Teстото се меси како добро газе, треба да уживаш во тоа ако го правиш ради реда и питата ќе биде за никаде.
Месење е секси. Такво мазно тестото под раце... Го вртиш, го превртуваш, па после малце садо-мазо со сукалото... Мхххх! И пред крај го полниш... Со сирење, праз,зелка, месо...
Имам видено како го месат и после само го плескаат, тоа се прави неколку пати после тоа изгледа како тепање.
Зелката ми е најсекси..во целиов муабет. После двата дена посен подварок, i'm burning коа ќе чујам зелка.
Немаш појма колку кулинарството може да допринесе во целокупното искуство. Неколку лажици нутела на вистинското место среќа носат.
Блазеси ви на вас шо имате дечко/муж дома. Барем сами нема да јадете пити и палачинки. Ние вака самичките, сами ќе си правиме, сами ќе си јадеме.
Нутела, даааа. За оние кои внимаваат на здравјето - мед, за спортистите - јагоди, за тие што сакаат да се поправат - банана и чоколаден прелив, може и шлаг. И после во облаци...