Тоа со спонзорствата не можам да ти го гуглам, ама скоро гледав нешто. Разоткривање во смисла дека едно време имаше и челенџи за вежбање, па не си ги поштоваше, па се фолираше што јаде што не јаде. И да ги има и да ги нема, ситуацијата ќе биде иста. Све ти је опрштено у животу, само не да си дебел.
Па ако ја читаш само Тес, да, ќе добиеш впечаток дека ѝ е лошо. О не. Ја сликаа во Дизниленд и пишаа дека споделила слики. Па рант дека слики кај шо е уморна ставиле. Така да, да, ако ја читаш Тес, ептен лошо ѝ е социјално. Ич не е фаворизирана, дефинитивно никој не гази на јајца околу неа.
Ти пречи пошто една дебела жена е фаворизирана? Тоа ти се проблемите у животот? Додека жените и женското тело се предмет на објективизација од памтивек, дур е ногата на Викторијас сикрет, прифатливо е. Ама оваа дебелава како се усудила у јавност да се појавуе, па уште и у Дизниленд.
Читаш то шо сакаш. Одговорот е не. Ти кажвам за шо ТА има тантруми. Шо се тие контроверзии ради кои губи спонзори. Не оти е дебела. За дебелина некој не смеј да зборни за здраствен аспект оти та и сите околу неа колат и се #cancel кој било. Истото ко се деси со Куни, ко се потпишваа петиции за деплатформализација, немаше такви луѓе зошто ситуацијата е сериозна. И вистина е сериозна. Ако кај Тес некој изрази загриженост е хејтер. Ако кај Куни искажи загриженост е фан, и мил, и загрижен. Во реалност, не треба за двете да ни е гајле. Ама и натаму и двете промовираат, да промовираат, состојби кои се опасни по живот. Не е просечно тело ни на Тес ни на Куни. Просечно тело не е ни на Викторија Сикрет ангелите. Да, секое тело е убо. Естетски. Ама треба да се однесуваме кон две состојби кои можи да се опасни по живот баш ко то шо се - опасни по живот. Оти некогаш треба да подајме рака на некој, не скроз да го дотурниме. А ти, продолжи да читаш то шо ти одговара од пишаново. Еве овој пат изџвакав шо зборав.
Сакаш да разбереш дека cancel културата во оваа форма е нус производ на истата таа култура насочена кон маргинализирање на дебелите? Не е толку тешко да се сфати. Нешто као pay back time.
Не ја знам ни едната ни другата (Тес и Еугениа), ама ја постигнале целта, а целта не им е да промовираат ни слаби ни дебели, туку луѓето да има за шо да прават муабет, а тие да калапат пари. Ако добро сфатив, едната е слаба, другата дебела? Како и да е, заедничко им е дека знаат како да прават пари.
Нека биде која било, времето покажува која и што навистина прави. Платформите на кои тие работат не се анонимни, се доаѓаат лесно до информации. 21 век сме. Сѐ е достапно секому, за жал и за среќа.
Поентата е што такви како Еугениа се скроз небитни зашто сочинуваат премногу мал процент и немаат некаков свој придонес ни влијание....за разлика од другиве.Затоа реков земи ја било која, сеедно.
Во склоп со темава цело време спомнуваме странски инфлуенсери или јавни dietitians. Сакам да го пофалам Антонио Велковски, кој е дипломиран нутриционист и нуди услуги како нутриционист, ама се залага против културата на диети. Ова му е веб-сајтот https://www.ajdedajademe.com, ама јас го најдов на инстаграм @ajde_da_jademe и препорачувам секој што сака да научи повеќе за балансирана исхрана да го следи. "Затоа ве канам заедно да го започнеме следното истражување во делот на нутриционизмот, овој пат не само преку вкусни рецепти, туку и со научни факти за избалансирана исхрана со индивидуален пристап и без ригорозни диети. Целта ми е да најдеме решение за вашите предизвици во делот на исхраната, а мојата мисија е да ја надминеме културата на диети и да се преоирентираме кон секојдневно практикување на поздрава избалансирана исхрана." Човеков е нешто ново во Македонија, различен од секој друг божји нутриционист кои даваат за исхрана салата и месо. На инстаграм сликовито објаснува за исхрана и руши култура на диети и е против рестрикција на калории. Голем лајк, прочитајте.
Баш го отворив, ама според него колку што читам вегетаријанска диета е таа до која треба да се држиме. Сите рецепти се со „модерни“ намирници од типот бадемово млеко и слично. Мене лично таков начин на исхрана на пример не ми одговара. Со „диета“ од нутриционист базирана на вегетаријанска диета спуштив срумско железо на 7.2 па три месеци заглавив со препарати со железо. Зошто бре нема некој кој ќе каже умереност во се е вистинското нешто. Зошто мора да се измислува топла вода за се. Зошто не може да се каже јадете месо умерено (не секој ден, не по 300 грама дневно туку по 100-150), јадете повеќе зеленчуки овошје и непроцесирана храна. Зошто мора да се промовираат авокадо, чиа, киноа и слично само затша што се модерни и тоа да биде „здрава“ исхрана. Искрено најмногу од се ги почитувам оние clean eating што викааат ако сакаме здраво да живееме и да ја чуваме планетата Земја во процесот исхрана да се темели на локални сезонски намирници, непреработени и тазе зготвени.
Не, не промовира вегетеријанска, ниту веганска исхрана, туку најмногу од исхраната да ни доаѓа од растителен вид, што не значи целосно. Никогаш не промовирал нешто лошо за месо, тоа за растителна храна и има смисла - секако дека најздравото доаѓа од зеленчукот и цели житарки итн., што секој едуциран го знае, ама не значи дека месото, млекото е лошо.
Фала за препораката. Мило ми е што има и кај нас некој нутриционист што поддржува балансирана исхрана, ќе го следам. Никогаш не сум била за диети кои исклучуваат цела група хранливи состојки (како јаглехидрати, протеини и сл.) и секогаш кога сум пробувала сум имала ужасни резултати по здравјето, и тоа уште од почетокот на диетите, за само две недели на пример. Најдобро ми било кога јадам балансирано и таква исхрана и ми е препорачана од лекарите. Јас во принцип ги читам сознанијата и принципите на нутриционистите и по нив се раководам. Рецептите на нутриционистите некогаш не ми одговараат и не ги правам, правам нешто по моја мерка почитувајќи ги принципите. На пример можеби некој рецепт не ми одговара заради некоја состојка што не ја јадам (на пр. јајца), или состојките се супер имаш зеленчук свеж и се е фино, ама заради начинот на приготвување не ми одговара (пр. го пржи зеленчукот..).
Ova e mediteranska ishrana sto vo posledno se pokazala kako dosta zdrava i ima dosta pridobivki. Coveko gledajki go na insta stvarno ima super koncept sto do sega ne sum go sretnala kaj drugite nutricionisti. Edinstveno ne sum sretnala nekoj da spodeli iskustvo kakva e sorabotkata so nego za da moze da se dobie nekoja porealna pretstava.
Не верувам дека некого ќе го интересира да чита 26 страни истражување, ама ќе го споделам со вас затоа што мене лично ми е фасцинантно и спаѓа во склоп со diet mindset и негативните ефекти што ги има. PROMOTING SELF–COMPASSIONATE ATTITUDES TOWARD EATING AMONG RESTRICTIVE AND GUILTY EATERS https://self-compassion.org/wp-content/uploads/publications/AdamsLearyeating_attitudes.pdf Во студијава учествувале жени кои низ текот на својот живот држеле диети. На сите нив им било кажано дека истражувањето е во врска со јадење и гледање ТВ, како cover story за да намерно не пробуваат да си го контролираат јадењето. Исто им било кажано да не јадат 2 сати пред истражувањето. Во првата фаза, сите испиле чаша вода за да имаат слична почетна ситост и сите изеле по една крофна. Имале избор да бираат помеѓу шеќерна и чоколадна крофна (со мала разлика во калории) за да се чуствуваат како тие да избрале да јадат крофна. Во другата фаза, им дале големи полни чинии со мали бонбони и чоколатца и им рекле дека треба да ги пробаат и да го оценуваат вкусот на лист хартија. Им рекле дека треба да пробаат најмалку едно од секоја врста на чоколадо (биле 4 врсти), но дека можат да изедат колку и да сакаат. Во позадина на сето тоа, чиниите биле измерени за после точно да знаат колку секоја личност изела од својата чинија. Тука е трикот: меѓу првата фаза (крофна и вода) и втората фаза (бонбони), на една група учесници им била дадена вербална интервенција, а на другата не. Интервенцијата била да поттикне self compassion кај учесниците, да не се чуствуваат криво што изеле крофна. Таа гласела вака (нели складно со тоа дека им кажале дека истражувањето е во врска со јадење и гледање ТВ): You might wonder why we picked doughnuts to use in the study. It’s because people sometimes eat unhealthy, sweet foods while they watch TV. We thought it would be more like the “real world” to have people eat a dessert or junk food. But several people have told me that they feel bad about eating doughnuts in this study, so I hope you won’t be hard on yourself. Everyone eats unhealthily sometimes, and everyone in this study eats this stuff, so I don’t think there’s any reason to feel really bad about it. This little amount of food doesn’t really matter anyway. Just wait a second and I’ll bring you the questionnaire. Групата што ја чула оваа интервенција, изела помалку од половина од количината што ја изела групата што не го чула ова. Значи замислете колку само влијае нашиот процес на размислување на нашата исхрана и преедување! Строга забрана на храна, вината во врска со јадење и разочарување што го осеќаме доколку изедеме „нешто што не треба“ имаат скроз контра ефект. Затоа е тешко да излезеш од циклусот на диети, исхраната станува нешто емотивно, исполнето со кривица и лоши чуства во врска со себе. А кога се елиминираат тие чуства со self compassion, интуитивно е да се јаде помалку, поздраво, подобро! Толку едноставно, а тешко.