1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Diet Culture - Култура на диети

Дискусија во 'Диети' започната од Srckata28, 2 јуни 2020.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Иако инстаграм не е некој фактор, скоро го открив ова и бев...па и не бев изненадена.
    Зошто зборовите thin и anorexia кога ќе ги пишеш во search, дава дека се sensitive body image topic и те упатува кон линкови за самопомош, а ако пишеш obesity или binge eating (кое патем исто така е eating disorder) не пишува такво нешто?
    [​IMG]
    [​IMG]
    И кога се напаѓа денешното body positivity за вакви работи се напаѓа, зашто максимално е лицемерно и утната поентата, не зашо некоја полничка девојка ставила рандом слика.
     
    На Bezimenka90, Peanut Butter и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Не знам колку си запознаена, ама интернетот отсекогаш бил извор на thinspo, особено во 2012-2015 ерата на tumblr, a сега тоа е пренесено на твитер и инстаграм. Имено, таговите anorexia и thin, покрај што првото може да служи за дигање свест за анорексија, највеќе се употребува за thinspo, што е кога девојки си постираат слики од слаби тела со тоа што целта е да се коските многу многу изразени (исто се користи и bonespo...), меѓусебно се вреѓаат за да се мотивираат да не јадат по цел ден и ако некогаш сте ја имале таа нечест да прочитате какви работи се пишуваат, ќе сфатите колку е нездраво некој задлабочен во анорексија да чита такви работи.

    Од друга страна, кога ќе одиш на binge eating, тука се највеќе искуства и совети за самата болест, за разлика од луѓе кои гламоризираат binge eating, пошто такви не постојат, а анорексија е гламоризирана од самите луѓе кои се анорексични. Инстаграм само штити од таа култура на thinspо или thinspiration, за која ако не знаете ќе ве замолам да истражите повеќе пред да коментирате. На крајот на денот секогаш е кривицата во diet culture, какогод го вртиме воланот. :)
     
    На Amellie13, Lella, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Aма може да се постираат преобезни тела и да ти вели оти не треба да имаш НИКАКВА контрола во храната што само по себе е штетно и притоа не е окарактеризирано како sensitive body image. Читаат овде исто така и луѓе кои се на раб на провалија за да се охрабрат дека и други има како нив и не треба да слабеат зашто...некој ги храбри. За obese/thin е истата ситуација, само не можев да постирам скрин.
    Thin e лошо, aма obese ништо страшно. Ама или нека се и двете, или ниедното.

    Јасно ми е и дека изгладнување секогаш ќе изгледа пострашно од прекумерно јадење, затоа вакви двојни аршини
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Не постојат луѓе што гламоризираат бинџ јадење?Не, само што се' повеќе и повеќе никнуваат дебели активисти што имаат преголем вишок кг и го користат инстаграм како платформа за пишување бесмислици што се штетни и за нив и за публиката.Може не гламоризираат директно, ама индиректно дефинитивно.Многу од нив имаат илјадници следачи и се многу познати, ама што, ништо не е тоа.
    Инстаграм штител, да, најтоксичното место не' штити од анорексија, сигурно...единствено што штитат е себе си со заземање модерна политика за да си бидат на сигурно.
     
    Последна измена: 30 октомври 2021
    На Peanut Butter, theowndemon, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence анорекцијата дава е многу покомпплексна од binge eating (и може дури и да содржи Binge eating која е во комбинација со булимија). Binge eating е само симптом, а анорексија е нарушување.
    Можеби и затоа добиваш различни исходи. Плус од binge eating ако е некој прилично дебел ќе се доведе во животозагрозувачка состојба по неколку години. Анорексијата може да даде драстични промени за неколку месеци. И да стане животозагрозувачка.
    И апсолутно не е точно дека само со binge eating некој може да се здебели. Постојат повеќе начини од тоа.

    Инаку оваа култура на држење диети, на тело што личи на стап и давање комплименти кога некој ќе ослабе е претерана. Јас сум една од тие што не можат лесно да ослабат. Имам ПЦОС (комплексна состојба со пореметување на метаболизам на шеќери и пореметување во хормони). Цел живот се вртам околу конфекциски број 40 (кога бев најслаба бев 38) и цел живот се бркам со демони зашто не се вклопувам во стереотипот на „слабост како дораз на убавина“. Ама сум фит, вежбам, планинарам и слично. Се трудам да се хранам здраво. Крвна слика ми е во ред. И конечно некаде на 40 почнувам да прифаќам дека сум таква каква што сум, иако и во моментво се борам со демони и сум на некаква „диета“. Само затоа што отсекогаш важев за полничка (мајка ми е слабувче, јас сум на баба ми) и отсекогаш дури и самата таа ми кажуваше како одреденми работи не ми стојат и како јас треба да скријам одредени делови од телото. И денешната мода е попрлигодена за слаби девојки бев струк и облини. Фармерки со висок струк во кои жени со тело песочен часовник може лошо да изгледаат (зашто имаат тенок струк и пошироки колкови), сукњи кои се на струк и се шират во глог и истакнуваат кук, широки туники (кои кријат струк и слично).
    Глупаво е да се расправа што е поголемо растројство. И двата есктрема не чинат. Ама општествето во денешно време дефинитивно е понаклонето кон слабите отколку кон дебелите. Можеби затоа ретките дебели имаат толку следбеници. На некои луѓе им е преку глава постојано да слушаат за диети, слабеење, манекенски изглед и слично. Она што треба да се промовира е здрав начин на живот, прифаќање на себе си, не диети, слабеење и слично. И да се промовира нормална тежина без срамење. И да се промовира дека различните типови на тела се подеднаков вредни. Ете тоа треба.
     
    На Amellie13, Bezimenka90 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ова е апсолутно точно, трубам цело време. Све у животу може простено да ти биде, само не да си дебел. Си патиме од "трпи бабо за убавина", затоа е толку нормализирана, рационализирана и прифатена културата на диети. Целта на диетите/режимите се сѐ уште помал број килограми. Лицемерието оди дотаму што дебелите се жигосуваат во име на здравјето, а слабите многу малку се прашуваат зошто се слаби.
     
    На JoyJoy и Srckata28 им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Ова премногу ми смета, многу ме нервира било каков коментар за тело. Кога ослабев малце, сите ми даваа комплименти, мислејќи дека е добро. Ама кога почнав факултет пак се здебелив и иако е некажано (или некогаш е кажано...), автоматски доаѓа дека тоа е спротивно од комплимент, неубаво, лошо е.

    :clap: Така, неутралност кон сите тела е нешто кон што сите треба да се стремиме, и кон туѓите тела и кон сопственото тело. Секој заслужува еднаква почит и да се третира како вредна личност без разлика на телото.
     
    На Bezimenka90 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Треба да.
    Ама како што сметаме дека некој како Евгенија Куни треба да побара помош зашто е преслаба, истото треба да го мислиме и за Тес Холидеј. Моментално на видеата на Евгенија сите ѝ коментираат побарај помош или "доаѓам да видам дали си уште жива" а кај Тес фрчат комплименти. А треба и двете да си помогнат или некој да им помогне, не само првава.
    За Евгенија имаше и петиција да ја тргне јутуб. Замисли за Тес да се случи вакво нешто.

    Ако сакаме да гледаме просечни девојки во модните списанија и ако ангелите од ВС, не се просечни, жал ми е ама ни Тес Холидеј не изгледа како просечна жена.
    Ја спомнувам неа пошто она се смета како пример за некој што промовира селф лав и некој што наводно е здрав и фит на таа килажа. Може да е ај, убава. Ама фит - не. И нема ниту здраво тело.
    Не знам што толку ги плаши некои зборот фит кога дефиницијата не подразбира да мораш да имаш истакнати стомачни и голем газ. Дефиницијата вклучува да имаш тело со здрав процент на масно и мускулно ткиво, физички да си способен да обавиш еден тежински и еден кардио тренинг и да имаш со тоа и колку што е можно минимален ризик од болести кои се резултат на нездрав начин на живот.
    Во Америка баш полека се случува она спротивното за кое збориш ти. Рандом луѓе измислуваат термини како thin privilege, straight size people, fatphobia, и други што просто превртуваш очи кога ќе ги видиш.
    Не знам колку пати да се повтори дека најмалце е проблем што некоја дебела ќе ставела слика туку што било кој (без разлика на телото) ќе пише ствари како тоа дека обезноста нема врска со здравје, дека фитнес тренерите се фашисти или нацисти, дека било кој што сака да ослабе и не би бил дебел ги мрази дебелите, дека не треба никаква контрола да имаш во исхраната итн.
    Мразам дебелина ама не мразам дебели луѓе. Затоа и ми се кринџ луѓе што си изнесуваат невистини околу тоа. Исто како што мразам депресија ама од срце ќе помогнам на некој што ја има. Исто и како што мразам болести ама би помогнала на било кој што ја има, како можам.
    Ако прашањето ти е дали истото чувство го имам за анорексијата, да го имам.

    Едит - кога качив мускулна маса и имав видливи промени, си добивав неубави зборови дека сум "нереална", "мушка тетка", дека си го мразам телото јер посветено вежбам, да не ги вежбам рацете јер ќе сум изгледала грдо или дека ми перат мозок тетките од фитнес индустријата. Да потенцирам, не бев нешто набилдана ама по некоја случајност ги исполнував оние злобните стандарди на тонирано тело. Нереална сум била, пази. Стојам пред нив, можат да ме пипнат, видат, слушнат, ама нереална сум била.
    Ова која култура е?
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Од истата култра во која стандардот за женска убавина е тенко тело (слабо, без дефинициа и облини). Да се разбереме, во идеалот за убава жена не е битно дал си фит или не. Битно е дали се вклопуваш во општествените стандарди. Јас за тоа и зборувам, треба да се промовира здрава исхрана и физичка активност, не изглед на тело.
    Исто така слабост се поврзува со самоконтрола, дебелина со немање самоконтрола и слично. И тука не е битно дали е некој фит или не. Битно е само како изгледаш. Пример, имам другарка која е слаба ама не може 500 метри да пропечаши без да се задише што би се рекло. Добива комплименти на изгледот. Јас сум дебелата покрај неа иако можам да ја качам на грб и да ги истрчам тие 500 метри. Ама тоа не е битно. Битно е дека едната се вклопува во она што оптшеството го поврзува со посакуван изглед (и сите позитивни атрибути што со тоа одат во пакет). Како што кажав почнувам да си го прифаќам телото такво какво што е (зашто побогу некому е тешко да биде слаб заради конституција и метаболизам - кај мене ПЦОС). Побитно ми станува дали сум фит, дали здраво се хранам.

    Инаку за таа Тес Холидаѕ еве и напис дека имала анорексија: Model Tess Holliday reveals she’s recovering from anorexia | Fashion | The Guardian. Не е ништо црно и бело.
     
    На Amellie13, Bezimenka90 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Гледаш како фино самата (без да сакаш изгледа) се вклопи во стандардот кој ја презира дебелината. Тес е контрапродукт на она што со децении се соочувале дебелите, омраза. Поглед накриво и куп 'комплименти" само затоа што рандом дебел човек мора увек да се осеќа дужен да објаснува зашто е дебел, на што личи, дека има pcos, проблеми со тироидна, дека "и вода му се лепи" и да не редам. Истото што сега тебе ти пречи кога ти коментираат дека си мушка тетка. Да знаеш како навистина се осеќаат дебелите, ќе се читаме за едно дваесет години, па да ни пишеш што таквите секојдневни, упорни, напорни, непријатни коментари и направиле на твојата психа и самодоверба, деј бај деј.
     
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Па 40 конфекциски број не е дебел...зависи и колку си висока, ама во секој случај не е...



    Јас лично најмногу имам против тоа што денес се промовираат активисти со над 100кг. Не збориме за вишок 10 кг туку за предебели жени.Тоа се екстремни масивни тела и не настануваат ниту од тироидна ниту од пцос.Не постои такво нешто како спор метаболизам кој ќе те доведе до 150 кг.Ама постои неконтролирано јадење и нарушено јадење уште од детството за кое се криви родителите.

    И покрај се, едно гугл пребарување за боди позитив акаунти на социјални мрежи ќе ти даде предлози за многу вакви луѓе со идејата:следи ги, слушај ги, одличен пример се.Од друга страна, преслаби жени со платформа секогаш треба да се оправдуваат дека јадат зашто инаку ќе ги обвинат дека шират ED.Лол, која иронија. Нема оправдување за пласирање на health at every size догмата, крај на муабетот.
    И само да нагласам дека непропорционално поголем број луѓе се обезни отколку што имаат анорексија.
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
    На Nausicaa и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Љубомора. :D

    Не нема анорексија туку е жив манипулатор.Не верувајте на вакви, жити се.


    Се извинувам за две мислења едно по друго, не читам се пред да напишам, нека спои модератор.
     
    На Tan4ence и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    И кога веќе сте се фатиле за Тес како репрезент на "дебелите" и како тоа не било здраво, би било коректно да се спомне и нејзиниот спротивен поларитет Еугениа, ама за озбилно. Стриминг и трае 12-15 часа во кои не пие ни вода. Голтка вода не пие. Ниту една. И овие пример, од една крајност во друга, не го менуваат фактот дека културата на диети нема никаква врска со здравје и хигиена, режим, добри навики или лично задоволство. Туку само со конфекциски број или како што често провејува низ форумов, да стигнеш бар до "прифатливо" дебела.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Ама никој тука не оправдува нездрави диети и гладување?
     
    На Tan4ence, JoyJoy, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не, ама Тес е повеќе тема на муабет отколку Еугениа. Зошто? Што е тоа толку страшно што Тес го прави, а во спротивен поларитет го нема кај Еугениа? Затоа што никој, барем на темава, исто така не оправдува јадење до смрт.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.796
    Пол:
    Женски
    Зошто за Еугенија се збора то шо е потребно и има петиции за бан од јутуб и твич, документарци, одење на терапија. Дури и назад во темава е спомната.

    Тес само се воздига. Зато тука, на темава, та е поќе тема на муабет.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не ги пратам редовно, но колку што знам Тес губи сѐ повеќе соработници и следачи. Ја "разоткриваат" и неа што би се рекло. Кај виде дека се воздига.
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Бидејќи во светот веќе доволно се осудува Еугенија и сите се засекирани за нејзе , додека за Тес и таквите како нејзе се тера политика на прифаќање и оставање да биде рол модел.
    Бидејќи истите луѓе што викаат Еугенија да земе да се лечи ќе ја поддржат Тес како fat activist.
     
    На Tan4ence и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Кој ја поддржува, спонзори ѝ откажуваат, губи следачи и гледачи. Тоа што си ти убедена дека сите ја поддржуваат е нешто што не е баш реалната слика. Ако гледаш така на работите, и на Еугениа следбениците ѝ пишуваат дека ја сакаат и ѝ плаќаат пари директно дур трае стрим со срцки и бацки и супер си. Напамет зборуваш.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.796
    Пол:
    Женски
    За шо ја разоткриват? Последно шо знам е рантој дека ја сликале папараци, ко секој славен, али ок. Можи само мене не ми излегват критики за дебелината на Тес.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.