Дали знаете некои DIY (do it yourself - да си направиш сам) отстранувачи на бубуљици? Некои како маски за лице или домашно направени креми. Имам огромен проблем со бубуљиците. Целото лице ми е рамно, и на образите, и на брадата и на челото имам по малце бубуљици. Ама сеа ми излезе едно огромно мозолче на носот пред 2-3 дена и никако да го смалам. Дали знаете некои такви креми кои што може да се направат од најобични состојки?
DIY отстранувачи на бубуљици Знам мене ко бев помала ко ќе ми се направеше некоја бубулица бабами земаше лукче го сечеше на половина и ми го ставаше на мозолчето.И така ќе постоев минута две неколку пати во денот и ќе го снемаше.Лукот ќе го исушеше.Знам ова го викав операција лукче
DIY отстранувачи на бубуљици И јас ги обожавам овие маски. Пред неколку месеци најдов една маска што содржи - лимон, мед, јогурт и мелено кафе. Навистина функционираше. Ги наоѓам на youtube.Само, ги одбирам тие што не вклучуваат oatmeal, или како и да го викаат, дека го нема кај нас ( барем така мислам ) http://www.youtube.com/watch?v=Rk4xdYt3ick http://www.youtube.com/watch?v=NKbKgQyTc6Q
DIY отстранувачи на бубуљици На еден сајт прочитав за една маска од Чувар куќа.Земаш околу 20гр. од листови од чувар куќа и ги прелеваш со зовриена вода-како што се вари чај.И со тоа се миеш на ден 6 до 8 пати и навистина функционира го пробав,ама бидејќи ме мрзеше нон стоп тоа да го правам престанав да ја користам Се надевам дека на некој ке му помогне ова позз
DIY отстранувачи на бубуљици Oatmeal се овесни снегулки, има кај нас и многу убаво делува на кожата , ја измазнува и ја храни. Јас го мијам лицето понекогаш еве вака како во видеото на bubz . http://www.youtube.com/watch?v=7e5_...xt=C3097b19UDOEgsToPDskJUJfOokePfMoEG74IC5g5s
DIY отстранувачи на бубуљици Едноставен и супер тоник за лечење на лузни од акни, и за целосно подобрување на кожата. 200мл дестилирана вода 2 таблети аспирин 100мг малку алое вера гел Uploaded with ImageShack.us
DIY отстранувачи на бубуљици ^Го има некој пробано ова? И дали може природна течност од Алое, директно од листот?
DIY отстранувачи на бубуљици И мене ме интересира дали некој го има пробано тоа од сликата. Фала позззззззззззззз
DIY отстранувачи на бубуљици Тоа е мојот тоник, што е сликан. Алое вера гел има во секоја аптека. Веројатно може и сок од растението алое. Аспиринот се дроби, за побрзо да се раствори во водата и на тие 200мл се става едно стискање алое вера гел. Многу е пријатен тоникот на лицето, го смирува и полека ги лечи белезите од акни.
DIY отстранувачи на бубуљици Имам слушано дека многу помага мед и цимет комбинација, 10 дена да се мачкаш секоја нок и да преспиваш со маската на тебе.Ке си ставиш пешкир на перницата да не се укашкаш
DIY отстранувачи на бубуљици Еден рецепт што го најдов на интернет многу многу одамна, тоник за акни од босилек. Се што ви треба се три кафени лажички сушен босилек и сад со зовриена вода. Оставете го сушениот босилек да отстои околу 15 минути во зовриената вода, потоа прецедете и оставете да се олади и вашиот тоник е готов. Се нанесува неколку пати дневно, со памукче или пак ако можете да го ставите во шише со распрскувач и да го прскате директно на лицето уште подобро. Кај мене ефектот беше видлив, се надевам дека ќе биде и кај вас!