1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm или другите маркети?

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од JustBeYou, 10 ноември 2014.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.568
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Простичок народ сме, нема никаква култура додека се пробуваат некои производи, па и кога нема тестер приметувам дека девојките без пардон си отвараат маскари и тушеви за очи и после оди ти купи го и закачи бесплатна инфекција на очите или пак, ризикувај да дадеш рецимо триста денари за маскара која ќе се исуши додека да кажеш „кекс“.
    Ја разбирам до некој степен и, да ја наречам „ангажираноста“ на обезбедувањето кое се обидува да ги контролира овие испади кај погоре спомнатата маса, ама да не те остави на раат да си одбереш нијанса на кармин или руменило, ми е навистина невкусно.
    Си одбирав нијанса од моливчињата за веѓи и нормално нели, немаше тестери. Само посегнав да ги прочитам нијансите на моливите за да им ја видам разликата, а молив можам да си одберам само да го видам, без да пробам, затоа што ги знам тоновите кои ми одговараат добро. И од нигде никаде ми се издра некој: ДЕВОЈКО ОВА НЕ Е ТЕСТЕР! - си мислиш, почнав да си ги пополнувам веѓите. Значи повторувам, само ги држев во рака, НЕОТВОРЕНИ.
    Не живеам ниту во филм, ниту пак сум грофица од Ломбардија, ама не можев да одолеам на дрскоста и вратив во иста мера, минус дерењето. Зашто не сум животина која се однесува несовесно или не разбира одредено поставени правила, па да мора да се дереме како заклани.
    Од една страна Е за пофалба тоа што ете ставиле некој тип на надзор за да го контролира аздисот на некои, ама не е во ред да се прави узбуна и да се ремети некој кој ете, само си разгледувал.
    Можеби сум сакала да ја прочитам декларацијата или името на нијансата, тоа не значи дека ќе употребам некој производ, Бог да чува.

    Во ДМ одам само заради производите на Alverde и Balea, затоа што ми одговараат и со цената и со квалитетот. И некоја козметика од брендовите кои ги нема низ другите дрогерии, како Ebelin или Catrice.
    За сето останато од козметиките, тука се Космо и Шатци, а прехранбените продукти и средствата за хигиена си ги обесбедувам од другите маркети. Во ДМ ми се исплаќа да земам омекнувач или прашок за перење само кога некои од продуктите се на акција.
     
    На sugarlips, ivancekitty, Jovananana и 9 други им се допаѓа ова.
  2. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    641
    Апсолутно се сложувам со тоа дека сме прост народ,имам со мои очи видено девојчиња што комплетно се шминкаат со тестери,се намирисуваат и излегуваат.Еднаш во Космо ги гледам,си ставаат маскара од тие на рафт,ич не им е гајле,па после некој како мене што нема да ја отвори ќе ја купи.
    Меѓутоа,не им дава тоа право на продавачките и обезбедувањето сите да не ставаат во ист кош.Нити сум дете нити изгледам како крадец или некој што нема пари да купува кај нив ама..Пред некој ден пазарам во ДМ,и имав во корпата гелови за туширање,пудра,маскара и уште некои ситници.Проаѓам покрај штанд на Менхетен и случајно ми упаѓа во око мат пудрата,викам чекај само да ја видам нијансава,изгледа подобра ќе ми е од таа што ја купив еднаш.Како го отворив тестерот така ми се затрча продавачка што пред тоа ја немаше нигде и толку дрско ми се обрати -што треба да ви се помогне и застана до мене да гледа што правам,мислиш тестерот во ташна го ставив.Дечкото од обезбедувањето стоеше пред парфемите така да од него не можев ни да погледнам што има а недај боже да сакав нешто да помирисам.Сакав да купам нешто од Катрис пошто само тука ги има ама се пишманив,платив што сум купила и си отидов.За жал само во ДМ можам да си купам Риммел и Катрис,понекогаш си купувам гелови за туширање Балеа инаку искрено Космо повеќе го сакам.
     
  3. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Од ДМ купувам исклучиво и само нивните преоизводи, од кои сум многу задоволна во однос на цена и квалитет. Претежно Denkt - Mit, Balea, Baby Love, Sundance.. Се останато купувам од други маркети или парфимерии. Прво и најбитно затоа што се поскапи, но и кога би биле иста цена повторно не би ги купувала од кај нив едноставно затоа што кога одам во ДМ не одам на пазарење да се натоварам, туку секогаш попатно да купам тоа што ми треба. Шминка па особено не купувам. Таму или све е уништено, пробувано или залепено со салотејп, а тестери никогаш нема. Немаме бре ние култура за вакво пазарење. Пред мене баш девојчиња хараа по штендерите све отвараа што може да се отвори и пробуваа. А тестерите не дека они никогаш немале туку им ги крадат. Набере гревот е помал ако се украде тестер а не производ за продажба. А па кога ќе видам исполепено со салотејп, знам дека не е отварано ама бре ич не ми прави ќеф да купам нешто така лепено, па дома треба да го одлепувам па да го чистам лепакот да не ми лепи и фаќа прљавштини.. Особено ми е смешно што парфемите ги држат заклучени, па ако сакаш нешто за земеш мораш да бараш некој вработен да ти отклучи.. Вработените па се посебна приказна, ако највеќе ме нервира некој да ме прати како сенка, тогаш тука е сосема спротивно - неможеш за лек да ги најдеш. Имам впечаток дека се премалку вработени, само на каса има, низ маркет некогаш се утепувам да најдам за да ме упати некој производ каде стои. Исто мислам дека не се многу запознаени со производите, значи може само да ти кажат каде стои, ама некаква подетално да ти помогнат или да ти објаснат за производ тешко.. Јас не сум имала негативно искуство со вработени, па ни позитивно, некако имам впечаток како г`з преку глава да се.
    И не ми се допаѓа ова со наградиве и рецензииве. Ми се допаѓа идејата да има една тема каде можеш нешто да прашаш, да пофалиш, да искритикуваш, ама ова со подароците и рецензииве ми е многу ниско.. Па сега девојчињава се потепаа, за еден производ кој е 100тина денари ќе се лигават до бесвест.. И освен на некои исклучоци не верувам дека тие рецензии ќе бидат реални, немам ни намера да ги читам..
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    2.784
    Пол:
    Женски
    Бидејки не сум од Скопје, и само кога доаѓам обавезно купувам нешто од DM, бидејки сум уверена во квалитетот на прозиводите нивни, а и најважно од се, цените ми се баш пристапни за разлика од некои други производи..
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.129
    Допаѓања:
    88.356
    Пол:
    Женски
    Некако попријатно ми е да влезам во ДМ него на пример во Космо, што знам зошто е тоа така.
    Инаку цените им се поскапи од други места, па најчесто земам нешто што не може да се најде на пример во Зегин.
    За разгледување ми се супер и тепање време.
     
    На sugarlips, Eli23 и kala21 им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    23.096
    Пол:
    Женски
    Откако отворија dm во мојов град, во тие во Скопје не сум била и не знам каква е ситуацијата околу ова што кажувате злоупотреба на тестери и несоодветен однос на вработени.
    Тука е многу релаксирано, вработените се пристојни, тестерите се уредни и на место... секој втор ден сум таму бидејќи ми е многу блиску до дома и до сега немам непријатно искуство.

    Во однос на цените во споредба со други маркети немам забележано разлика, бидејќи и онака во dm претежно купувам само оние производи за тело/коса кои ги има строго тука односно balea / alverde и не сум обрнала толку многу внимание на другите производи.
    Купувам и козметика, да, ама не ми текнало до сега да споредувам со цените во Космо, или некоја друга поснабдена парфимерија, затоа што како што кажав фактот што сега dm ми е во комшии ми заштедува и пари и време, а и реално друга опција, барем во градов, нема...
     
  7. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Немам купувано во ДМ во Македонија, и не знам како е ама вие како што викате дека е скапо си се чудам....јас кога бев во Германија од ДМ се скапав од купување и имаше преефтини работи...геловите за туширање беа по 30-40 центи, значи овие што се овошни ова она, а тие што беа од мед и млеко тие беа 1.20,1.30 голем....ама си се чудам зошто кај нас толку скапо :|:^):^):x:x
     
  8. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Во ДМ најчесто ги купувам нивните марки (Алверде, Балеа, ДенкМит ). Задоволна сум од нивниот квалитет и цена, а посебно од средствата за домаќинство, за помалку пари-одличен квалитет се добива!
    Не ми се допаѓа тоа што сите други марки на производи се поскапи од другите маркети и што многу често производите се отворени (кај декоративната козметика). Но, добро е што имаат редовни попусти на производите, само тогаш се понормални цените на производите од други марки.
    Задолжително треба да воведат картички за попуст/поени за редовните купувачи, за да не мотивираат од кај нив да купуваме.
    Во секој случај, многу често купувам во ДМ.
     
  9. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто ама и мене ми е попријатно да влезам во ДМ исто како marama.Искрено многу ми се допаѓа маркетот,одвај чекав да отворат кај нас,кога и да ми треба нешто одам и од таму купувам(мислам дека на дечко ми му е здосадено веќе,искрено). Се е во ред само не разбирам зошто на некои работи цените се високи,што не е така во другите земји каде што има ДМ маркет и фалат некои производи кои што ги има во другите ДМ маркети и би сакала да ги донесат.Ми се допаѓа што има брендови козметика кои ги нема на други места и квалитетот е на ниво,морам да спомнам и јас за тестерите,воопшто не ми се допаѓа што многу пати наоѓам од кармините за купување отворени и пробувани и нормално нема да го купам,а и нема тестери за секој производ.Инаку презадоволна сум од маркетот и би сакала уште повеќе да отворат. :):)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.783
    Пол:
    Женски
    И јас во онаа група на луѓе кои ДМ им е едноставно попријатен, ми има некоја поубава атмосфера и секогаш можам релаксирано да си разгледам и видам на раат.Најчесто пазарам во Сити мол, а сега почнав и во новиот кај Веро, и досега секогаш сум имала убаво и позитивно искуство.Со продавачките секогаш си правам муабет на каса, многу се пријатни, насмеани и секогаш биле тука да ме услужат, да ми помогнат да најдам нешто и слично.Највеќе купувам производи што ги има нели само во ДМ, зошто за другите не ми се исплати, бидејќи веќе е кажано поефтини се во другите маркети.Е сега јас многу, многу не купувам шминка, па затоа можеби се немам сретнато со проблемот на веќе отворени работи, ама тоа е до културата и свесноста на народот.Затоа најубаво проверувајте пред да купите, зошто која е логиката да купиш козметика што е веќе користена.Во главно, ми се допаѓа ДМ, цените на производите кои ги има само во ДМ се одлични, достапни се и се наоаѓаат многу убави и квалитетни работи:)
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Нормално дека во Германија ДМ ќе биде поефтин кога е нивни бренд, исто како што кај нас Македонските брендови си се поефтини така се и таму. Исто така и во земјите од ЕУ е поефтино затоа што немаат царини, даноци за увоз и слични работи кои ги има кај нас. Додади му на таа цена плус царина, плус даноци, плус маржа и ќе ја добиеш пак цената од 100 и нешто денари кај нас, што е сепак разумно.
    И кај нас Стоби Флипс е 10 денари, а во Хрватска е 3куни. :)
    Не се жалете за обезбедувањето, познавајќи го пределот кај Бит Пазар и малку е тоа обезбедување што го има, плус со свои очи имам видено возрасни, средени госпоѓи кои крадат без срам како и девојки средени топ, изгледа ко да имаат многу пари, а сепак крадат. Така да обезбедувањето е должно да набљудува, сепак неможе да знае кој е крадец, а кој не. Точно никој не личи на крадец ама изгледот и те како знае да лаже. Мене ова не ми пречи затоа што претпоставувам дека после тоа вработените украдената роба ја надоместуваат од својот џеб, од својата плата, па и јас да сум така ќе им висам на глава на луѓето.
     
    На Hipica и Annath им се допаѓа ова.
  12. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    Многу случаи има со обезбедувањето , за "дерењето" дека нештото не е тестер. Па добро мајкуму, кога би ставиле тестер ке можеме на раат да го испробаме прозводот , а не со немањето тестери ем ние купувачите незадоволни , ем продавачите зашто некој го отворил само да ја види нијансата. Што ве чини еден производ да отворите и да го ставите за тестер и така кузнај колку промет се прави а и малце продавачи има што нема ни да ја остетите таа загуба , напротив ке има многу повеќе купувачи.Крајно време е да ставите тестери.
     
  13. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Значи како сум се изнервирала вчера пазарејќи во Дм во Веро Џамбо. Како прво Во таа гужва која се создаде имаше само една продавачка која не се замараше со купувачите и стоеше на страна само. Како второ една госпоѓа во поодминати години поминуваше накај штандот кај шминките и со чантата се закачи во маскарите бувна една само се сврте и си замина како да не направила ништо. Јас бев таа која што ја подигна и ја стави на место, оти стварно ми беше зал за производот што не беше тестер онака да стои на земја да се шутка лево десно, а таа несовесната никому ништо. И како трето ај реков конечно сум при пари и ќе си го купам хајлајтерот на есенс, и како што се приближувам до нивниот штанд една типка си го отвара розевето хајлајтерче кое не беше тестер си се намачка на рака изгледа не ја бендиса и го врати. А тестерот ќе ја ослепеше пред неа стоеше целиот отворен абе цела да се намачка. И одам до штандот и што ке видам поселедното хајлајтерче го отворила и пробала, и ми се згорзи и се изнервирав и не го земав. Да бе оние ке пробуваат а ние ќе купуваме е нема. Се на се некултура.
     
    На CameliaMiller и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    И јас вчера имав непријатна случка во ДМ во Веро Џамбо. Сакав да купам некоја крема за лице, но немав замисла која. Читав декларација на една на Балеа и кога дечкото од обезбедувањето ми виснал позади мене, буквално ми дишеше во врат :^) Ај да земам да отварам производи, да ги пробувам и сл. ама јас само декларацијата ја читав..и се разбира се изнервирав и си отидов :puke: Кога навистина треба да реагира некој, како на пример во случајот од претходниот пост на Фатална никој нигде нема, а кога некој навистина дошол да купи нешто и кога не прави ништо лошо тогаш изгледаш сомнителен па не сум дошла да крадам :doh:
     
    Последна измена: 23 декември 2014
  15. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Тоа е таа споредба и неправедност која мене најмногу ме нервира. Тие кои пробуваат се и сешто и буквално ги крадат тестерите нив никој нишо не им вика а ние простички неможеме на раат да си одбереме ...

    И јас искрено незнам што да мислам за парфемите ... донекаде е убаво што се затворени од друга страна пак незгодно ми е да и речам на продавачката 10 да ми отвори да ги помирисам, а и таа фаци праи... и затоа не купувам парфеми таму
     
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Концептот на маркетот е понуда на квалитетни производи по ниски цени.За тоа да го овозможи нормално дека ќе скрати од нешто.Повеќе вработени=повеќе трошоци.Плус обука за истите околу производите за да можат да помогнат при изборот.Сето тоа ја качува цената и Дм не би бил тоа што е.Сама ќе си разгледам и ќе си најдам што ми треба.Нема потреба од продавачка која ќе ми каже за што служи кремата бидејќи си има декларација на истата со сите потребни информации.Ми се допаѓа и тоа што на ливчето со цена пишува и колку чини 100 мл од производот.Така ќе споредам и ќе видам кој производ е поефтин.
    Тестерите ги нема бидејќи се крадат.Заради тоа постои обезбедувањето.На никој не му пишува на чело дека е крадец ,па нормално дека ќе ги посматра сите што чепкаат нешто.Тоа му е работа.
    Мене концептов ми одговара и затоа купувам од таму.Нема досадни продавачки што ме следат и ми сугерираат.И ми се допаѓа тоа што ако производот ми е за подарок го пакуваат бесплатно.
     
    На simoncelicius, senza.parole и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Би сакала уште да прашам,зошто нема кај нас нови колекции од catrice и essence?-Знам дека тоа можеби не е до вас,но сепак штом ги има во другите ДМ мислам дека би требало да ги има и кај нас.Тоа ми фали уште во ДМ,да не ги гледаме само кај другите а кај нас да пристигнуваат касно.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Задоволна сум од сите маркети, но некако во ДМ и цените и прозиводите ми се подобри. Досега од се што сум купила сум презадовона.
     
    На dm drogerie markt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.712
    Допаѓања:
    5.033
    Пол:
    Женски
    Во ДМ влегувам само ради Alverde и Balea.
    Неколку пати имав ист случај како овој:
    Тестери исто така нема, ретко нешто останало, а се случувало и да купам пола потрошен производ.
    Цените се високи во однос на Шатци и Космо и други поголеми маркети во однос на препаративна и декоративна козметика. Цените производите кои им се на попуст се всушност колку што се редовни цени на други места.
    Колекциите доцнат, или воопшто не доаѓаат. И најчесто светлите нијанси на пудри ги нема.
     
    На koritsaki и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Ms.Mitrova

    Ms.Mitrova Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    ДМ маркетите се број 1 за мене за козметика. Пред да отвори во Скопје со сопругот кога патувавме надвор од државата секогаш ги посетував дрогериите на ДМ во локалните места.