1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm или другите маркети?

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од JustBeYou, 10 ноември 2014.

  1. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Ајде да ги споредиме ДМ продавниците со останатите поголеми маркети (веро, керфур, тинекс...). Што мислите за нивните цени, производи дали се разликуваат со другите маркети?
     
    Последна измена: 10 ноември 2014
    На Ms.Mitrova му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    ДМ ДЕФИНИТИВНО!
    И ниски цени и преубави производи. И да се поскапи вредат за секој денар. :)
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во ДМ поефтино е само ако купувате производи на Балеа и Алверде и некои од нивните марки, другите производи им се поскапи.
    Мислам дај бидете реални, споредети ги цените на Нивеа, Лореал, Афродита во маркетите, Космо или ДМ.
    Конкретно бидејќи купувам Лореал крема во Космо редовната цена е 354, а во ДМ е 370 денари. Не е мала разлика. Ист случај е и со Афродита, шампоните се по 119 денари, а во ДМ се 136.
    Ова секако не важи кога производите се на акција, а кога има акција секаде е различно. Еден месец во ДМ се некои артикли на попуст, наредниот се во Рамстор, па после се во Космо итн... Кај декоративната козметика немам приметено некоја голема разлика во цени, ама и немам разгледано баш убаво и тоа ќе биде.
    Ми се допаѓа што во ДМ нема такви глупости со клуб картички, собирање поени и чуда па да мора да дремеш на каса 5 саати затоа што девојката пред тебе ја заборавила акртичката па се расправа, не и ја чита картичката па прави гужва за некакви си 10 денари во поени итн како што е случај во Космо, значи ми се одмили купувањето само заради овие глупости... Навистина е заморно и досадно тоа. ДМ барем си имаат чиста работа, флаерче со попусти убаво и уредно означено што е на попуст во каталогчето и ќе си купиш, а не накнадно да се замараш дајте ми попуст со картичка, со поени бла бла бла...

    Ми се допаѓаат полиците во ДМ како се средени, секогаш е средено се со цена пред него и опис, никогаш не сум начекала погрешна цена или да нема цена некој производ што е случај со маркетиве и Космо.
    Највеќе ќе го споредам со Космо, нема смисла со маркетиве каде што претежно има храна, а не се во улога на дрогерии.
    Ми се допаѓа и што декоративната козметика си е сместена во штендерите на самите брендови, а не расштркано по полици како во Космо. Ми се допаѓа што не те следат продавачките туку што си седат на каса, па не треба да ги чекаш ниту да ти биде непријатно додека пазариш.
    Асортиманот на производи исто така ми се допаѓа, посебно тие марки што ги нема на друго место, морам да признаам дека не ги употребувам многу многу, ама од тоа што имам пробано за тело гелови за туширање и креми сум доста задоволна.
    Ми се допаѓа тоа што имаат дел за органска и здрава храна, што имаат детергенти кои се со горе доле поприфатливи цени од другиве места, а и често се на акција.
    Убава ми е атмосферата во самите продавници и сум била во ДМ во неколку држави и можам да кажам дека и кај нас се држат на тоа ниво како и во странство, добро малку поефтини се ама разбирливо е поради царните надвор од ЕУ.
    Ова со рекламирањето на форумот им е уште една работа за поздрав, поблиску до купувачите и мотивирање да купуваме повеќе во ДМ.

    П.С. Разбирам дека сега поради наградиве сите сакате да се истакнете и да ги величите ДМ маркетите, најчитана и најкоментирана тема е таа денес ама сепак бидете реални и објективни, не верувам дека некој ќе ви даде награда за лигавење и фалење на нивните производи затоа што е многу ниско и се приметува од километар. :)
     
    На sugarlips, elinela, Marossa и 26 други им се допаѓа ова.
  4. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе посебно за оваа последна реченица а и за цените навистина е така затоа и споменав, нивеа шампон за машки против првут брат ми во дм го зема 139 а во рамстор (маркетот случајно вчера бевме) 119 само затоа што не мрзеше да слезиме до долу ... Како и да е ми се допаѓаат полиците и мене се е под конец се е групирано и средено. :)*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Глас за ДМ, другите ми се “језиви“...

    Имено, прво и пред се` затоа што имам приватност, која ја плаќам 20 - 30 денари поскапо, меѓутоа секогаш давам предност на мојата приватност, отколку да се влече некој по мене и да ми создава доста нелагодни чувства во моментот кога треба да бидам опуштена и растеретена од милион обврски. Едноставно тие 10 или 20 минути се релаксација за секоја жена и потребно е истата да биде приватна. Наместо тоа, често ми се случува фазата “барање на алтернатива“ при процесот на купување да ми е одземена по пат на манијакално следење од страна на вработените, а проблемот го лоцирам во одговорните кои ги тераат истите така да се понашаат. Значи тогаш собирам информации за производот, споредувам со други производи, гледам алтернативи, се присеќам на маркетинг понуди и искуства од пријателки/познанички и одлучувам дали ќе го купам или не производот. Вака оваа фаза се прескокнува кај конзументот и затоа “бомбастично“ опремени продавници или дрогерии зјаат празно, додека другите супер работат.

    Стварно ми е загрижувачко језиво кога обезбедувањето и продавачките се постојано зад мене, абе влакненцата на грбот ми се ежат и онака, па рефлексивно ко задња будала се вртам и изгледам уште толку сомнително.
    Трагедии.
    И како нус појава ми се случува често да купам нешто што навистина не ми е потребно во моментот, чисто да имаат предвид дека не сум крадец туку потенцијален или редовен конзумент.

    Имаше една случка со една од дрогериите во Скопје на што дефинитивно не преќутев. Се работеше за маскара и за тестер што моја пријателка го пробуваше. Одма “шефицата“ се побуни на крајно дрзок и непристоен начин што сите во продавницата се свртеа. Се обидувавме да и покажеме дека истата маскара е навистина тестер, а ради кои причини таа уште не убедуваше... еве незнам. Во меѓувреме влезе жена со детенце и тоа си зборуваше како “Мамо види ова, мамо види она“, а истоименава само се напрчи и безобразно и рече: “Госпоѓо може потивко?“. Мразам да се расправам за култура, ама ете во случајов немаше простор за дискусија и оправдување.

    И за крај, мал минус имаат ДМ - Битпазар. Обезбедувањето ни ги собра лентите за парфем пред очи додека ние пробуваме од тестерите што да купиме. Човекот си ги стави во фиока и не одмина лефтерно, како да заштедил од негов џеб. Такви случки кај нови потрошувачи многу негативно делуваат.
     
    На CameliaMiller, beatriz, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Па приватност имаш и во другите маркети, овие таканаречениве парфимерии се во тој кош со продавачки што те демнат на секој чекор.
    Никогаш не ми се случило да одам во Веро, Рамстор или Тинекс и некоја да дојде да ми "помага". Всушност таму и да сакаш да најдеш некој за помош, тешко ќе начекаш.
    Мислам тука во воведниот коментар се споменуваат маркетите а не парфимериите, па затоа и треба да бидеме објективни.

    Инаку кога купувам, најчесто гледам да купам од продавницата што ми е најблиску, било да е ДМ, Рамстор или било кој друг маркет. Времето е скапоцено:lol:
    А за цените, на многу производи имам забележано дека цените им се повисоки од другите маркети, ама на кого не му чини нека оди на друго место.. Тоа е..
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Премногу сум задоволна од нивните производи , одвај чекам да дојдам во мк за да си земам од геловите за туширање на Балеа , само би Ви препорачала кај козметиката да има по некое лице одвреме навреме да погледнува се што се прави , многу пати и да има тестери сум видела девојки како ги отвараат и останатите производи па од кога ќе се отвори потоа некој друг ќе го купи истото мислам дека разбирате што сакам да кажам. Исто така јас кога бев да земам гел туш за очи од Лореал (ова ми се случи во ГТЦ во тој ДМ ) кутивчето си беше однадвор ок ама внатре не проверив дали е се во ред и кога одам дома гледам нема четкичка. И мислев дека производот не доаѓа заедно со четкичка. Но потоа дознав дека требало да има ама некој си ја земал за себе :envy:. Некој почесто да гледа таму што се случува зашто има секакви луѓе , штом успеале да отворат кутивче и да си земат четкичка којзнае што се случува и со останатите работи
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Наефтин супермаркет е КАМ. Не сум задоволна од геловите за туширање, течните сапуни за раце и кремата за раце од маслинка зошто ги сушат рацете. Шампоните ги немам користено, а не ни сакам да ги пробам. Меѓутоа, во споредба со Тинекс, Веро, Рептил во КАМ се најниски цените. Во ДМ од производите на Балеа не сум пробала, кога одам во ДМ обично си купувам козметика од Римел. Тоа што имаат козметички производи од разни брендови е голем плус за нив. Во Тинекс пред некое време гелот за миење лице од НИВЕА беше намален на 217 денари, а истиот од ВЕРО сум го купувала за 301 денар.
    Убаво е кога човек има време и може да си прошета низ различни супермаркети, да ги спореди цените, меѓутоа луѓето купуваат од супермаркетот што е најблиску до нив,
    Не сакам преголеми супермаркети како Керфур во Рамстор, зошто ми треба премногу време да најдам каде се сместени работите што ги барам. Исто така не сакам да експериментирам многу со некои не чуени брендови, како што имаат во ДМ, Керфур и КАМ. Ете од КАМ ги пробав и не сум задоволна, но прочитав дека некои феминки го фалат кремот за околу очи од Балеа, тој би сакала да го пробам. :)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    И јас ќе кажам за тоа што го спомна Коритсаки.... често пазарувам во ДМ, ама избегнувам да купувам декоративна козметика од проста причина што многу од потрошувачите, ги отвораат производите за да ги пробаат, не се задоволуваат само со тестерите, кои доста често и ги нема. Последно бев во ДМ во Капитол, сакав да си купам сјај за уста од Catrice. Немаше тестери, а боичките кои ми се допаѓаа беа сите отворени. Џабе се пожалив, можеби ќе вроди плод, па вработените ќе внимаваат повеќе, меѓутоа, сметам дека тоа е повеќе до културата на потрошувачите.
    Во други маркети многу ретко купувам она што ми треба, ама во глобала, препаративна и декоративна козметика купувам исклучиво во ДМ. Во Космо не сум влегла, со оглед на тоа дека моја нога одамна во Тинекс и компанија не стапнува, па не можам да споредам. Ама во глобала, цените ми се доста пристапни и очекувани во однос на стандардот.
     
    На janickaskopje и Edie.S им се допаѓа ова.
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно и без размислување, ДМ! И уште еднаш секоја чест, за роденден да си замислев желба да се отвори цела категорија за мојот омилен маркет на мојот омилен форум, не би ни сонувала дека ќе се оствари. Пријатно изненадување навистина, браво и за ДМ и за Фемина! :party: :l:
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се согласувам дека цените им се малку повисоки за дел од производите. Ама мене ми е многу убаво да се шетам внатре. Ме опушта и супер ми е!
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Од ДМ купувам само Балеа производи, или евентуално ако начекам нешто на акција што ми треба. Другите производи им се поскапи, истите за пониска цена ги наоѓам по други парфимерии, маркети или евентуално во аптека. Декоративна козметика не се сеќавам дали некогаш сум купила од таму, иако често сум отишла со таа намера. Тестери немаат, а производите се гледа дека се отворени, некои од нив дури и оштетени.

    Ја поздравувам целата акција на ДМ на форумов, само ме чуди од каде сега сите испаднаа задоволни, кога во темата за нивните производи има многу критики (меѓу кои и за вработените, ама ете јас не сум налетала на таков случај, затоа не можам да зборувам).
     
    На Sanjichka007, Giovanna и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    На битпазар во дм те демнат и следат, таму не влегувам веќе... Се осеќам ко во космо. А во ситимол и тагталиџе ми е најкомотно пазарењето во дм.
     
  14. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    Останатите производи се поскапи , мене па никој не ме следел ниту во Рамстор до сега ниту Тинекс или веро и таму на раат си купувам, а во Дм на бит пазар човек не може да проба на раат, тој од обезбедувањето само оди по тебе, и ако застаниш да пробаш некој тестет тој були буквално во тебе бог да чува
     
  15. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Nemaat komkurencija ni zamena odlicni se.
     
  16. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    ДМ секако бев во Скопје се воодушевив што сте сте имале виа голема среќа :D
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    @mims-89 претпоставувам мислеше на Лореал трипл актив кремата, пошто ја користам ја знам точната цена, не е 370 туку дури 395 денари. Во Космо конкретно е 356, во другите маркети се движи околу 370. Разликата не е воопшто мала, особено па ако земеш повеќе производи однеднаш. Ова е конкретен пример, но ги има уште многу.

    Инаку општо беше познато тоа на форумов дека ДМ е поскап маркет за останатите производи, многумина се имаат и пожалено, не знам стварно од каде излегоа волку позитивни мислење без ниту една забелешка. Не очекувајте некој да се поправи ако само го тапшате по рамо :^) Всушност и тоа е една од причините зошто е започната соработката со форумов, луѓето побараа конструктивна критика за во иднина да придобијат уште повеќе верни купувачи.

    За тие производи што се продаваат исклучиво во ДМ маркетите не можам да се пожалам. Се гледа и дека најголемо внимание се посветува на нив, што секако е многу нормално, цените се доста ниски и прифатливи за сечиј џеб, а квалитетот иако знае да варира, воглавно сум задоволна од повеќето производи што сум ги пробала. Навистина за тие пари знае да се најдат многу производи коишто со квалитетот и те како ја надминуваат цената.
    Ми се допаѓа што застапуваат брендови кои се специјализирани во различни полиња, од нега на коса, тело, лице, до производи за сончање, органска и веган козметика и продукти за исхрана, до бебешки производи, производи за трудници и средства за одржување на домот. Буквално можеш да влезеш и да изнакупиш секакви сваштарии со добар квалитет за малку пари.
    Друга работа...ако за споредба на пример во Космо можеш да најдеш креми за лице од 100 до 10.000 денари, овдека изборот е навистина доста голем но брендовите што ги има се со цени кои се движат во границите на она што може да си го дозволи секој обичен човек. Затоа можеби и повеќето го избираат овој маркет пред останатите. Знаат дека за што и да се фатат нема да им изгори новчаникот :D

    Јас конкретно сакам да си влезам секаде, да разгледам и да споредам: Купувам доста често од производите што ги зборував погоре, но искрено ретко купувам декоративна козметика од ДМ од причините што ги набојаа некои од девојките. Мислам дека е подобрено работењето со текот на времето, гледам дека повеќе се обрнува внимание да се постават тестери, но повторно нема од сите и се наоѓаат доста оштетени производи.

    Не ми се допаѓа и што дел од парфемите се чуваат под клуч, небаре се суво злато. Разбирам дека има безусулни луѓе што на секое поминување низ трговски ќе влезат да се шприцнат, но тој начин со витрината воопшто нема да ме натера да купам. Додека да најдам некој да ми отклучи и да ме услужи ќе влезам во друга парфимерија да си разгледам на раат.

    И како за крај, кажав и во другата тема ама да си се повторам, сметам дека теба да има неков стимул за лојалните купувачи. Дали ќе бидат тоа некакви картички или купони за попуст што ќе се даваат за сметки над одреден износ, не знам, но би било фино ако се размисли малку и на таа тема :) Јас на пример си собирам и Т-мобиле поени, па затоа и доста често купувам во Тинекс, Космо па и од Нептун по некогаш кога ќе ми затреба. На крајот на годината имам собрано доволно за да купам некоја доста скапа работа за којашто не би ми се давале така лесно парите. Ми доаѓа некако како новогодишно поклонче за дадената доверба :lol: како што и не знам да штедам баш, фино е кога некој го прави тоа за мене :$
     
    Последна измена: 11 ноември 2014
    На Annath, mims-89, sanja.burgundy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е погодена темава ама ќе си пишам. Ич ама ич не ми се допаѓа идејава што ја имаат да отвараат теми на форумов и да даваат награди. Се ми се чини дека добри 80% од она што ќе биде од сега пишувано ќе биде лигавење за да се добие подарокот.
    Секоја чест на исклучоци, кои знаат да си напишат реален пост, и отворено да си кажат што не им се допаѓа.
    Форумов мислам дека досега беше многу поопуштен во таа смисла, кој не беше задоволен од нешто си го кажуваше јасно, а сега од никаде никнаа толку позитивни коментари во темите отворени од ДМ.

    Мислам видоа дека форумов влијае па ајде се зачленија тука, и ќе залажуваат со поклончиња или ?
    И не ја разбирам потребата од тоа да има такви теми со препораки стриктно од нив. На која и да и затреба нешто, си пишува во соодветна тема, за коса тело лице, и девојките даваат препораки, не само за тие марки кои се во ДМ туку општо за сите се дискутираше. Вака на овие теми ке се даваат препораки само за производи од ДМ или што е, не разбирам?
    Форумов има некаква добивка од тоа што го рекламира ДМ или?

    Не ме сфакајте погрешно, не сакам постов да го разберете како личен напад, само не ми се допаѓа идејава, ми изгледа како да форумов ја користи посетеноста да заработи од вакви реклами. Сепак ако ми затреба некаква рецензија или ќе побарам од оние што се напишани пред да се отворат темиве или ќе прогуглам, тие ми изгледаат како поискрени од овие што ке бидат пишувани во теми отворени од Дм.

    Настрана муабетов, ќе се сложам со повеќето од девојкиве. Се исплати да се купуваат марки кои ги има само во ДМ, Балеа, алверде и ним сличните. Остатокот се исплати да се купи само ако е на акција, бидејќи во спротивно се поскапи од било каде.
    Ама имаат баш добри понуди, производи на попусти кои се потребни постојано, шампони, сртества за хигиена, основни работи кои се потребни секојдневно.

    Во однос на односот на вработените, повеќето се или дрски или мрзеливи, значи што и да ги прашаш одговараат со не знам, види на рафт ако нема значи нема, или пак не знам, прочитај си што пишува на него.
    Конкретно минатава недела, имаше преубав лосин на раце ставен на акција, на попуст во каталогчето, и отидов да го барам во Дм во веро. Го најдов ама не беше намален, па и се обратив на вработената, она само онака лагано ме погледна и ми рече грешка си тоа било минатата недела. Ми одеше да и го извадам каталогот пред очи и да ја натерам да види дека појма нема.
    Отидов во тој Дм во сити мол, случајно влегов по нешто друго и ми текна да прашам, и таа на каса само ми рече не знам. За по два дена да го најдам конечно лосионот со цена која што е дадена во каталогот.

    Не беше работата во тоа дали ќе дадам 40 денари повеќе и ќе го купам со редовна цена, туку ме иритира односот на вработените, не се воопшто услужливи, значи жено не барам рецензија да ми направиш, ама барем да ме упатиш и да ми помогнеш да најдам нешто можеш, затоа и те плаќаат.

    Друга работа е обезебдувањето, посебно ако е маж, што и најчесто е, каде и да појдеш те следи, не можеш ни да испробаш нешто пошто те гледа по око цело време. ама од друга страна пак и ги разбирам. Толку не културен народ сме значи што се ужаснувам. Како бе така можат некои девојки да крадат тестери? Значи буквално цели тесттери од пудр си ги земаат. Барав тестер за пудра во она во веро и фалеа тестери, се обратив на вработената ( која што патем мора да ја пофалам, повозрасна жена беше и единствената што досега сум ја сретнала љубезна вработена) и самата ми рече како е можно пред 5 минути имаше тестер баш од таа пудра сега го нема, зналчи некој го собрал.

    Она на бит пазар па е приказна сама по себе, не знам зошто ама воопшто не ми се влегува во него, (иако локацијата ми е најпогодна) т.е. причината е што досега има забележано дека во него влегуваат ама баш најнекултурните девојки ( повторно немој да ме разберете погрешно). Ќе се наредат девојчиња од 15 години ја зафаќаат цела полица со парфеми ( притоа нема шанси на некоја да и текне да се помести и да направи простор да се помине) се шприцаат обично со најскапите парфеми, а очигледно е дека девојчиња од 15 години нема да дадат по 2000 за парфем, т.е. намерата им е да се намирисаат и да си излезат. Така да и тука ги разбирам зошто ги заклучуваат поскапите парфеми.
    Како и да е пред да ги критикуваме поради обезбедувањето и заклучувањето, сметам дека ние треба да си ја смениме културата, за да они не бидат приморани да го прават тоа.
     
    На Candice.S, Annath, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Другите маркети.

    Престанав да купувам од ДМ од причина што немам време да проверувам кој производ е веќе користен како тестер, а кој не. Или да проценувам која пудра е пополна, т.е. помалку користена. :| За мене тоа е крајно непрофесионално и неорганизирано. Во други маркети не сум сретнала вакво нешто, што значи си превземаат мерки луѓето.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Pros
    - На девицата во мене многу и се допаѓа што секогаш е чисто и средено.
    - Многу ретко имам начекано вработена да реди производи додека купувачите разгледуваат.
    - Ги обожавам продуктите на Балеа и Алверде, за (релативно) малку пари се добива одличен квалитет.
    - Супер е што декоративната козметика е сместена во посебни `штандови` (а не како во Космо во трговски каде ништо да не можам да најдам)
    - Голема пофалба за акциските попусти кои се на секој две недели -прави разлика кога детергентот, омекнувачот за алишта и/или тоалетната ќе ја купиш за 100, 150 ден поевтино.

    Cons
    -Немање тестери
    -Поскапи цени во однос на сите останати маркети
    -Недоволно брзо надополнување на штандовите со декоративна козметика -разбирам дека некој продукти/ нијанси побрзо се трошат но треба да се внимава
    -Недоволно осветлување во делот каде е декоративната козметика (ова може да е скрзо до мене но неколку пати ми се има случено да шетам лакче низ маркетот за да му ја видам поубаво бојата)

    Предлог
    -Да се воведат картички, дали за попуст, дали за поени, со кои би се стимулирале потрошувачите да купуваат повеќе во Дм а воедно истите тие би биле наградени за нивната лојалност.
     
    Последна измена: 12 ноември 2014
    На Mama25, Annath, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.