dm маркети во другите градови низ Македонија

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од kate21, 10 ноември 2014.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Браво за идејата! Јас сум една од оние обожувачи на вашите производи кои имаат потешкотија да ги најдат истите:lol: И да бидам искрена,повеќето ги порачувам од странство, отколку од Скопје:wasntme: Затоа еве еден отворен апел за вас, размислете за отворање на продавници и по другите градови, Прилеп на пример, сигурна сум дека ќе ја израдувате женската популација:wasntme::lol:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, bertold, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  2. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    167
    Pozdrav imate odlucni ste a i proizvodite se prekrasni samo bi sakala i vo mojot grad da orvorite pridavnica
     
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    843
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве замолам да отворите ваша продавница и во мојот роден град Куманово за да можам полесно да ги купувам вашите производи бидејќи навистина имам потреба од нив!:nod:И однапред ви изразувам огромна благодарност за изразеното разбирање!:hug::l:
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Derby

    Derby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Исто така и во Струмица нема да биде лошо ако отворите.Навистина имате многу убави производи кои ние струмичанките неможеме да ги купиме во било кое време ;)
     
    На Minnie15, Love86, Lora.rosse и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.561
    Пол:
    Женски
    Како и повеќето феминки, и јас исто мислам дека треба да се отворат маркети и во други градови. Во ДМ маркет, навистина има преубави производи, и секогаш кога одам за Скопје купувам од по нешто.
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.470
    Здраво ДМ! Многу ве сакам и затоа сакам да видам ваша продавница во Охрид. Неколку пати сум Ви пишувала на страната и знам дека барате простор... но, ајде побрзајте, ми недостигате! :)
     
    На Ivo Na, anakonda88, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BadBoysLover

    BadBoysLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    17
    дефинитивно Охрид треба да добие ваква продавница и поради големиот број странски туристи но и поради охриѓаните кои се нестрпливи и веќе подолго време бараат овој бренд да се најде и во Охрид
     
    На Ivo Na, anakonda88, GossupGirlxoxo и 3 други им се допаѓа ова.
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.179
    И јас еве апелирам да се отвори продавница во Прилеп.Многу се нервирам што немаме овде:),а стварно имате преубави производи и секоја прилика кога сум во Скопје ја користам да ве посетам.А и блискиве кога одат во Скопје редовно ме прашуваат што ми треба од таму.:$
     
    На Mimi123 и kate21 им се допаѓа ова.
  9. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    60
    Апелирам во името на велешанки што е можно побрзо да отворите ваша продавница во градов :) добро ќе ни дојде
     
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.508
    И нам Битолчанки би не радувала премногу една продавница, ве замолуваме да отвори и кај нас што побрзо! :inlove:
     
    На macence4, Adi888, softy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Искрено се радуваме на вашите позитивни реакции и желби да отвориме dm продавници во вашите градови.
    Нашата експанзија надвор од Скопје започна со отворање на првата dm филијала во Тетово. Но тука не застануваме. Постојано сме во потрага по нови локации како во Скопје така и во останатите градови во Македонија.
    Ова се условите кои треба да ги исполнува една локација да постане нова dm продавница.
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
    Доколку имате информации за ваква локација потполнете го формуларот и помогнете ни да го донесеме dm што поблиску до вас
     
    На Forgotten, atala, Cat.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Не ми е јасно зошто никогаш Штип не го земате во предвид како град и центар на Источна Македонија. Истражете го овој дел од Македонија и воочете ги предностите што би ги имале ако отворите ваша продавница овде.
     
    На joana18, kolovoz и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.237
    Да ви кажам искрено, некако не ми делувате дека толку многу сте заинтересирани за отварање на филијали низ другите градови во земјава.
    Премногу ноншалантни делувате, не може да очекувате дека некој ќе ви понуди вам објект со такви карактеристики како што барате, затоа што знаеме дека во помалите градови таквите објекти се ретки и сигурно некој нема да ве контактира вас и да чека на ваша одлука, кога истиот објект кој што е со атрактивни карактеристики може во секое време да го издаде на некоја друга исто така сериозна компанија, пример продавница за бела техника, спортска обложувалница и сл.

    Исто така морам да кажам дека членката @bim00 е во право.
    Како е можно да не го имате земено во предвид Штип, град кој во моментот е најголем студентски центар после Скопје?
    Дали сте свесни колкав пазар би пропуштиле?

    Се надевам дека грешам, и дека ќе ме демантирате со проширување на вашиот ланец маркети во блиска иднина, но некако не ми е верно сето тоа.
     
    На crazylady, kate21, kolovoz и 4 други им се допаѓа ова.
  14. softy1

    softy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    :hai: Сакаме и во Битолаааа :makeup: Поскоро! :^)
     
    На Cat.G му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    7.015
    Пол:
    Женски
    Во Скопје,кај се наоѓа дм маркет?
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.000
    Имаш во Сити Мол, Гратски трговски, Веро Центар, Тафталиџе кај Верото, Градски ѕид кај книжарите, Бит пазар, мислам дека и во Капитол има ДМ
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.331
    Допаѓања:
    74.065
    Пол:
    Женски
    -25% попуст на козметиката Катриц. Е браво, мило ми е кога некоe мислење ( мое ) се зима во предвид на форумов.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    64.492
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со @sesilija дека интересот ви е насочен е само кон Скопје,ете го спомнувате и Тетово.А што е со Куманово?Кога сме кај Тетово мислам дека тука се некаде во оддалеченоста.Куманово неоправдано е запоставен баш поради близината со Скопје (no hard feelings) а сигурна сум дека би имале доволно промет.
    А што станува со на пример Кичево.Делчево,К.Паланка.Наместо во Скопје да трупате 10 маркети по еден во поголемите градови и подобро би функционирале ,барем така мислам.
     
    На Lella, kate21, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.000
    @lunicka во право си до некаде, се сложувам и јас дека се се натрупува во Скопје но од друга страна и јас кога би имала свој бизнис со продажба на козметика би го отворила и би го ширела во Скопје или да речеме Тетово, Битола, Охрид друг град не би ми паднал на памет.
    Мислам градовиве во источна Македонија се мали пазари со ниска куповна моќ. Не се прави бизнис од ситници, Крива Паланка колку жители има, а колку би го чинело ДМ да отвори продавница, да плаќа кирии, да ја носи робата до таму еднаш неделно. Видовме и една моќна компанија како Тинекс дека ги затвори сите дрогерии настрана од Скопје. Велес, Струмица, Прилеп и незнам каде уште имаше...
    Куманово има едно Космо и доволно му е за тој пазар, треба да се мисли на економската исплатливост не само на желбите на купувачите. Искрено не верувам дека се исплати да се отвори дрогерија во другите помали градови.
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.818
    еве јас да пишам што е со Велес, Кавадарци...централна македонија
    По мое мислам дека ДМ треба да има барем во секој регион по еден. Цените на нивните производи им се далеку поефтини од производите што ги има во Космо или пак во друга дрогерија. Па затоа мислам дека ќе им се исплати.
    пр. Еве конкретно за Кавадарци имам колешки од факултет ( моментално еден од подобро развиените помали градови во централна Македонија, скоро повеќето од граѓаните се вработени поради новите фабрики ) кои реално преку две недели доаѓаат во Скопје првично само за купување на козметика. Редовно ги известувам за попустите, а дополнително понекогаш им ги купувам производите што се на попуст ако неможат да дојдат баш таа недела.
    Или пак во Битола или Гевгелија каде што пак дополнително врие од Грци скоро секој викенд. Сигурна сум дека овде ќе имаат одлична заработувачка.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Mrs.Bass, Ivy89 и 3 други им се допаѓа ова.