачка.
    (fingers)
     
  2. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е да воспоставам здрав однос со храната баш заради следење на таканаречената култура на диети. Додуша не ми е тоа криво, од глата си патам, знам. Во последно време многу почнав да се споредувам со други девојки и премалку да јадам, дури и после тоа малкуто да се осеќам криво дека сум јадела. Па така сега имам 40 кила а сум некој сантиметар подолу од 160. Се плашам дека ја фатив удолницата веќе и нема назад за мене. Не дека пред то кој знае колку кила имав се движев 45-50 ама сепак подобро беше... ХЕЛП
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Прво, браво. Знаеш колку храброст и соочување со себе треба за да го пишеш само ова и да си признаеш пред себе (и пред нас рандом луѓе на форумов) дека нешто не е место. Од мене големо браво, ти првиот чекор го имаш направено и тоа е многу многу битно.

    Да, си знаеш и сама 40 кила за твојата висина се премалку. Јас би те прашала и колку години имаш и дали имаш редовен циклус. Она што ти можеш прво да направиш е да се дистанцираш од сите оние со кои се споредуваш. Чистка на Инстаграм и ФБ, не ти требаат луѓе кои те прават да се чувствуваш вака. Воспоставување здрав однос со храната си бара работа. Не можам да си дозволам да ти дијагностицирам здравствена состојба зашто не сум лекар и не те познавам. И никој тука не може да го направи истото. Тука можеме да бидеме за поддршка.

    Ако имаш можност појди на лекар. За една општа проверка, да знаеш на што си и да испланирате што понатаму.
    Уште еднаш браво. И да си ја фатила удолницата претходно со самиов пост си на угорницата веќе :l::l::l:
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.436
    Пол:
    Женски
    До збор шо кажа @tigerlady само шо јас ќе ти ургирам најбрзо шо можи да одиш на лекар. Нема да ти речам не се плаши од храната, тоа е како на депресивен да му речиш мисли позитивно, ама ќе ти напоменам дека не јадење е полошо за организмот од јадење во поглед килограми.

    Дефинитивно исклучувај Инстаграм и прва работа Понеделник јави се кај матичната. Ти посакувам среќа и верувам ќе се среди. И како шо рече членката погоре, барање помош и кажвање јавно е веќе угорница. Прегратки! :hug:
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Тоа што си свесна за постоењето на проблемот, те носи многу поблиску кон негово решавање.Нема да пропаднеш во удолницата, за ништо не е касно.
    :hug:
    Мислам дека најдобро е да посетиш психолог/психијатар затоа што и сама си свесна дека ова ти е проблем од психичка природа.Верувам дека би ти помогнал.

    Само би ти рекла побрзо, затоа што нејадењето и таа килажа можат лесно да те донесат до колапс, болници, инфузии...не би да те плашам, ваљда си свесна и за ова, ама сепак да кажам.

    Е сега гледам и дека ти предложиле да избришеш социјални мрежи, ама мислам дека тоа е само привремено решение затоа што и да престанеш да ги гледаш луѓето со кои се споредуваш, веднаш ќе им најдеш "замена", било тоа да е другарка, колешка, било кој....нема да можеш цел живот да бегаш од луѓето, затоа што тоа е и некој вид на бегање од проблемот кој е твој личен, а не на некој модел на инстаграм.

    Веројатно самодовербата ти е скроз разнишана, па така мораш да почнеш уште веднаш да размислуваш за тоа, чекор по чекор.Секогаш ќе има некој кој ќе има нешто го посакуваш, но тоа никако не ја намалува твојата вредност како човек.Сите имаат атрибути и по некоја маана, и модел на инстаграм што се истакнува во најдобро светло а потоа става фотошоп, и било кој со кого се споредуваш.
    Помисли на сите работи кои ги земаш здраво за готово, на пример тоа што имаш нозе да одиш и раце да пишуваш и помисли колку треба да си благодарна за телото кое те одржува, наместо да го казнуваш постојано.
    Насочи се да бидеш едноставно своја, со сите предности и маани, така што еден ден ќе се гледаш во огледало и ќе се фокусираш на целосното, на тоа што е најубаво на тебе а ситниците кои сега ги гледаш како чудовишта и те "рушат" ќе бидат само дел од твојата природа.
    Следен пат кога ќе видиш слика од некоја чие тело сакаш да го добиеш, помисли, а зошто да го сакам нејзиното тело, јас немам свое?Зошто да не работам на сопственото тело и на сите предности кои тоа ми ги нуди, зошто да не бидам најдобра верзија на себе си, а не на некој друг?

    Не сакам да звучам патетично ама мислам дека некогаш треба да започнуваме со менување на перспективата од која ги гледаме нештата.

    Извини ако напишав нешто што не е точно за тебе, ова е само поради впечатокот кој го добив од постот.
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу дечки на искрените одговори, иначе @tigerlady имам 19 и да циклусот ми е редовен сеуште.
    Понекогаш почнува да ми се врти кога ќе станам многу нагло и некако помалце енергија имам. ;( Кој знае кај ќе ме прати матичната:shake: Ама во право сте, ќе отследам сега се живо. (fingers)
     
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Како што повеќе пати сум пишувала на форумов, јас па имам друг проблем, во обратната насока - никако не можам да качам килограми.

    Си имам цел живот нормален апетит и не пребирам, баш голем гурман сум и уживам во (скоро) секаква храна. Јадам и домашна храна, јадам понекогаш и брза храна, и благо, и мрсно и солено и луто :D
    Верувајте, коментарите со кои се соочувам цел живот не се баш пријатни. Луѓево се расфрлаат со епитети како скелет, анорексична (верувам дека многу од нив не знаат што претставува анорексијата), неухранета итн. Порано знаев само да се насмевнам и да ја сменам темата, но сега се спротиставувам.

    И некако си се помирив дека веројатно никогаш нема да се здебелам бидејќи имам метаболизам со брзина на светлината. Си го прифатив телото такво какво што е, без женствени облини, дури и во детски облик :)
    Ако ништо друго, си уживам во вкусна храна кога сакам и колку сакам, додека другите се мислат за секој залак што ќе го стават во уста.
    Се' си има и добра и лоша страна...

    И верувам дека човек може и треба да има урамнотежен однос кон храната. Тоа значи задоволување на глад како физиолошка потреба, основна потреба на секој од нас, но и по некое слатко задоволство не е на одмет. Се' со мерка.
     
    На RainbowButterfly, Nausicaa и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    Кога ќе стекните доволно искуство со исхрана и со тренинзи, сите овие работи што се коментирани погоре ќе ви бидат небитни. Нема нешто што не се можи, се се можи ако се сака.
     
    На Tan4ence, Angie1432 и Хајперактив им се допаѓа ова.
  9. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Знам дека не му е гајле никому али да си се искажам јас. :rofl: Во последно време сум во подобра психичка состојба, или бар јас така мислам и успеав да си ги вратам тие 4-5 кила што ми фалеа без да се секирам за калориите. Се надевам дека ова не е само период и дека стварно сум подобрена. Пак ми викаат дека сум преслаба ама гајле ми е.:music::shake:
     
    На tina2018, skin.aficionado, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    ^ Убаво си објасни човекот.
    Девојкава е многу контроверзна (за некои други теми) во Америка, и тие сироти не можат од "гуруа" да се спасат, но ова е едно многу поучно видео. Зад нашите зависности (храна, алкохол, дрога, медикаменти, секс, телефон, видео-игрици и што ли уште не) постои логично објаснување на емоционално ниво и она што ни се складира во потсвеста.
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не знаев кај да го пишам ова, ај тука. Иако повеќе е за вежбање, ама има веза со боди позитивити.

    Март месец кога се затвори сѐ и нели луѓе кои се фитнес инструктори почнаа да нудат онлајн часови за тие што оделе дотогаш во теретана, ама и општо тие што сакаат да вежбаат, а мораат дома и не знаат како. И јас следам неколку такви души. Истовремено следев и неколку профили кои во граници промовираа боди позитивити. Овие вториве во тоа време имаа постови со кои кажуваа дека фитнес тренерите биле токсични луѓе кои со тие булшит онлајн тренинзи кои им ги пикале пред нос на луѓето, само создавале комплекси и луѓето да се мразат себе и пишуваа - не, не морате да вежбате, убави сте.
    Океј. Да, ако не сакаш, не вежбај. Никој не те тера. Ама ако луѓе кои професијата им вклучува промовирање здрави навики без да понижуваат за тебе е токсично, сори ама тоа е сѐ освен боди позитивити и самодоверба. Имаш unfollow/блок. Има такви кои сакаат и како збунети редовно менуваат програми па вакви луѓе многу им помогнале. И патем не ти вели - вежбај оти си грд, туку вежбај ако сакаш да вежбаш а јас сум тука да ти покажам како.

    Исто една пилатес инструкторка Cassey Ho (дел можеби сте чуле) има кажувано дека кога почнала да се бави со пилатес на почетокот била дебелка девојка и тогаш голем дел ја гледале како пример за боди позитивити, ги инспирирала луѓето да се сакаат себе. Со тек на време ослабела, и коментарите секако се смениле. Некои ја гледале како критичар кон дебелината, токсична личност која ги мрази дебелите, со оглед на тоа што и самата ослабела. Иако никогаш не кажала такво нешто. Патем самата промовира како боди позитивити, така и здрав живот со вежбањето.

    Ако тебе рандом лик кој си вежба или им помага на луѓе кои сакаат да вежбаат ти ствара фрустрации без притоа пред нос да ти го бутаат, не си се прифатил себеси.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Леле темава е одлична, многу ретко луѓе јадат интуитивно, диетите се страшна заблуда (in my opinion). Главното прашање е што е тоа што те тера на прејадување или нејадење? Мислам дека проблемот е најчесто психолошки и дека менталната состојба е таа што треба да се третира а не да се третираат само симптомите (дебелината). За жал, на форумов како што гледам сѐ уште владее трендот на диети.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    Не е само на форумот. Секојдневно слушам глупости. За жал луѓето не се едуцирани што значи баланс. Ако нарачаш салата во ресторан, на диета си. Ако вежбаш, сакаш да ослабеш за лето. Нема никаква промоција на вистински здрав (избалансиран) живот и исхрана, а на крајот испаѓа дека интуитивното јадење значи прејадување и промовирање обезност. А треба да е најнормална појава да јадеш и салата еден ден (ако тоа сакаш), а друг ден па бургер.

    Тука на форумот темите се навистина токсични, и се трки кој побрзо ќе ослабе. Или ќе се храниш здраво (три кикирики за појадок, шопска за вечера секој ден) или денот ти е пропаднат (си бил на роденден и си изел парче торта). Нема ништо измеѓу. Многу лошо.
     
    На warrior, f.girl, AAKG и 2 други им се допаѓа ова.
  16. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    На денешно време ќе наидеме на многу теми за диети али брзиот начин на живот не ни дозволува да се храниме здраво пошто таја здрава храна треба прво да се подготви и цел ден да сме над тенџере свари ова свари она. Тие шо имат и мали дечина не се во можност да се хранат здраво и цело време да готват здрава храна посебно за нив и зато се оди на брзи диети, детох, ун диета, и ред други диети за да се дојди до брз резултат али брзите резултати се нездрави. Башка таквата исхрана кошта скапо и не секој можи да си дозволи а има и такви шо можат да си дозволат да се хранат здраво али немат време.
    Секоја диета е ефиксна.
     
  17. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Како реагираат останатите ако се обидете да им укажете на грешките во нивниот начин на исхрана?

    Имам многу за кажување на темава, се обидувам и на мои блиски другари и другарки да им укажам колку е погрешна целата diet culturе. За жал најголем дел од советите не ми се прифатени. Не може некој да ја дели храната на лоша и добра, секоја храна е добра (некоја за психата, некоја за телото), но и секоја храна е лоша (ако се јаде неконтролирано). Понатаму она што ми смета во diet culture е нејзината контрадикторност. Колку само постови имам читано каде овошјето е здраво, треба да се јаде само пладне, а во друг пост овошјето има шеќери, извор е на "злото" - јаглехидратите итн. Сега ќе дадам мој личен пример. Во минатото верував во митот овошјето да се јаде само наутро и тоа ми беше главниот појадок, но после одредено време ми се појавија болки во желуднукот и сфатив дека мене воопшто не ми одговара да јадам овошје на празен стомак. Од друга страна пак тетка ми го започнува утрото со јаболко и функционира така со години. Што води до заклучок дека секој е различен и со различна толеранција кон храната.

    Одиме понатаму со контрадикторностите. Исклучување и демонизирање на јх а глорифицирање на протеините или т.н. кето диета, за потоа некаде да најдеш дека всушност јх се здрави и ни се неопходни. Имаме и храна која не се меша, никако јадење скроб и протеин заедно, никако храна после 18 часот итн.

    За мене нема универзална диета, секој човек е различен и секој треба да се придржува кон "своја" диета. Но, не да се откаже или да ја забрани некоја храна засекогаш, туку да го пронајде балансот. Еве пример некој може да јаде трипати дневно благо и воопшто да не се здебели, а друг (како мене) со таа количина сигурно би се здебелил. Овие вторите ќе јадат еднаш во денот за да не дојдат до степен да изгубат "осет" колку благо ќе изедат во cheat days. Нормално и да се изеде повеќе благо некој ден не треба да се сфаќа трагично и да се казнуваме за "гревот" со рестрикција на благото во следните 3 недели или да се префорсираме со вежбање. Мора да го слушаме телото, ако сака повеќе благо-ќе добие, од еден ред плус чоколадо ништо нема да ни биде, а ќе имаме психичко задоволство и нема да се вртиме во магичен круг со рестриции и чувство за вина.

    Да скратам, мразам генерализации, не може за сите луѓе да бидат соодветни неколку диети и правила. Не може никој со сигурност да тврди дека за жени биле потребни толку калории, а за мажите онолку. Застрашувачки е бројот на помлади, а и на постари кои не се свесни во каква опасност се доведуваат. Вежбаат или слабеат само за да бидат прифатени и да се вклопуваат во денешните норми за она што е убаво и привлечно. Вината ја гледам во образовниот систем, физичкото образование не треба да биде само: еве ви деца топка играјте што било, туку големо внимание треба да се посвети и на изучувањето на функционирањето на организмот. Нема некоја сложена позадина, сè е обична термодинамика, за да слабееш внесуваш помалку калории отколку што трошиш и тоа е тоа. А не да веруваме дека магичен шејк преку ноќ ќе ни ги стопи килограмите. Треба и подробно да се изучуваат микро и макронутриентите, децата да изградат здрав однос со храната, да не се лишуваат од ништо и да сфатат дека нема забранета храна туку дека клучот е во умереноста.
     
    На pdb123, DiCaprio, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Ауууу да се докажеш на оваа тема е многу тешко, луѓето веруваат во сѐ и сешто, а плус, има еден тон пропаганди за "здрава исхрана". Јас обично кога се дискутира ова прашувам што добива тој кој ти промовира некој тип на исхрана и тогаш ќе сфатиш дека многу повеќе се во игра парите отколку здравјето. Ама, ако некој е убеден, џабе е.
     
    На f.girl и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Една капка во океанот која всушност ја поддржува до извесен степен мојата теза дека фитнес индустријата е најголем поборник на diet culture и дека тоа е всушност истиот став. Фитнес индустријата, каква што ја знаеме денес има најмалку врска со вежбање за здравје. Има многу врска со вежбање за јас да зараборувам за живот. Додека има дебели фитнес индустријата ќе биде во тренд, боди позитивити ќе коегзистира на грбот на оние со body dismorphia.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Oва често ни е пореметено уште од деца. Кога на дете му буташ да јаде без мерка, го подмитуваш со десерт или некаква награда ако изеде сè од чинијата, потоа ова што ни е вродено се уништува, се губи контролата над тоа колку ќе изедеш, па цело време се прејадуваш. Кај нас ова е прилично застапено зашто важно е само детето да е најадено колку што ние мислиме дека треба, а не колку му е доволно.
    И јас јадам и од психолошки причини и од тоа што едноставно не знам колку ми е доволно и ќе се прејадам на крајот. Се трудам да јадам само кога ми се јаде и имам потреба, ама навистина тешко оди.

    Се откажав од културава со диети, решив да престанам да се измачувам, а немам некој страшен вишок, да одам накај обезност, па не гледам зашто би се подложувала на вакви работи. Ех, да го имав ова мислење и порано ќе ми беше многу полесно.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.