1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm или другите маркети?

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од JustBeYou, 10 ноември 2014.

  1. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Јас не користам премногу производи од козметика и шминка,туку само тие понеопходните,гелови за туширање,лосиони,лабело,шампони...бла бла,шминка исто така не купувам многу(маскара,сјај за усни),како што гледате истите производи можам да ги најдам и во маркетите,малку се поскапи во ДМ,ама преферирам да купувам таму дека стварно се им е убаво средено,подредено,цела шминка,козметика,не те следат продавачките како во Космото мислиш некој натрапник си,можам на мир да си гледам и да си одберам.Ретко купувам од нивните марки,додуша имам само нешто купено од Балеа и не ми се допаѓа,мислам добро и евтини им се сите производи па и не можам да очекувам некој добар квалитет.Ми се допаѓа тоа што за разлика од некои други маркети имаат повеќе избор за козметички производи и не им се сите скапи и главно сите се убави.Мене ми се допаѓа и тоа што нема тестери,кога бев во Космото ем треба да видам што е тестер и не ми изгледа убаво дека поради тестерите пример од шминка ми изгледаше многу нечисто,празни пакувања на полиците од речиси потрошени тестери,едноставно тоа не ми изгледа средено и хигиенски.Барем можат да ги стават во некој друг дел само за тестери.
    Јас сум задоволна од ДМ :)