Браво за идејата! Јас сум една од оние обожувачи на вашите производи кои имаат потешкотија да ги најдат истите И да бидам искрена,повеќето ги порачувам од странство, отколку од Скопје Затоа еве еден отворен апел за вас, размислете за отворање на продавници и по другите градови, Прилеп на пример, сигурна сум дека ќе ја израдувате женската популација
Pozdrav imate odlucni ste a i proizvodite se prekrasni samo bi sakala i vo mojot grad da orvorite pridavnica
Сакам да ве замолам да отворите ваша продавница и во мојот роден град Куманово за да можам полесно да ги купувам вашите производи бидејќи навистина имам потреба од нив!И однапред ви изразувам огромна благодарност за изразеното разбирање!
Исто така и во Струмица нема да биде лошо ако отворите.Навистина имате многу убави производи кои ние струмичанките неможеме да ги купиме во било кое време
Како и повеќето феминки, и јас исто мислам дека треба да се отворат маркети и во други градови. Во ДМ маркет, навистина има преубави производи, и секогаш кога одам за Скопје купувам од по нешто.
Здраво ДМ! Многу ве сакам и затоа сакам да видам ваша продавница во Охрид. Неколку пати сум Ви пишувала на страната и знам дека барате простор... но, ајде побрзајте, ми недостигате!
дефинитивно Охрид треба да добие ваква продавница и поради големиот број странски туристи но и поради охриѓаните кои се нестрпливи и веќе подолго време бараат овој бренд да се најде и во Охрид
И јас еве апелирам да се отвори продавница во Прилеп.Многу се нервирам што немаме овде,а стварно имате преубави производи и секоја прилика кога сум во Скопје ја користам да ве посетам.А и блискиве кога одат во Скопје редовно ме прашуваат што ми треба од таму.
Апелирам во името на велешанки што е можно побрзо да отворите ваша продавница во градов добро ќе ни дојде
И нам Битолчанки би не радувала премногу една продавница, ве замолуваме да отвори и кај нас што побрзо!
Искрено се радуваме на вашите позитивни реакции и желби да отвориме dm продавници во вашите градови. Нашата експанзија надвор од Скопје започна со отворање на првата dm филијала во Тетово. Но тука не застануваме. Постојано сме во потрага по нови локации како во Скопје така и во останатите градови во Македонија. Ова се условите кои треба да ги исполнува една локација да постане нова dm продавница. http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/ Доколку имате информации за ваква локација потполнете го формуларот и помогнете ни да го донесеме dm што поблиску до вас
Не ми е јасно зошто никогаш Штип не го земате во предвид како град и центар на Источна Македонија. Истражете го овој дел од Македонија и воочете ги предностите што би ги имале ако отворите ваша продавница овде.
Да ви кажам искрено, некако не ми делувате дека толку многу сте заинтересирани за отварање на филијали низ другите градови во земјава. Премногу ноншалантни делувате, не може да очекувате дека некој ќе ви понуди вам објект со такви карактеристики како што барате, затоа што знаеме дека во помалите градови таквите објекти се ретки и сигурно некој нема да ве контактира вас и да чека на ваша одлука, кога истиот објект кој што е со атрактивни карактеристики може во секое време да го издаде на некоја друга исто така сериозна компанија, пример продавница за бела техника, спортска обложувалница и сл. Исто така морам да кажам дека членката @bim00 е во право. Како е можно да не го имате земено во предвид Штип, град кој во моментот е најголем студентски центар после Скопје? Дали сте свесни колкав пазар би пропуштиле? Се надевам дека грешам, и дека ќе ме демантирате со проширување на вашиот ланец маркети во блиска иднина, но некако не ми е верно сето тоа.
Имаш во Сити Мол, Гратски трговски, Веро Центар, Тафталиџе кај Верото, Градски ѕид кај книжарите, Бит пазар, мислам дека и во Капитол има ДМ
-25% попуст на козметиката Катриц. Е браво, мило ми е кога некоe мислење ( мое ) се зима во предвид на форумов.
Се сложувам со @sesilija дека интересот ви е насочен е само кон Скопје,ете го спомнувате и Тетово.А што е со Куманово?Кога сме кај Тетово мислам дека тука се некаде во оддалеченоста.Куманово неоправдано е запоставен баш поради близината со Скопје (no hard feelings) а сигурна сум дека би имале доволно промет. А што станува со на пример Кичево.Делчево,К.Паланка.Наместо во Скопје да трупате 10 маркети по еден во поголемите градови и подобро би функционирале ,барем така мислам.
@lunicka во право си до некаде, се сложувам и јас дека се се натрупува во Скопје но од друга страна и јас кога би имала свој бизнис со продажба на козметика би го отворила и би го ширела во Скопје или да речеме Тетово, Битола, Охрид друг град не би ми паднал на памет. Мислам градовиве во источна Македонија се мали пазари со ниска куповна моќ. Не се прави бизнис од ситници, Крива Паланка колку жители има, а колку би го чинело ДМ да отвори продавница, да плаќа кирии, да ја носи робата до таму еднаш неделно. Видовме и една моќна компанија како Тинекс дека ги затвори сите дрогерии настрана од Скопје. Велес, Струмица, Прилеп и незнам каде уште имаше... Куманово има едно Космо и доволно му е за тој пазар, треба да се мисли на економската исплатливост не само на желбите на купувачите. Искрено не верувам дека се исплати да се отвори дрогерија во другите помали градови.
еве јас да пишам што е со Велес, Кавадарци...централна македонија По мое мислам дека ДМ треба да има барем во секој регион по еден. Цените на нивните производи им се далеку поефтини од производите што ги има во Космо или пак во друга дрогерија. Па затоа мислам дека ќе им се исплати. пр. Еве конкретно за Кавадарци имам колешки од факултет ( моментално еден од подобро развиените помали градови во централна Македонија, скоро повеќето од граѓаните се вработени поради новите фабрики ) кои реално преку две недели доаѓаат во Скопје првично само за купување на козметика. Редовно ги известувам за попустите, а дополнително понекогаш им ги купувам производите што се на попуст ако неможат да дојдат баш таа недела. Или пак во Битола или Гевгелија каде што пак дополнително врие од Грци скоро секој викенд. Сигурна сум дека овде ќе имаат одлична заработувачка.