Ништо друго не се гледа кај мене освен Дискавери,ден и ноќ ги обожавам. Сите емисии ми се прејаки. Колку вие ја следите,кои емисии ви се омилени? Мене сите со аукции ми се No1. Научните и историските исто така ги сакам,може нешто да се научи од нив.
Редовно ги одбегнувам и нив, и Географик... можеби грешам и многу од темите би ме заинтересирале, но толку се плашам од змии што ги сонам навечер а имам фатено неколку пати баш на овие канали, и УФ, тхе најтмерс!
TLS, ID Extra, Discovery ги укинаа на Макс ТВ , се јавив и кажаа као им истекле договорите, а ние што имаме договори со нив нема везе а? Не ли треба да не известат? Бог знае колку канали укинале без известување, а тие програми ги гледав највеќе.
Противзаконски е да се укинуваат каналите додека трае договорот. Значи, сите ние кои имаме договори можеме да ги раскинеме без пенали со претходен приговор во Телеком или Вип. Ова е класично самоволие од двата најголеми оператори и соодветно треба да се казни, како од корисниците, така и од АЕК.
Претераа со самоволието. Телеком порано беа фини, учтиви, никаква поплака од нив не сум имала. Сфатија дека никој нема да им побегне на ВИП заради мрежата и си играат. Последниот пат за проблем со интернетот требаше три пати да им се јавувам, вториот пат ми се издра вработениот, ме учеше како на WiFi да се поврзам, 'ко неписмена. На крај дури и ми спушти слушалка. Дури на третиот пат ми се погоди некој што знаеше што прави и за пола минута го решивме проблемот. Бев пред некој ден да продолжам претплата, вика попуст на телефон можеш да добиеш само ако смениш тарифа, во спротива го плаќаш телефонот по продажна цена, што е поскапа дури и од продавниците за техника. Нормално, не го продолжив, си купив телефон, и пак ми излезе поевтино отколку да ја променев претплата. Видоа дека немаат конкуренција и не се ни трудат да ги задржат корисниците. За ВИП па да не ни зборувам ми се чини дека сѐ таму е неписмено.
Каде да реагираш... ние сме на ВИП, секој еден што работи таму е жив неписмен. Не знам како ги бирале, по кој критериум, ама не да не знаат да работат... па дете побрзо ќе сфати што треба да се направи. Туку немаме избор на оператори, тоа е проблемот. На Тотал ТВ да не сте?
Со приговор до Вип. Ние сме на Телеком, денес поднесовме приговор со барање да се вратат исклучените канали, бидејќи кога сме го склучиле договорот истите биле на листата и операторот не смее да ги менува за времетраење на договорот. Доколку не се вратат каналите, бараме прекин на договорот без пенали. Ако не прифатат, следен чекор е АЕК од каде што велат дека ќе не ослободат од претплатничкиот договор. Ние размислуваме кои ни се опциите... ако не ги вратат каналите, ќе раскинеме договор и телевизијата ќе ја префрлиме на Телекабел, а интернетот и мобилните ќе останат на Телеком, оти реално немаат конкуренција (за жал) Претходно мобилните ни беа на Вип, а таму не би се вратила Дури и не мора да го напуштиш операторот, доволно е што ќе бидеш ослободена од претплатничкиот договор, а ќе ги користиш бенефициите од истиот. Ако во иднина се укаже подобра понуда на друго место, веднаш можеш да си заминеш, без да чекаш истекување на договорот. (офтопик ми е мислењево, ама нема соодветна тема за ова)
Ние немаме опција Телекабел, само ВИП, Телеком, евентуално Тотал ТВ. Затоа си велам што ако раскинеме договор, ќе се начекаме да потпишеме со нов оператор. Како бре не ги скинаа Пинк и слични кич с***а?
На 29.12 уклучивме магента баш поради причината што таму го имаше цел Discovery пакет не го нудат другите оператори и кабловски, а мм со тоа е опседнат односно само тие програми ги сака да ги гледа, а до сега ги глеаше на телефон он лајн појма немам како. Дојде договорот на телефоните за продолжување и решивме да приклучиме макс тв. Арно ама, само една ноќ му траеше радоста, малер, ги укинаа. Ги испцу квалитетно и на телефн, и уште ги пцуе.
Телекабел се супер оти немаат договори. Кога сакаш можеш да раскинеш. Штета што немате. Телевизијата им е солидна, од интернетот и корисничката поддршка не сум задоволна, ама па месечна претплата за телевизија им е 450, а интернет + телевизија 850 ако не се лажам. Ај, може ќе се рашират и ќе профитираат од алчноста на големциве.
Нерви искинав веќе со VIP, уште ова фалеше. На 20. октомври требаше да се обновува договорот за Boom пакетот, и тогаш ни го сменија и рутерот со еден од овие новиве, безжични. Точно, 4 пати е побрз интернетот од порано, ама само кога го има, а оттогаш повеќе немам отколку што имам пристап до интернет! И ем интернетот постојано е паднат, поголемиот дел од минатиов месец го пројдов на мобилен интернет (фала Богу што бројот ми е од T-Mobile), зошто наводно сум го преминала лимитот на неограничениот wi-fi (кој го рачунаат 100GB). Друго, со обновување на договорот ни го пуштија HBO пакетот нели промотивно една година бесплатно. Кога дојде сметка имаше 100 и нешто денари доплата за HBO лајт пакет. Па нели е бесплатен? А уз пат имаше и други 100 и нешто денари доплата за повторно вклучување на телефонот, кој воопшто не ни беше исклучен! Плаќаш толку програми од кои повеќе од пола се бескорисни, другите ти се заклучени, и тие 2-3 на кои можеше да видиш нешто сега фатија и ги укинаа, и зошто воопшто ни е ТВ? И онака симнувам филмови од нет, бар и вести на нет ќе пуштам и ајт. И да раскинеме сега со VIP гледам истиот хаос е и со Telekom, така што испаѓа кај кого и да се префрлиш е исто ѓубре.
Ау, не можам ни да замислам како би реагирала вакво нешто да ми се случи. @An-na ќе видиме, засега вака ќе тераме, баш вчера зборевме со мм. Летоска потпишавме за ВИП, претходно на One бевме. Лошо е што немаме избор, мислам дека тогаш поквалитетна би била понудата.
Законски рок за поднесување на приговорите по настанатата промена (ако не се лажам) е 15 дена, после тоа не можете да приговарате.