Дизни принтовите, принтови со останати цртани, накит, фустани ала пепелашка ил Анастазија итн. Значи последниве неколку години многу модерно стана враќањето на овие детски спомени преку нашата облека, па гледаш 30годишни жени со Мики Маус блуза и притоа тоа изгледа многу слатко. Дизни дури има и посебна колекција на накит со овие ликови Некој друг лик од цртаните кој ви е омилен и чиј принт поседувате? Дали има некој ваков Дизни принт кој го посакувате во вашиот орман? Или сте дел од оние кои овие принтови ги оставија назад во детството и не сакаат да се навраќаат?
Кога бев мала имав апостолки со мики и мини а сега имам само една блуза со мини што ми е поклон за роденден
Не е лошо,ама јас со ваков принт би носела само блузи и модни додатоци.Ти се интересни,ама панталони и чевли со пепелашка ми изгледаат незрело,како за 5 годишни деца. Инаку од овој принт јас имам некој дуксер со Hello-Kity,обетки и една ташна.
Не поседувам парче облека или накит со ликови од Дизни,но ми се многу слатки и убави.Можеби ќе си купам некоја маичка со нив.
Аууу имам бааги облека со Дизни принт,се додека мајка ми не ми забрани да купувам бидејки веке не ми личело на годините.Имам неколку мајци со Мики маус,една со Пепелашка која ја земав ради натписот на грбот. Сеуште се загледувам по такви маички,но срека другарка ми одма ме врака во реалноста и не стигнувам до каса со нив. Во прилог мајцата со Пепелашка,иако ја не сум блонд . (сликана е позадината,од напред е Пепелашка)
Иако сум фан на рок, темно и мрачно, сепак неможам да им одолеам на ваквите парчиња. Преслатки ми се и го будат детето во мене. Уживам да гледам парчиња, неможам да им одолеам. Имам многу парчиња, но претежно се маички, а баш ми сакала некоја суќничка со мики маус. Не мислам дека се детски парчињата, сум видела многу возрасни личности кои супер ги искомбинирале ваквите парчиња.
Фан сум на Дизни маички, дуксери и патики, па дури и накитот.Имам 15-тина маички со Дизни јунаците, капа со Мики,Мики Маус патичиња и лед саат.Искрено мене не ми изгледаат детски, и онака си носам маици со принт, така да ми се вклопува во стилот.
имам само една маичка со мики маус како оваа последната над мене само основата наместо сива е бела не се вклопуваат некако во мојот стил, оваа ми е така посебна бидејки ми е од дизниледн ,ама повеќе има улога на сувенир отколку на мајца
Не е лошо, но би носела само блузи и модни додатоци. Ако најдам и штикли од тие со полна пета би носела.
дизни можеби не ама аниме и те како да. нормално не се облакам од глава до пети во цртан филм, дури не се ни разбира дека е тоа, зашто сепак аниме гледаат помалку луѓе.
Јас би носела маици и накит.Интересни се на изглед а и ги сакам цртаните филмови.За чевли зависи како ми се допаднат но мислам дека не би носела..
Многу ми се cute некако, и за преку ден , за некои кежуал комбинации се супер. Потсетуваат на деновите кога ги гледав анимирате долгометражни филмови на дизни.
Многу ги сакам блузите со принтови од цртани затоа што ме потсеќаат на детството ахх... добри времиња имам иста ваква :geek:
Многу ми е детски, кога одбирам облека гледам да не е толку шарена особено со ликови од цртаните филмови.